28.05.2018 (Семинар)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

29.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ПЛАТА И ДОДАТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

29.05.2018 (Семинар)
Организација на логистичка поддршка, контрола на работните активности и планови, управување со call центри, телефонска продажба и cold calls, агентска продажба и унапредување на комуникациски канали

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

31.05.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ОПТИМИЗАЦИЈА НА ЗАЛИХИ – МОДЕЛИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЗАЛИХИ

31.05.2018 (Инфо сесија)
ЈАВНО-ПРИВАТЕН ДИЈАЛОГ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА И НАЧИНОТ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НАДЗОР НАД ПАЗАРОТ

11.06.2018 (Саем)
САЕМ ЗА ГРАДСКО ПЛАНИРАЊЕ, УРЕДУВАЊЕ И ГРАДСКА ЧИСТОТА „TECMA 2018“

11.06.2018 (Семинар)
АНАЛИЗА НА МРЕЖНИОТ СООБРАЌАЈ СО ПОМОШ НА АЛАТКАТА WIRESHARK

12.06.2018 (Семинар)
ДИГИТАЛЕН ПР – КРЕИРАЊЕ ВЕСТИ СО ВРЕДНОСТ

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

12.06.2018 (Форум)
„MINEX EUROPE 2018“- 3. ЕВРОПСКИ ФОРУМ ЗА РУДАРСТВО И ИСТРАЖУВАЊЕ - 12-14.06.2018 СКОПЈЕ

13.06.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Податоци за дејноста

Здружение на трговијата


Трговија

Индекси на прометот во секторот Трговија, април 2017 година

 

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во април 2017 година, во споредба со април 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1.0%, а реално за 0.6%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 17.3%, а реално за 6.9%).

Намалување на прометот е забележано во групите Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13.6%, а реално за 11.5%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7.0%, а реално за 7.1%).

 

Стоковна размена со странство, јануари - април 2017 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 93 959 795 илјади денари и бележи пораст од 12.7% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 129 302 397 илјади денари што е за 11.2% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2017 година, изнесува 35 342 602 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2017, изнесува 72.7%.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
Во периодот јануари-април 2017 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.

Индекси на прометот во секторот Трговија     

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во септември 2016 година, во споредба со септември 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13.3%, а реално за 13.8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 17.6%, а реално за 17.6%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 15.6%, а реално за 15.5%) Повеќе на http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=104

Број на активни деловни субјекти, 2013 година
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2013 година изнесува 71 290.
Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 25 429 субјекти или 35.7% и Преработувачка индустрија со 7 918 субјекти или 11.1%.
Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0.2% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти или 0.2%.
Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 85% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 6.2%, па субјектите со
10 - 19 вработени со 4.2%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.5 %, со 1.8% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Трговија на големо е набавка на стоки за понатамошна продажба на трговците, преработувачите или големите потрошувачи во земјата или во странство.

Трговија на мало е набавка на стоки за понатамошна продажба на крајните потрошувачи (за лична употреба или за употреба во домаќинството).

Индекси на прометот во секторот Трговија, декември 2013

Во трговијата на мало, во декември 2013 година, во споредба со декември 2012 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 14.4%, а реално за 16.2%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7.1%, а реално за 9.3%) и Трговија на мало со автомобилски горива( номинално за 5.3%, а реално за 2.2%).

Turnover indices in the Trade Sector, December 2013

In retail trade, in December 2013, in comparison with December 2012, the turnover decreased in the following groups/classes: Retail sale of food, beverages and tobacco (by 14.4% in nominal terms and 16.2% in real terms), Retail trade, except automotive fuel (by 7.1% in nominal terms and 9.3% in real terms), and Retail trade of automotive fuel (by 5.3% in nominal terms and 2.2% in real terms).

Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли 105,5  Retail trade, except of motor vehicles and motorcycles
Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун 103,7  Retail sale of food, beverages and tobacco (G47_FOOD)
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво 118,6  Retail sale of non-food products (except fuel) (G47_NFOOD_X_G473)
Трговија на мало, освен трговија со горива 110,5  Retail trade, except automotive fuel (G47_X_G473)
Трговија на мало со автомобилски горива 89,7  Retail trade of automotive fuel (G473)

Во изминатите две години во трговијата на мало и во трговијата на големо е реализиран следниот промет (прометот претставува вкупна фактурирана вредност за продажби на стоки и на услуги кон други субјекти):

во “милиони“ денари

дејностпериодиндекси
201120122012/11
-Трговија на големо и на мало
со моторни возила и мотоцикли,
делови и прибор и нивно одржување
23.40821.67692,6
-Трговија на големо, освен трговија
со моторни возила и мотоцикли
166.050193.117116,3
-Трговија на мало, освен трговија
со моторни возила и мотоцикли
208.731203.30497,4
Вкупно:399.189418.097104,7

Вкупниот промет во трговијата на големо и на мало во 2012 година бележи пораст од 4,7% во однос на 2011 година.

Прометот во трговијата на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување и поправка, во периодот јануари-декември 2012 изнесува 21.676 милиони денари и во однос на истиот период од 2011 година е намален за 7,4%.

Прометот во трговијата на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли, во периодот јануари-декември 2012 година изнесува 193.117 милиони денари и во однос на истиот период од 2011 година е зголемен за 16,3%.

Прометот во трговијата на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли во периодот јануари-декември 2012 година, изнесува 203.304 милиони денари и во однос на истиот период од 2011 година е намален за 2,6%,

Во структурата на прометот во трговијата на мало, според начинот на наплата, најголемо е учеството на наплатата во готови пари (над 90%), за разлика од потрошувачките кредити кои учествуваат со околу 1,0% за купување на разни прехрамбени и непрехрамбени производи, освен за купување на моторни возила (каде учеството е околу 12,0%), додека останатите околу 8-9% се однесуваат на наплата на други начини.

Активни деловни субјекти

Според податоците на Државниот завод за статистика, во трговијата на големо и мало, промет, поправка и одржување на моторни возила на крајот на 2012 година се евидентирани 27.307 активни деловни субјекти, со учество од 36,7% во вкупните активни деловни субјекти во Република Македонија (74.424), со благо намалување во однос на претходната година.

Во структурата на активните деловни субјекти во трговијата, според бројот на вработените во секој од нив, најголема е застапеноста на субјектите со вработеност од 1 до 9 вработени, или 88,4%, потоа од 10-19 вработени (3,0%), од 20-49 вработени (1,3%), од 50-249 вработени (0,3%), додека над 250 вработени има само 13 активни деловни субјекти. Во Република Македонија егзистираат и 1.879 активни деловни субјекти со бројка од нула вработени лица (6,9%)

Вработеност и плати

Според податоците на Државниот завод за статистика вкупниот број на вработени лица во трговијата на големо и мало во 2012 година изнесува 72.247 лица од кои:

 
  • во трговијата на големо и мало со моторни возила и мотоцикли, делови и прибор и нивно одржување 3.506 лица,
  • во трговијата на мало, освен трговија со моторни возила и потоцикли 50.661 лица и
    • Трговија на мало со храна пијалоци и тутун – 20 791 (41,0%)
    • Трговија на мало со непрехрамбени производи – 27 395 (54,1%)
    • Трговија на мало со автомобилски горива – 2 475 (4,9%)
  • во трговијата на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли 18.080 лица.

Просечно остварената нето плата по вработен во трговијата на големо и мало во 2012 година изнесува 18.982 денари што е за 1,9% поголема од просечната месечна плата во 2011 година.

Капацитети

Согласно последните податоци на Државниот завод за статистика, трговијата на мало располага со следните капацитети:

 
  • Број на продавници на мало:
    • 22.332 продавници кои се лоцирани на
    • 1.367.063 м2 продажен простор .
  • Тип на продажните објекти,
    • класични продавници (19.025 или 85,2%),
    • самопослугите (2.291 или 10,3%),
    • супермаркетите, мини-маркетите, драксторите и дисконтите (1.233 или 5,5%),
    • салони за автомобили (90),
    • бутици (623) и др.
  • Од аспект на големината на прометот
    • најголем е бројот на продажни објекти-продавници (9.226 или 41,3%) кој оствариле вкупен промет од 250.000 до 1.500.000 денари, додека
    • најмал е бројот на продавници (96 или 0,4%) кои оствариле промет поголем од 250 милиони денари.

Во Република Македонија има 641 аптека, лоцирани на продажен простор од 23.808 м2 .

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Анета трајковска
Тел: (02) 3244041 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: aneta@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права