ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
18.06.2019 👁 Прочитано: 512

ПРЕЗЕНТИРАНИ МАСТЕР СТУДИИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ВИНЧЕСТЕР, ОД ICBS БИЗНИС КОЛЕЏОТ ОД ГРЦИЈА


Во Стопанската комора на Македонија се одржа презентација на британската акредитирана Програма за мастер студии за бизнис на Универзитетот во Винчестер, Велика Британија, од страна на ICBS Бизнис Колеџ, (Солун-Атина-Лариса).

Претставниците на Бизнис колеџот ICBS (Солун-Атина-Лариса), истакнаа дека овој колеџ е еден од најстарите и најпрестижните образовни институции во Грција, со над 40-годишно постоење.

- Ние сме еден од најстарите колеџи во Грција, кои работат во Солун, Атина и Лариса. ICBS Бизнис Колеџот (Солун-Атина-Лариса) (www.icbs.gr) ексклузивно соработува со Државниот британски универзитет Винчестер (www.winchester.ac.uk) и нуди можности за студирање на англиски јазик (диплома и магистерски студии) на Универзитетот за бизнис студии ICBS Бизнис Колеџот во три града во Грција (Солун, Атина и Лариса).

ПРЕЗЕНТИРАНИ МАСТЕР СТУДИИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ВИНЧЕСТЕР, ОД ICBS БИЗНИС КОЛЕЏОТ ОД ГРЦИЈАНеговата филозофија се базира на пет столба и тоа на образование според европски и меѓународни стандарди, студиски програми приспособени на потребите на глобалниот пазар, истакнати професори со квалитетно академско образование и професионално искуство, развој на претприемачкиот дух и мотивирани студенти.

Пред 30-тина заинтересирани учесници и претставници од Македонија, претставниците на Бизнис колеџот ICBS направија детална презентација на акредитираната Програма за мастер студии на Универзитетот во Винчестер, Велика Британија, што се спроведува во Солун, Грција. Тие истакнаа дека ICBS Бизнис колеџот нуди високо квалификуван академски кадар, и тоа кадар за развој на личности кои ќе бидат подготвени да ги исполнат предизвиците на сегашноста и иднината.

- Особено го потенцираме изучувањето на меѓународните постдипломски  студии по бизнис администрација (МБА), како најбаран степен на знаење и бизнис диплома, кој го нудиме во Солун и со тоа имате заштеда од 50% од надоместоците што ќе треба да ги платите ако студирате во Британија, a се добива двоен ефект: заштеда на време и трошоци за сместување и патување до Велика Британија и добивање диплома од престижниот Британски универзитет.

ПРЕЗЕНТИРАНИ МАСТЕР СТУДИИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ВИНЧЕСТЕР, ОД ICBS БИЗНИС КОЛЕЏОТ ОД ГРЦИЈАИсто така, претставниците на Бизнис колеџот ICBS, упатија апел до компаниите да им дозволат на своите вработени да студираат на постдипломските - мастер студии за бизнис во Солун по британска програма со многу поволни услови, со надоместоци и специјални стипендии, како и бесплатно сместување за академската година 2019-2020 година.

Целни групи за студирање може да бидат:

* извршни директори на меѓународни компании;
* менаџери за човечки ресурси;
* компании кои планираат да имаат меѓународен бизнис и
* дипломирани лица од различни секотри кои сакаат да имаат дополнително магистритура во бизнис.

Пред учесниците, свое обраќање имаше и H.E. Димитрис Јанакакис, амбасадор на Република Грција во Скопје, кој ги поздрави присутните и ги истакна убавините на Солун, како една од најблиските дестинации за студирање во Грција.

По завршувањето на презентацијата се отвори дискусија со присутните околу условите и начинот на плаќање на заинтересираните за студирање на Бизнис колеџот ICBS во Грција.

ПРЕЗЕНТИРАНИ МАСТЕР СТУДИИТЕ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ВИНЧЕСТЕР, ОД ICBS БИЗНИС КОЛЕЏОТ ОД ГРЦИЈА

м-р Ирена Мојсовска