24.07.2017 (Анкета)
ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СООДВЕТНО ПРИСПОСОБУВАЊЕ ЗА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП

26.07.2017 (Бизнис средби)
Билатерални деловни средби меѓу македонски и турски компании - 26.07.2017 Скопје

26.08.2017 (Форум)
12. AGRI-TRADE“ ФОРУМ меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина -26.08.2017, Горња Радгона,Р.Словенија

06.09.2017 (Семинар)
ПРЕСМЕТКА И ОДАНОЧУВАЊЕ НА НАДОМЕСТОЦИ - ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА СОГЛАСНО ЗАКОНСКАТА РЕГУЛАТИВА

18.09.2017 (Тренинг обука)
Дводневен тренинг: РАЗВОЈ НА ЛИДЕРСТВО

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

20.09.2017 (Семинар)
Советување на тема:ПРАВНИ НОРМИ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ЗА КОИ НАЈЧЕСТО СЕ УТВРДЕНИ НЕПРАВИЛНОСТИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

17.07.2017


Актуелно  

ПРЕД БИЗНИС ЗАЕДНИЦАТА ПРОМОВИРАН ТРЕТИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВО МАКЕДОНСКИ КОМПАНИИ


Проектот за ангажирање странски експерти во домашните компании е проект кој е несомнено во интерес на деловните субјекти во земјава кои имаат потреба за унапредување на деловните процеси, за воведување и користење на напредната технологија, зголемување на ефикасноста во работењето, унапредување на маркетингот и продажбата на производите и услугите, што во крајна линија би требало да резултира со унапредување на извозните активности на компаниите како основа за долгорочен раст и развој.

Од досегашните два огласа, како што информира заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, проф. д-р Кочо Анѓушев, услугата досега ја искористиле 96 компании, а анкетите покажуваат дека 78 отсто од нив се задоволни од странските експерти, а дури 90 отсто повторно би учествувале во проектот. - Владата ќе работи кон тоа македонските компании да се изедначат со странските во делот на субвенционирање и ќе се продолжат сите проекти што придонесуваат за зголемување на конкурентноста на македонските компании, - подвлече д-р Анѓушев.

Тој апелираше компаниите да ја искористат можноста што им се нуди за да се стекнат со драгоцени искуства на експерти од странство за подобрување на нивниот технолошки процес, организацијата на работа.

На промоцијата на третиот јавен повик, во Владата на РМ, учествуваа и министрите без ресори Зоран Шапуриќ, Зорица Апостолска, Рамиз Мерко, Аднан Ќахил, амбасадорката на Швајцарија во Македонија, претставници од стопанските комори и домашни компании корисници на странска експертска помош, како и потенцијални корисници на ваков тип поддршка.

Со објавувањето на првиот повик во 2013 година и можноста да се аплицира за користење стручна помош од странски експерти, бизнис заедницата даде поддршка на овој проект и Стопанската комора на Македонија беше активно вклучена во анимирањето на домашните компании за искористување на оваа можност. Добро е што уште при првиот повик немаше ограничување за областите за кои бизнисмените може да побараат ангажирање странски експерт, односно се излагаше во пресрет на сите што ги задоволуваат условите од огласот. Во најголем дел, странските експерти беа ангажирани во компании кои се од областа на производството на производи за широка потрошувачка, партиципираа во компании од услужната дејност и во компании од областа на технологијата, истакна Билјана Пеева-Ѓуриќ, директор во Стопанската комора на Македонија.

-Согласно сознанијата кои ние досега ги имаме, ефектите од овој проект се повеќе од позитивни, компаниите истакнуваа дека  странските експерти им помогнале во подобрување на производствениот или услужниот процес на претпријатието, дека имале придобивки во делот на маркетингот, како и во делот на процесите на анализа, планирање на дејноста, воведување на нови производи во нивните портфолија и активно работат на поголема промоција и соодветно позиционирање на производите пред се` на странските пазари, -посочи Пеева-Ѓуриќ.

Според укажувањата од компаниите - корисници на овој проект, постои дополнителен простор да се зголемат ефектите, прво околу временскиот период на ангажираност на експертите и во делот на соодветен избор на експерти согласно потребите на компаниите.

-Компаниите кои имаат предлози за унапредување на овој проект, можат истите да ги достават до стопанските комори кои навремено ќе ги проследат во Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, заклучи д-р Анѓушев.

Искуството од двата циклуса говорат дека голем ќе биде бројот на домашните компании кои ќе се јават и на новиот отворен повик, односно ќе бидат дел од третиот циклус за ангажирање на странски експерти со цел да ја искористат нивната позитивна практика и искуства, а рокот за пријавување е до 29 јули 2017 година.

Повеќе информации и пристап до апликацијата, компаниите можат да добијат од следниот линк: http://stranskieksperti.gov.mk/aplikacija

Билјана Пеева-Ѓуриќ











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права