25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

04.10.2018


Актуелно  

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, БРАНКО АЗЕСКИ, НА НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ИДНИ ПРЕДИЗВИЦИ НА ЕКОНОМСКИОТ РАЗВОЈ И ЕКОНОМСКИТЕ ПОЛИТИКИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“


Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Стопанската комора на Македонија, Владата на Република Македонија и Народната банка на Република Македонија, во Охрид,  на  4 и 5  октомври 2018 година, се одржува Научната конференција на тема: „Идни предизвици на економскиот развој и економските политики на Република Македонија“.

Конференцијата беше отворена од страна на академик Тaки Фити, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, кој изрази искрена благодарност на коорганизаторите на оваа Конференција за соработката и помошта за нејзина реализација. - Прашањето за промена и модернизација на структурата на македонската економија, мерките кои треба да го поддржат овој процес и изградбата на институционални капацитети за имплементација на промените, добиваат висок приоритет. Секако, ова прашање е тешко и комплексно, бидејќи процесот на промена на структурата на економијата е долгорочен, не постои унифициран и готов модел на индустриска политика која би го поддржала овој процес, а промената на структурата на економијата е работа на претприемачкото промислување истакна, -  академик Таки Фити.
(видео обраќање)

Пред присутните се обрати и претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, кој потенцираше дека МАНУ е највисока научна институција во земјава, таа е основа и столб на политичкиот и економскиот живот и има големо позитивно влијание во креирањето на економските политики во државава.

-Економските политики на нашата економија се поволни, имаме раст на БДП во вториот квартал од 3,1%, раст, на индустриското производство од 5%, извозот е во пораст од 14%, 327 милиони евра се странски директни инвестиции во првото полугодие оваа година. Новите економски политики и Планот за економски раст даваат ефети на економијата, како и другите економски перформанси се добри и покажуваат раст, имаме рекордно ниска невработеност од 21,1% и во првото полугодие од годинава имаме 10.000 нови вработувања. Економијата може и мора да генерира повисоки стапки на раст на БДП на годишно ниво, а затоа мора да постои и долгорочна стратегија за економски развој, да се воведат нови технологии во производните процеси, целосна поддршка за извозно ориентираните компании, квалитетен образовен систем, квалитетна патна и железничка инфраструктура кои се основа за развој на една економија, а бенефит секако ќе имаат самите стопанственици и граѓани, - посочи премиерот Зоран Заев. (видео обраќање)

Во рамките на Научната конференција свое обраќање имаше и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој се осврна на потребата од модерна реиндустријализација и извозна диверзификација како главни процеси о забрзување на економскиот раст на македонската економија.

Азески истакна дека Република Македонија, како мала и отворена економија, мора да изврши преструктурирање на индустриската политика преку пренасочување на ресурсите од индустриските дејности со пониска додадена вредност, кон сектори и производи кои имаат повисока додадена вредност и продуктивност, а сето тоа ќе доведе до подобрување на индустриските перформанси на целокупната економија и зголемување на извозната конкурентност. Во таа насока, неопходни се економски политики кои ќе го поттикнат процесот на модерна реиндустријализација (зголемување на учеството на преработувачката индустрија во БДП) и ќе го забрзаат процесот на извозна диверзификација (преку зголемување на бројот на извозни производи кои имаат повисок степен на финализација во рамките на глобалните синџири на снабдување). Тоа значи дека структурните промени во самата економијата, процесите на реиндустријализација и извозна диверзификација се фундаментални процеси кои ќе генерираат високи и одржливи стапки на економски раст, каде брзината и успешноста во спроведувањето на овие процеси во голема мера се детерминирани од индустриската и извозна структура на земјава.

-Стопанската комора на Македонија, како и досега, активно ќе продолжи  да работи на идентификување на развојните можности за преструктурирање на македонската економија, за подобро дизајнирање на економските политики кои ќе обезбедат поддршка на процесот на модерна индустријализација и подобрување на извозната конкурентност на земјата. Предлог-политиките и мерките кои се содржани во неколку клучни столбови, како финансиска поддршка на инвестициите, подобрување на кадровските и менаџерските способности на извозно ориентираните домашни компании, редефинирањето на програмата за привлекување странски директни инвестиции, градењето инфраструктура, како и зајакнувањето на институционалните капацитети на државата и подобрување на бизнис регулативата, веруваме дека ќе придонесат за значително забрзување на динамиката на економски раст. Имајќи ја предвид важноста на индустриската конкурентност, односно нејзиниот придонес врз ефикасноста на целокупната национална конкурентност, Македонија треба итно да ја зајакне основата на својата индустрија со цел да се овозможи одржлив раст на вкупната економија, создавање повисоки вредности на економските активности и решавање на општествените предизвици со кои се соочува, -  потенцирање претседателот Азески. (видео обраќање)

На Конференцијата свое учество и излагање имаа голем број еминентни професори, министри, претставници на академската заедница и економски аналитичари и научни соработници кои се осврнаа на прашањата за реформи на системот на јавните финансии, јавните инвестиции и економскиот раст, даночните реформи, предизвиците на монетарната политика, како и за макроекономската стабилност на една економија. Воедно, тие  истакнаа дека економските реформи во земјава се неопходни и мора истите да бидат спроведени, со цел зголемување на економскиот раст, а истиот тој раст ќе доведе до подобрување на општествениот и материјалниот живот на луѓето.

 
Презентација на проф. д-р Дарко Лазаров,
ИЗВОЗНА ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА И МОДЕРНА РЕИНДУСТРИЈАЛИЗАЦИЈА КАКО ФУНДАМЕНТАЛНИ ПРОЦЕСИ ВО ЗАБРЗУВАЊЕ НА РАСТОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

Сашо Деспотоски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права