25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

Бизнис-настани

28.05.2018 - 01.06.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ


ПОКАНА
за 
РЕАЛИЗИРАЊЕ ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ


28.5.2018, 30.5.2018 и 1.6.2018 година
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат


          Со цел зајакнување на врските помеѓу пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Се` поголем е интересот на компаниите да обучат ученици - идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка.
          Согласно законската регулатива, компаниите кои имаат интерес да се вклучат во процесот на практично обучување на ученици, треба да имаат обучено лице – ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе се подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на учениците.
          За таа цел, Стопанската комора на Македонија во соработка со стучни лица, а по барање на компаниите организира ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ.

Информации за организираноста на обуката:

 • обуката ќе се организира во Стопанската комора на Македонија во претходно договорен термин, со можност истата да се организира и во вашите просториите во претходно договорените термини;
 • времетраење на обуката: три дена во траење од вкупно 22 часа;
 • по завршување на обуката, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука, издаден од Стопанската комора на Македонија и Центарот за стручно образование и обука;
 • обезбеден работен материјал;
 • обезбеден ручек и освежување;
 • цена на обуката по учесник изнесува 10.000 денари + ДДВ 18%;

*Минимален број за реализација на обуката е 5 учесници.


     Предавачи на обуката се преставници од Центарот за стручно образование и   обука кои воедно се и носители на работната група за изработка на оваа програма: м-р Бранко Алексовски, м-р Роза Арсовска и м-р Зоран Јовчевски.


ЦЕЛ НА ОБУКАТА ЗА МЕНТОРИ:

          Целта на оваа програма е да се развијат знаења, вештини, способности, ставови и вредности, односно компетенции кои треба идните обучувачи (во натамошниот текст: ментори) да ги поседуваат за да можат да работат со ученици/учесници  кои изведуваат практична обука кај работодавач, вклучувајќи ги и компетенциите за работа со ученици/учесници со различна попреченост.

          По успешно завршување на Програмата за стручно-дидактичка обука, менторот стекнува знаења, вештини и се оспособува да:

- го познава образовниот систем, регулативите и одговорностите на учениците/учесниците во обуката;
- им дава поддршка, да ги мотивира и да придонесува за целосно прифаќање и вклучување во активностите на практичната обука на сите ученици/учесници без разлика на нивната етничка, културна припадност и  нивната попреченост;
- има сознанија како да комуницира соодветно на возрасната група и како јасно да комуницира со учениците/учесниците со различна попреченост;
- изработува план за остварување на целите од Програмата за практична обука;
- ги следи, евидентира и да ги оценува учениците/учесниците во текот на практичната обука;
- креира безбедно работно место и безбедна работна средина за обука на учениците/учесниците во обуката;
- врши обука на наставниците по стручно-теоретските предмети и практичната обука кај работодавачот;
- изработува семинарска работа за планирање на целите од Програмата за практична обука.

Програма на обуката усвоена од Министерството за образование и наука на Република Македонија

Ред. бр.

Тема

 Часови

Ден

1.

Сесија 1 – Образовен систем, регулативи и одговорности на учесниците во обуката

2 часа

 Прв ден

2.

Сесија 2 – Планирање и остварување на целите од програмата за практична обука

2 часа

 Прв ден

3.

Сесија 3 - Комуникација меѓу учесниците во обуката

3 часа

 

 Прв ден

4.

Сесија 4 -  Следење, евидентирање и оценување на учениците 

 4 часа

 Втор ден

5.

Сесија 5 – Безбедност, права и обврски на работа  

 2 часа

 Втор ден

6.

Сесија 6 – Работа со возрасни 

 2 часа

 Втор ден

7.

Сесија 7 -  Комуникација меѓу учесниците во обуката 

 3 часа

 Трет ден

8.

 Сесија 8  - Работа со ученици/учесници од различна етничка/културна припадност и ученици/учесници со попреченост

 4 часа

 Трет ден

* Наставниот план и програма за стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука ги одобри (донесе) министерот за образование и наука со Решение број 17-8909/1 од 9.6.2016 година.

Поради ограничен број на учесници последен рок за пријавување е 21 мај 2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права