11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

11.12.2018 (Форум)
ФОРУМ НА ТЕМА:СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА, СКОПЈЕ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

13.12.2018 (Семинар)
Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам

13.12.2018 (Трибина)
Покана за трибина на тема: „Предизвиците на регионалната економска соработка“ со Александар Влаховиќ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

17.12.2018 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА (EQ)

20.12.2018 (Семинар)
МОДЕРНИ АНАЛИТИЧКИ ТЕХНИКИ ЗА БИЗНИС АНАЛИЗА

21.12.2018 (Семинар)
КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?

24.12.2018 (Семинар)
Еднодневна работилница на тема:ИСПОЛНУВАЊЕ НА ПАРИЧНИТЕ ОБВРСКИ ПОМЕЃУ ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ И НАЧИНИ ЗА НАПЛАТА НА ПОБАРУВАЊЕ

Бизнис-настани

12.12.2018 - 12.12.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК


Еднодневен  тренинг на тема:

УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

12.12.2018 година (среда)
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


 
          Неминовно стресот е дел од нашето секојдневие и во зависност од начинот на којшто се справуваме, влијае позитивно или негативно врз нашето здравје, продуктивноста, концентрацијата, учењето, работата и односот со другите луѓе. Стресните ситуации креираат оддек врз нашата кариера, животен баланс и иднина на подолг рок, поради што потребно е навреме да се реагира доколку започнат негативни последици. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 12 декември 2018 година организира семинар на тема: „УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК“.

За кого е наменет тренингот?
          Тренингот е приспособен за претставници на бизнис заедницата од линиски, среден и врвен менаџмент кои сакаат да развијат вештини и техники применливи во секојдневниот живот со цел превенција на негативните ефекти од стресот. Тренингот се базира на употреба на научно базирани стрес менаџмент стратегии кои на учесниците ќе им овозможат да ги применуваат техниките на работното место и во секојдневието, да го идентификуваат оптималното ниво на стрес, додека моделите ќе им овозможат полесно самопознавање и справување со стресните ситуации.

Што ќе научите на овој тренинг?
- Што е стрес и стресор? Како да ги препознаете и да се справите со стресовите?
- Практични техники и методи за тоа како да се справите со стресните ситуации на работа и во приватниот живот.
- Како стресот да биде ваш најдобар пријател кој ќе ве води кон успеси?
- Како да се справите со или спречите „burnout“ синдром или емоционална исцрпеност, деперсонализација и личен неуспех?
- Методи и програми за управување со стресот кои ќе можете да ги применувате лично за себе, а дел за Вашиот цел тим.
- Препознавање на позитивен и негативен стрес.

ПРОГРАМА


I Модул
- Извори на стрес и стресори;
- Индикатори и последици од стресот.

II Модул
- Синдром на согорување  “burnout” на работа;
- Техники за ослободување од симптомите на стрес. 

III Модул
- Стресот и продуктивноста;
- Позитивен и негативен стрес.

IV Модул 
- Стратеги и програми за управување со стрес.
- Креирање личен план.
  


Предавач:
- Сања Стојчева
, обучувач, кариерен советник, ментор и менаџер за човечки ресурси. Нејзиното долгогодишно професионално искуство се темели на менаџирање со човечки ресурси, водење комплексни тимови и меѓународни проекти, едукација за личен и професионален развој, како до поефективна работа и воспоставување баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Како основач на Центарот за едукација и кариера „Отворен свет“ – Скопје, ја креира и ја води програмата за личен и професионален развој која вклучува обуки за управување со стрес, комуникациски вештини, презентациски вештини, тимска работа и лидерство, управување со време, подготовка на предлог проекти, мотивација за себе и за тимот.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 10.12.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права