23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

02.11.2017


Актуелно  

ДЕЛЕГАЦИЈА НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА УЧЕСТВУВА НА КОНФЕРЕНЦИЈАTA: „ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ПАТОТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА“, во Будва, Црна Гора, од 2 – 3 ноември 2017 година


Стопанската комора на Црна Гора во соработка со Министерството за наука на Црна Гора, ја организира Конференцијата: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“, што се одржува по шести пат во Будва, на 2-3 ноември 2017 година. Конференцијата е еден од најважните регионални економски настани, на којшто присуствуваат високи државни претставници од земјите од регионот, како и врвни експерти од областа на економијата, политиката, образованието и  науката, кои со свои излагања се обратија пред присутните. Учеството на околу 500 учесници - претставници на владите, бизнис-заедницата и експерти од Балканот зборува за големината и важноста на оваа конференција.

На Конференцијата учествува и бизнис делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, а во состав: Минчо Јорданов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД - Скопје, Светозар Јаневски, генерален менаџер на „М6 инвестиции“, Доне Таневски, претседател на  Бордот на директори на „Македонијатурист“ АД - Скопје, Страшо Милковски, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и  претседател на Управниот одбор на АД „Гранит“  - Скопје, м-р Живко Мукаетов, потпретседател на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД - Скопје и Никола Битрак, генерален менаџер на „АФ Консулт“ - Скопје, и бројни други стопанственици - претставници од компании-членки на Стопанската комора на Македонија.

На маргините на Конференцијата, членовите на бизнис делегацијата реализираа значајни средби со видни стопанственици - учесници на Конференцијата, со цел воспоставување нови деловни контакти и продлабочување на веќе воспоставената соработка.

Конференцијата ја отвори Велимир Мијушковиќ, претседател на Стопанската комора на Црна Гора, а притоа се обрати и Душко Марковиќ, претседател на Владата на Црна Гора.

На првиот планел: Регионот по четири години од Берлинскиот процес, се обратија: Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија;  Дениз Звиздиќ, претседавач на Советот на министри на Република Босна и Херцеговина; Душко Марковиќ, претседател на Владата на Црна Гора; Расим Љајиќ, потпретседател на Владата на Република Србија, а гостин беше господинот Пјер Хеилброн, потпретседател на ЕБРД. 

Во своето обраќање, премиерот Заев истакна дека целиот регион мора да оди напред преку унапредување на соработката, и дека бизнис-заедницата  треба да го искористи моментот, и на тој начин да придонесе за постигнување на поголема интеграција на регионот – посочи дека успехот на бизнисмените ќе значи и поголема благосостојба на граѓаните. Истакна дека Владите мора да бидат јавен сервис на граѓаните и на бизнис заедницата, и дека мора да се смени деловниот менталитет. Премиерот Заев посочи и дека мора повеќе да се работи на дигитализација на економијата, тоа е иднината и пораката од Европската унија. Во своето обраќање се осврна и на проблемот со обезбедување на квалификувана работна сила, и се осврна на моделот на дуалното образование, кое се воведува и во Република Македонија, по примерот на германскиот модел.

Претседателот на Владата на Црна Гора, господинот Душко Марковиќ, во своето обраќање посочи дека рамката спомената од Европската Унија е 2025 година, но дека Црна Гора се надева дека многу побрзо ќе го заврши процесот на пристапување кон Европската Унија, со оглед дека веќе се затворени 28 поглавја, и се очекува останатите поглавја од предпристапните преговори да бидат затворени за време на претседавањето на Република Бугарија со Унијата. Посочи и дека членството во НАТО, за Црна Гора предизвикало ефекти на зголемување на обемот на странски инвестиции во земјата.

Господинот Пјер Хеилброн, потпретседател на Европската банка за обнова и развој пред присутните истакна дека Европската банка за обнова и развој има инвестирано над 10 милијарди евра во проекти, но најмал дел од тој износ е инвестиран во Западниот Балкан, при што посочи дека 80% е вложено за поддршка на мали и средни претпријатија, како и дека ЕБРД презема значителни активности за на полето на борба против корупцијата.

На панелот посветен на прашањата за науката како двигател на економскиот развој, меѓу другите, се обрати и проф. д-р Рената Тренеска Дескоска, министер за образование и наука во Владата на Република  Македонија; како и министрите од Албанија, Косово, Црна Гора и Р. Србија.

Во делегацијата што ја предводи премиерот Заев се и вицепремиерот за економски прашања проф. д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија м-р Крешник Бектеши, со соработниците.

Станка Дамјановска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права