23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Одлуки и иницијативи

Здружение на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел


Иницијатива за продлабочување на соработката помеѓу производителите

Здружението на индустријата за преработка на дрво и производство на мебел  при Стопанската комора на Македонија го разгледа склучувањето на договори за набавка на пилански трупци од ЈП Македонски Шуми.

Членките на Здружението го изразија своето незадоволство од поскапувањето на цените на репроматеријалот за 10%, за што како причина беше наведено зголемувањето на трошоците, иако според добиените тендери за сеча, дотур и транспорт на трупци цените не се зголемени со години наназад. Притоа не е земено предвид мислењето на преработувачите во дрвната индустрија, особено кога би знаеле дека со ова поскапување се намалува конкурентноста на нашите производи на странскиот Пазар.

Посебен проблем со кој се соочуваат членките на Групацијата е доцнењето при потпишувањето на годишните договори. Имено, нивното склучување во месец март негативно се одразува на производиниот процес, се создава вакум од неколку месеци на почетокот на годината од причина што веќе во јануари се потрошени залихите на репроматеријали.

Одобрените количини на трупци за откуп од страна на ЈП исто така се наметнува како сериозен проблем. Фирми со далеку поголем капацитет имаат одобрено помали количини. Со тоа се доведува во прашање континуитетот на работата, а како последица на тоа може да дојде и до затворање на капацитетот, со тоа и намалување на бројот на вработени, што е спротивно од заложбите и политиката на Владата на РМ околу економскиот раст и отворањето на нови работни места.

И покрај годишните планови за сеча од страна на Македонски шуми истите не се исполнуваат до крај. Постоечките количини на трупци кај фирмите се ограничени или намалени а се со цел обезбедување на трупци потребни за новоотворените капацитети како странски инвестиции, иако овие странски инвеститори имаат земено веќе постоечки капацитети под наем и немаат вложено средства во истите, а сепак им се овозможува да ги обезбедат количините кои ги бараат во целост.

Во понудениот договор за тековната година согласно член 3 од договорот двете страни се договорија купувачот плаќањето да го врши на следен начин - вирмански во рок од 30 дена од денот на фактурирањето иако за тоа воопшто не се консултирани прерабптовачите кои бараат рокот на наплата да биде 60 дена.

Исто така, согласно член 4 од договорот купувачот се обврзува за обезбедување на договорот да плати аванс од 10% од вкупната вредност на договорот и истиот износ ќе биде пресметан со последната испорачана количина на трупците во текот на годината. Според ова големите капацитети кои имаат потреба за поголеми количини трупци треба да платат повисок аванс, а помалите капацитети не можат воопшто да го платат авансот.

Согласно член 11 од договорот купувачот доколку не ги исполни договорените обврски ќе треба да плати на јавцното претпријатие договорена казна од 0,2% од вредноста на неиспорачаната количина за секој ден. Тоа претставува уште едно оптеретување на нашите капацитети и не става во нерамноправна партнерска состојба со ЈПМШ

- Во член 7 од договорот гласи дека договорената динамика за испорака нема да важи доколку купувачот не ги довршува обврските од член 3 и 4 од договорот, со што сме ставени во мошне лоша положба во случај да дојде до најмала грешка во исполнувањето на договорените обврски, макар од еден ден. Особено кога ќе видиме дека во член 12 од договорот стои - договорените страни ќе бидат целосно или делумно ослободени од своите обврски што произлегуваат од овој договор во случај на виша сила. Во овој член уште еднаш ЈПМШ се штити од неисполнувањето на член 11 од договорот.

- Исто така во член 13 од договорот стои дека - договорот може да се раскине во случај на неисполнување на обврските со писмено известување од било која договорена страна во рок од 15 дена од денот на осознавање на причините, што му дава на ЈПМШ голем простор за манипулација доколку не можат да го исполнат договорот, макар по нивна вина, со оглед на тоа дека не веруваме дека некој ќе достави барање за раскинување на договорот зошто тоа би значело затворање на капацитетот. Тој член не става уште еднаш во нерамноправна состојба како партнери.

Ви се обраќаме во надеж дека нашето барање ќе наиде на разбирање од Ваша страна, истото ќе го разгледате И позитивно одговорите. Во интерес на решавањето на овие проблеми предлагаме формирање заедничка работна група составена од претставници на преработувачите како и ЈП Македонски шуми со цел изнаоѓање решение.

Иницијатива за отпочнување на процес за сертификација на шумите

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Валентина Цветковска
Тел: (02) 3244063 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса:valentina@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права