23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

01.11.2017 - 01.11.2018


Бизнис средби САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија,  Соединети Американски Држави

Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија


Enterprise Europe Network, Здружението на трговијата и Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да дојдете до контакти со  деловни партнери надвор од Европа

Бизнис средби  Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Почитувани членки, искористете ја единствената можност!

Европската комисија (ЕК) и Европската агенција за мали и средни претпријатија (EASME) започнаа пилот-проект „Ready2GO" со цел да ги поддржат европските мали и средни претпријатија да се интернационализираат и да станат активни во пет целни пазари на трети земји.


Проектот на Европската комисија е развиен од страна на меѓународен конзорциум предводен од „Promos“ од Милано, Италија, во соработка со
EEN Европската мрежа на претпријатија. „Ready2Go“ е иновативна, нова програма во која избраните мали и средни претпријатија ќе бидат обезбедени со потребните алатки кои ќе гарантираат успех во странство.


Во денешниот свет, меѓународниот пазар веќе не е резервиран за големите корпорации и се` повеќе помали компании почнуваат да го прошируваат бизнисот во странство. Меѓутоа, воспоставувањето бизнис во странство во никој случај не е лесен процес, поради што „Ready2Go“ се обидува да им помогне на малите и средни европски бизниси успешно да се претстават на глобално ниво. 

Програмата е наменета за мали и средни претпријатија со седиште во земјите-членки на ЕУ или COSME-земјите (Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Македонија, Исланд, Молдавија, Црна Гора, Србија и Турција).
Целни сектори се:
• агро-храна;
• биотехнологии;
• хемикалии;
• занаети (керамика, накит, украси, врвни кројачи, керамика, итн.);
• креативни индустрии (на пример, филм, радио, телевизија, издаваштво, дигитални медиуми, музика, изведувачки уметности, уметност, рекламирање, фотографија, дизајн, игри, дигитална анимација);
• животна средина;
• здравство и фармација;
• ИКТ;
• интелигентна енергија (обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, итн.);
• клучни технологии (на пример, нанотехнологија, микро и наноелектроника, напредни материјали, индустриска биотехнологија, напредни системи за производство и фотоника);
• материјали (т.е. композити, керамика, лакови, метали, пластика, полимери, био-базирани материјали);
• нано и микро-технологии;
• трговија на мало и услуги;
• одржлива изградба;
• текстил и мода;
• дрво и мебел.

Во фокусот се 5 различни земји, како целни пазари: САД, Канада, Камерун, Чиле и Индија. Учесниците не само што ќе се здобијат со новини во нивните начини на работа,  исто така ќе можат да ги преземат и првите чекори за воспоставување партнерства во овие земји.

Пријавување на официјалната страна: https://www.b2match.eu/ready2go


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Лазе Ангелевски
Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права