Call-центарот (02) 15015 претставува сервис на Стопанската комора на Македонија кој Ви овозможува лесен пристап до сите сакани информации и прашања кои ги имате во врска со работата на Стопанската комора, како и за начинот како да добиете многу повеќе податоци за се она што Ве интересира од областа на стопанството.
Создавањето на овој комуникациски центар овозможува навремено, точно и прецизно информирање на членките на Комората, а со тоа и поуспешно деловно функционирање на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија.