23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

15.12.2017


Актуелно  

КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности, одржано предавање на тема: „ОРГАНИЗАЦИСКА ЕФИКАСНОСТ ПРЕКУ ИНТЕГРИРАНИ СОФТВЕРСКИ РЕШЕНИЈА“


          Со денешниот настан во Клубот на менаџери-претприемачи ја заокруживме Агендата за 2017 година која опфати 23 едукативни настани и  2 тим билдинг настана. Денешното едукативно предавање е реализирано со Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“ од Скопје, на тема: „Организациска ефикасност преку интегрирани софтверски решенија“, тема која во денешното современо деловно работење  и потребата од редефинирање на улогата на функцијата човечки ресурси е од особено значење и станува сериозен предизвик на професионалците во областа.

          Многу често во практиката, одделенијата за селекција и регрутација, учење и развој и мерење на резултати и квалитет во работењето, имаат свои агенди и цели кои не се секогаш меѓусебно координирани. Ваквата поставеност не оди во прилог на функцијата човечки ресурси, којашто има потреба од детален преглед на работната сила, дури и на индивидуалниот преглед на вработени кој ќе биде искористен како основа за носење одлуки и активности на функцијата.
За да може да се развие таков детален преглед, потребно е да се интегрираат софтверските решенија кои се користат за секоја од овие дисциплини на човечките ресурси во еден систем кој ќе ги обедини сите информации од различните процеси на човечки ресурси на едно место. Она што практиката денес го покажува е дека човечките ресурси обично користат софтверски решенија како би ги оптимизирале своите процеси и би ја подобриле веродостојноста на податоците, како и дека често користат различни софтверски решенија, за различни процеси на функцијата.
Доколку сите овие софтверски решенија не се интегрираат во едно, за човечките ресурси ќе биде скоро невозможно да се добие тој детален преглед на работната сила, а со тоа се се` подалеку од решенијата на предизвиците пред кои се поставени како функција.

          Идејата која стои зад интегрираните платформи е да се соберат и да се поврзат податоци за целиот работен циклус на еден вработен, од моментот кога вработениот е само кандидат за вработување, потоа селекција, воведување, развој, евалуација и промоција. Интегрираната технологија ги поврзува сите овие делови за да може како краен резултат, професионалците од областа на човечките ресурси, да можат да утврдат како се поврзани овие фактори и какво влијание имаат еден на друг.

Придобивки од интегрирано софтверско решение
Употребата на интегрирано софтверско решение дава голем број придобивки како за функцијата човечки ресурси, така и за организацијата. Некои од придобивките се:
• професионалците од областа на човечки ресурси ќе можат да направат проценка на квалитетот на одреден начин или канал  на регрутација, да направат евалуација на квалитетот на  вработените кои што биле регрутирани на одреден начин или канал, како и  процент на заминување на овие вработени;
• информации од активностите поврзани со воведување на нововработените, во комбинација со информации од другите процеси на човечките ресурси, може да се дефинираат видови на обуки за нововработените, следење на прогресот на обуките и да се помогне за да можат новите вработени што побрзо да влезат во процесот на работа;
• организациите можат да ги усогласат индивидуалните цели  на вработените со целите на организацијата и да добијат јасна слика за тоа како секој вработен придонесува за успехот на организацијата;
• на организациите им се дава можност за индивидуален пристап кон вработениот преку персонализирани програми за обука и развој, согласно индивидуалните резултати и квалитетот во работењето, наградување согласно индивидуалниот придонес;
• им помага на вработените да постигнат  успех во работењето со тоа што на  вработените им дава увид во критериумите врз основа на кои биле регрутирани, како и критериумите врз кои ќе бидат евалуирани.
Најважно е дека интегрираниот пристап им овозможува на професионалците од областа на човечките ресурси навистина да ја разберат работната сила, вештините, способностите и однесувањата на вработените, како и оние потреби на организациите за да ги постигнат стратешките цели.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права