23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

30.10.2017


Актуелно  

АКТУЕЛНИТЕ СОСТОЈБИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА - ПРОЕКЦИИ ЗА НАРЕДНИОТ ПЕРИОД


Текстилната индустрија во Република Македонија е од особено значење, како по бројот на вработените, така и според извозот каде во овој  сектор особено дојдоа до израз претприемничките иницијативи, кои создаваат солидна материјална основа, беше истакнато меѓу другото, на прес-конференцијата на Стопанската комора на Македонија (30.10.2017 година).

 

Преовладува „ЛОН“-работењето, кое се сведува главно на шиење како еден од најнедоходовните видови на соработка со странските партнери каде во вкупниот извоз „ЛОН“-работењето учествува со околу 93%, а на класичното производство на  извоз отпаѓаат 7%.

Според податоците за индустриското производство за осум месеци од 2017 година споредено со истиот период од 2016 година,  производството на текстилни ткаенини е идентично со ланскиот период, а додека кај производството на облека има намалување од 17,3 %.

За 8 месеци од  2017 година извозот во оваа дејност изнесува 380 милиони САД долари, а поодделно кај производството на текстилни ткаенини изнесува 52 милина САД долари, додека кај производството на облека изнесува 328 милиони САД долари, што е намалување од 4,3 % во споредба со истиот период од претходната година, и тоа претставува околу 10,8% од вкупниот извоз во државава.

Во истиот период, увозот изнесуваше 366,4 милиони САД долари, од кои облека во износ од 55,6 милиони САД долари, а текстил во износ од 310,8 милиони САД долари, или 7,7% од вкупниот увоз во државава.

Бројот на вработени од година во година постепено се намалува, односно од 43.848 вработени во 2007 година, последните години се движи околу 35-36 илјади вработени во оваа дејност, односно во 2016 година 36.205 вработени, oд кои 5.284 во производство на текстил и 30.919 во производство на облека што сепак претставува голем процент на вработени.

Очекувањата до крајот на 2017 година се дека ќе бидат на исто ниво како  2016 година и тоа најмногу се должи на неколку фактори и тоа:
- македонските текстилни компании се` уште се интересни за странските партнери пред се` поради близината до европскиот пазарот и производството на мали серии со висок квалитет и солидна цена;
- на повисоките фази на обработка и доработка на производите каде што веќе дел од производствените операции се вршат во земјава (печатење, везење, пакување и сл.) и 
- поволната економија во Европската унија пред се` Германија, што компаниите ги продолжуваат на договорите и задржување на најзначајните партнери од западноевропските земји.

Претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската комора на Македонија, господинот Ангел Димитров истакна дека оваа гранка вработува околу 40% од вработените во преработувачката индустрија, како и индустрија која е целосно нето-извозник на производите, кои се од големо значење за платниот биланс во делот на прилив на девизи. Побарувачката од страна на странските партнери, пред се` од партнерите од Германија моментално е поволна и покрај што дел од своето огромно производство во континуитет го насочува кон источните азиски земји. 

Ангел Димитров се осврна и на значењето од примената на послените измени на Законот за минимална плата, каде во моментов нешто повеќе  6800 барања за субвенционирање се позитивно решени, но сепак го истакна и предлогот на текстилните и кожарско-преработувачките компани кои се најмногу погодени од примената на овој закон, за плаќање на фиксни придонеси од 5.130 денари (колку што се моментално за исплата на минималната исплатена плата) од 12.000 до 18.000 денари, и со самото тоа би се постигнал поголем ефект и значење од примената на оваа мерка.

Сашо Деспотоски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права