28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.07.2018


Актуелно  

АЗЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ЕДНА ОД НАЈУСПЕШНИТЕ КОМПАНИИ ВО ГРАФИЧКАТА ИНДУСТРИЈА „КИРО ДАНДАРО“ - БИТОЛА


Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, реализираше работна посета на печатницата „Киро Дандаро“ од Битола, која од мала печатница основана во 1945 година, прерасна во еден од лидерите во графичката индустрија во земјата и во регионот, а воедно, истата е дел од историјата на Битола, како бренд кој постои повеќе од 70 години.

Компанијата од 1994 година има инвестирано во машини за печат на флексибилна амбалажа, кога е увезена и првата флексо машина во Македонија. Во 1997 година набавена е и машина за длабок печат, а потоа во текот на работењето се набавени и други машини за ламинирање, за сечење. Моментално печатницата има на располагање 8 флексо машини, две машини за лепење материјали, односно за каширање, пет ножеви за обрежување и две машини за длабок печат.

Печатницата „Киро Дандаро“ од Битола не е само успешна компанија во Македонија, туку и компанија која еднакво се носи и на европскиот пазар - вкупниот годишен обрт на компанијата, во која моментално се вработени околу 170 лица, за минатата година е 13 милиони евра. При тоа, 54% од вкупниот обрт отпаѓа на извозот, при што од компанијата се надеваат дека учеството на странските пазари ќе продолжи да расте, како резултат на направените инвестиции за набавка на нова опрема во изминатиот период.

- Европскиот пазар бара и препознава квалитет, па токму затоа изминатите години инвестиравме во машини со најнова технологија. Во јануари 2018 година во функција беше ставена нова опрема вредна 2,5 милиони евра, со која значително го зголемивме капацитетот на услугите за печатење, со што директно се зголемува и извозот на нашите производи во странство. Со инвестирањето во оваа нова машина имаме зголемување на капацитетот за околу 30% и зголемување на брзината на печат, од моменталните 250 метри во минута, на 500 метри во минута, при што и подготовката за самиот печат е многу побрза – од претходните три часа во просек, сега времето за подготовка за еден производ е намалено на приближно 30 минути, - истакна Драги Милошевски, генерален директор  на печатницата „Киро Дандаро“. 

Најголем дел од извозот на компанијата, или околу 60%, е насочен за Србија, а останатиот дел во Косово, Албанија, Босна и Херецеговина, Хрватска, како и во земјите од ЕУ: Белгија, Холандија, Франција, Кипар и Молдавија.

Дополнително, минатата година печатницата „Киро Дандаро“ има инвестирано и во подготовка, во препрес и дизајн студио, со што таа беше  сертифицирана од „ЕСКО“, американска компанија за производство на фотополимерни плочи. За таа цел, набавена е опрема од Соединетите Американски Држави во вредност од 350.000 евра за дизајн студио и подготовка на машина.

Печатницата „Киро Дандаро“ соработува речиси со сите водечки компании од Македонија, а истовремено е долгогодишен партнер и на водечките компании од регионот.
 
Сашо Деспотоски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права