БАЛКАНСКАТА КОМОРСКА МРЕЖА ВО ЛОВ НА ИНВЕСТИЦИИ - Промовиран проектот Партнери 2 кој оваа и идната година ќе се реализира во соработка со Eurochambres
Во Стопанската комора на Црна Гора на 10 јуни 2008 година се одржа првиот состанок на националните координатори по повод промоцијата на Проектот за промовирање на инвестициите во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Црна Гора "Партнери 2". Проектот е инициран и изработен од Eurochambres, а финансиран во рамките на Регионалната КАРДС-програма за 2005 година. Со овој состанок, всушност, отпочна реализација на Проектот, со траење од 18 месеци и вредност од 1.180.000 евра. (повеќе)
ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН КАКО ИНВЕСТИЦИОНА ДЕСТИНАЦИЈА - Стопанската комора на Македонија носител на Регионалниот проект за привлекување странски инвестиции со поддршка на Eurochambres
Стопанската комора на Македонија, Унијата на албанските комори и Трговско-индустриската комора на Трст, со поддршка на општината Ресен, ги утврдија компонентите на Проектот "Преспанскиот регион како инвестициона дестинација" (24.11.2008 година). Компонентите на овој проект се: креирање на Преспа како регионален бренд, прекуграничен кластер за јаболко и категоризација на приватното сместување на албанската страна на езерото. Проектот ќе биде поддржан и од агенциите за промоција на странските иннвестиции во Македонија и во Албанија, како и од Унијата на грчките комори. (повеќе)
ПОДРШКА И ПРИВЛЕКУВАЊЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО РЕГИОНОТ - Промовирани 8-те партнерства помеѓу членките на Eurochambres - коморите од Западен Балкан и земјите од ЕУ
Во Белград на 4 и 5 декември 2008 година, коморите од Западен Балкан ги презентираа Партнерски проекти за привлекување на странските инвестиции, кои, со коморите партнери од земјите членки на ЕУ, во следните 18 месеци ќе ги реализираат. Проектот Партнери II, во рамките на Eurochambres, финансиран од ЕУ, ќе ги подржи бизнис заедниците во Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Србија да влијаат на унапредување на привлекувањето на странски инвестиции. (повеќе)
Реализирана студиска посета на Трст, Италија како дел од фаза 3 на PARTNERS проектот
Од 13 до 17 јули 2009 година беше направена студиска посета на Италија, односно регионот Фриули Венециа Џулиа како дел од третата фаза на овој проект. Неговата цел е развивање на поволна клима за привлекување на странски инвестиции во Преспанскиот регион како целна група во оваа фаза на проектот. Освен претставници од Стопанската комора на Македонија и Градоначалникот на општината Ресен, г-дин Михаил Волкановски, на студиската посета учество зема и претставникот од Унијата на коморите на Албанија. (повеќе)