27.03.2017 (Форум)
Бизнис-форум на тема: „Македонија – Мексико – Бизнис-можности и зајакнување на билатералната соработка“-27.03.2017, Стопанска комора на Македонија

28.03.2017 (Презентација)
Инфо сесија на Фондот за иновации и технолошки развој и Македонска банка за поддршка на развојот

28.03.2017 (Семинар)
ДОГОВОРИ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВНА ПРИРОДА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКИТЕ ПОСТАПКИ И ВИДОВИТЕ ДОКАЗИ

29.03.2017 (Семинар)
Бесплатни обуки во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси

29.03.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА И ЦАРИНСКА ПОЛИТИКА

30.03.2017 (Семинар)
Дводневен семинар на тема:РИЗИЦИ ВО ИТ-РАБОТЕЊЕТО

31.03.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ „READY2GO" ВО САД, КАНАДА, ЧИЛЕ, КАМЕРУН И ИНДИЈА

02.04.2017 (Конференција)
"ГОДИШЕН ИНВЕСТИЦИСКИ СОБИР"- Тема: Меѓународните инвестиции и конкуренцијата,2-4.4.2017- ДУБАИ, УАЕ

05.04.2017 (Настан)
ИНФО-СЕСИЈА НА ТЕМА: ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

06.04.2017 (Бизнис средби)
Бизнис-средби „INDUSTRYMATCHMAKING – IMM 2017“ 6 април 2017 година, Софија, Република Бугарија

06.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар:ДИГИТАЛНА ТРАНФОРМАЦИЈА - СЕГАШНОСТ И ИДНИНА

10.04.2017 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема: УПРАВУВАЊЕ СО МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

11.04.2017 (Форум)
ФОРУМ СО РАБОТОДАВАЧИ и АВРМ - Битола

11.04.2017 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

12.04.2017 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Building Europe 2017“ - (градежен и енергетски сектор)

20.04.2017 (Саем)
22. Саем за екологија и 43. Саем за прехрана- 20 – 23 април 2017 Будва, Р. Црна Гора

20.04.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

24.04.2017 (Бизнис средби)
„Global Business & Markets“ 24-28 април 2017 година во Хановер, Германија

28.04.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

28.04.2017 - 28.04.2017


Семинар  Македонија

Еднодневен семинар: ИТ-РЕВИЗИЈА


Еднодневен семинар на тема:
ИТ-РЕВИЗИЈА

28.4.2017 година (петок)
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Во денешно време тешко е да се замисли некој процес да се одвива без присуство на компјутер. Речиси сите податоци со компанијата се чуваат, обработуваат и користат преку информациониот систем. Многу компании денес ги продаваат своите производи исклучиво благодарение на ИТ-технологиите - интернет, мобилни уреди, компјутери и друго. Затоа, многу е важно соодветно да се управуваат информационите ресурси, да се воспостави соодветна ИТ-контрола и редовно да се врши ревизија на ИТ-системот. Безбедноста на информациите и воспоставување контрола е многу важно, но кога безбедноста на информациите не е загрозена може да се случи да се загрози интегритетот на податоците, односно информациониот систем да биде недостапен или несигурен. Како и во ИТ-безбедноста, пропустот може да не се забележи веднаш кога е направена штетата.
Дефинирање на ИТ-контролата, нејзината примена и соодветен третман на ИТ-ризиците можат да бидат добра основа за безбедно користење на напредните технологии, во насока на остварување на целите на компанијата. Редовна контрола на ИТ-системите и континуирано унапредување може да резултира со бенефиции од истите, што ќе се рефлектира со постигнување на посакуваните резултати преку ефикасен и ефективен начин. Од друга страна, правилното управување за безбедност, достапност и интегритет на ИТ-системите ќе го определи времето за постигнување на целта, низ навремено препознавање на информацискиот ризик и соодветна заштита.
Семинарот е наменет за: раководители и вработени во служби за внатрешна ревизија, лица одговорни за заштита на бизнис информации, внатрешни и надворешни ревизори на бизнис и ИТ-процеси, за лица одговорни за управување и развој на ИТ-системи, како и за сите оние кои имаат потребата за ИТ-контрола, нивна проверка, управување со безбедност на информации, регулаторни барања и ИТ-ризици во нивното секојдневно работење.

ПРОГРАМА:

-Контролна и косултациска улога на ИТ-ревизија;
-Дефининирање и управување со информациони ризици;
-Методологија за ИТ-ревизија;
-ИТ-контрола и управувањето со ИТ (IT Governance);
-Меѓународна рамка, стандарди за контрола и управување на информатичката технологија;
-Планирање на ИТ-ревизија;
-Фази на ИТ-ревизија;
-Ревизијата на информациски системи, ИТ-проекти и вонредна ревизија;
-ИТ-ревизија на деловни апликации - развој, барања, инциденти;
-Примери на добра и лоша имплементација на ИТ-контрола;
-Следење и проверка на спроведувањето на препораките - Follow up.

Предавач:
- Лука Милинковиќ
, ИТ-ревизор во Комерцијална банка АД – Србија, каде имплементира безбедносна контрола и процени на ризик на ИТ-системите на банките. Со информациона безбедност и едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, каде моментално е на докторски студии. Има работено на развој и имплементирање на безбедносни методи, мрежни технологии и алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и меѓународни научни конференции, а  член е на ИТ-списанието „PC Press“. Тој исто така е сертифициран внатрешен ревизор за ISO/IEC 27001 и ISО 31000 управување со ризик.
 
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-работен материјал;
-ручeк и освежување;
-сертификат за присуство на семинарот.

Работен јазик на обуката: српски.

Рок за пријавување: 21.4.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ивона Каранфиловска
Тел: ++ 389 2 3244084
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права