21.11.2017 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

21.11.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА ЗА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ-ШТИП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

17.11.2017 - 17.11.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат ,  Македонија

Oдговорност на управители за надомест на штета, одговорност на работодавец за надомест на штета од повреда при работа на вработен и спрема трети лица


 

Еднодневен семинар на тема:

Oдговорност на управители за надомест на штета, одговорност на работодавец за надомест на штета од повреда при работа на вработен и спрема трети лица

17.11 2017 година (петок)
9:30-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


Стопанската комора на Македонија, на 17.11.2017 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за трговски друштва и Законот за облигациони односи кои предвидуваат одговорност на управителите за надомест на штета. Исто така, ќе бидат опфатени и законските одредби кои предвидуваат одговорност на работодавецот за надомест на штета од повреда при работа на вработен и спрема трети лица со посебен осврт на надомест на штета од лекарска грешка.
На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки. Ова e особено поради се` поголемата зачестеност на тужби во последните години према управителите на правните лица, како и се` почестите тужби за надомест на штета поради лекарска грешка.
На семинарот ќе биде опфатена и анализа на  законските прописи кои се однесуваат на мерките за заштита кои треба да бидат преземени од страна на работодавците со цел да се превенира и да се спречи настанување на штета од повреда при работа во извршување на работните задачи на вработените, како и спрема трети лица особено во однос на одговорноста за надомест на штета од лекарска грешка. 
 
  Програма

- Општо за одговорноста на управителите согласно ЗТД и ЗОО;
- Дилеми и спорни правни прашања кои се јавуваат во судската практика во 
  однос на одговорноста на управителите;
- Одговорност на работодавец за надомест на штета од повреда при работа;
- Мерките за заштита кои треба да бидат преземени од страна на работодавците 
   во одвивање на процесот на работа;
- Одговорност на работодавец за надомест на штета сторена од вработен  према 
  трети лица;
- Одговорност за надомест на штета од лекарска грешка;
- Примери од судската практика.


Овој семинар е наменет за вработените во правните служби, адвокатите и за законските застапници.

   Предавачи:

 - Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје и
 - Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 14.11.2017 година.

Во прилог: Пријавен лист и Агенда.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права