25.09.2017 (Форум)
„Регулатива за работните односи и пазарот на труд во компаниите кои се занимаваат со интелектуални дејности“

26.09.2017 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ДАНОЧНИ И УПРАВУВАЧКИ ЦЕЛИ ПО СОПСТВЕНА МЕРКА

26.09.2017 (Форум)
"Регулатива на работните односи и пазарот на труд во ИКТ секторот"

27.09.2017 (Саем)
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И АГРОИНДУСТРИСКИ ПРОИЗВОДИ „ПРИШТИНА 2017“- 27-30.9.2017

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

28.09.2017 (Семинар)
СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА (ПРЕТХОДНИ И ПРИВРЕМЕНИ МЕРКИ) И ЛИКВИДАЦИЈА НА ТРГОВСКИ ДРУШТВА

28.09.2017 (Семинар)
НОРМАТИВИ И СТАНДАРДИ ВО ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПОЖАРНИКАРСТВО

29.09.2017 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

03.10.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

03.10.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ЕТИЧКО ХАКИРАЊЕ

04.10.2017 (Бизнис средби)
„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“- БИЗНИС-СРЕДБА НА АВСТРИСКИ ФИРМИ СО ПРОИЗВОДИТЕЛИ И УВОЗНИЦИ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ

10.10.2017 (Семинар)
Забрзаните постапки (постапки за порамнување и спогодување) согласно Закон за прекршоците и улогата на Државната комисија за одлучување во втор степен од областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

10.10.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП-ШТИП

16.10.2017 (Конференција)
„Втора хрватска конференција за проценка на ризик и безбедност на храната“- 16-17.10.2017 Осиек, Р.Хрватска

16.10.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНА АДМИНИСТРАЦИЈА (КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ) ЗА ИЗВРШНИ АСИСТЕНТИ И ПЛАНИРАЊЕ РЕСУРСИ

17.10.2017 (Работилница)
НОВА ВЕРЗИЈА НА БРЕНДИРАЊЕТО - БРЕНД 2.0

18.10.2017 (Семинар)
КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

18.10.2017 (Семинар)
ПРЕДНОСТ НА ДОГОВОРИТЕ СО ИЗВРШНА КЛАУЗУЛА ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ДОГОВОРЕНОТО

19.10.2017 (Семинар)
ДЕФИНИРАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА ПОЛИТИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

19.10.2017 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ- ПОСТАВУВАЊЕ ЦЕЛИ, МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИ, ДЕЛЕГИРАЊЕ ОБВРСКИ, КОУЧИНГ И КОНТРОЛА -

22.10.2017 (Конференција)
МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ

24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.09.2017


Актуелно  

ВО РАМКИТЕ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ФОРМИРАНА Е АСОЦИЈАЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД


За развој на управувањето со посебните текови на отпадот, а по иницијатива на заинтересираните претставници на колективните постапувачи со отпад од пакување, од батерии и акумулатори и електричен и електронски отпад, денес во Стопанската комора на Македонија се одржа конститутивната седница и се формира Асоцијација за управување со посебните текови на отпад како посебна форма на организирање и работење во рамките на Комората.

 

Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад ја формираа  стопанските субјекти кои поседуваат лиценца за колективно или самостојно  постапување со посебни текови на отпад од пакување, од батерии и акумулатори и од електричен и електронски отпад, а се очекува бројот на членките да се зголеми и со пристапување на  останати заинтересирани стопански субјекти,  како и со субјектите кои се занимаваат со постапување со отпадот од возила, од гуми, текстил и отпад од масла.

Основните цели на формирањето на Асоцијацијата е да ги координира учесниците, односно да се постави како спрега помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓаните во системот  на управување со овие текови на отпадот со најниски трошоци за индустријата и најголем еколошки бенефит за граѓаните.

Приоритетните активности ќе бидат во насока на афирмирање на колективните и самостојни постапувачи со посебните текови на отпадот и создавање поволна законска рамка за дејноста, намалување на субјектите кои не се вклучени во соодветен систам за управување со овие видови отпад, решавање на отворените прашања со општините и комуналните претпријатија, прашањето со неформалните собирачи на отпад и други.

За претседател на Асоцијацијата во наредниот три годишен мандат е избран д-р Филип Ивановски, управител на Пакомак Скопје, а за негов заменик Фана Христовска, управител на Ел колект Скопје.

 

Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права