ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Вести
05.06.2019 👁 Прочитано: 727

Танјуг: Претседателот Азески за штетните чекори кои креираат негативен ефект на рејтингот на земјите од Западен Балкан


Бранко Азески1. Како ги гледате тврдењата на претседателот на Стопанската комора на Албанија дека Приштина се подготвува да воведе даноци од 100% на Тирана на брашно, пиво, компир и други производи?

Целокупната оценка на Стопанската комора на Македонија е дека секое дополнително воведување на увозни давачки може да предизвика значителни негативни ефекти и нарушувања на регионалната трговска соработка. Она што најмногу загрижува и вреди да се истакне во овој контекст е дека решеноста за создавање заеднички пазар за земјите од Западен Балкан, преку целосна либерализација на меѓусебните економски односи, значително нарушена во новите околности, негативно влијае на целокупната регионална економска соработка, раст и развој. Што се однесува до објавата за која немаме официјални соопштенија, во овој момент можеме да кажеме дека ова е билатерален однос меѓу двете земји.

2. Српскиот министер за трговија, Расим Љајиќ , смета дека прашањето за постоење то и работ ата на ЦЕФТА е под знак прашање имајќи ги предвид едностраните мерки коишто ги спроведуваат одредени член ки на оваа иницијатива. Според В ашето мислење, дали е дојден моментот за преиспитување на начинот на работа на ЦЕФТА?

После 12 години од имплементацијата на ЦЕФТА 2006 (ЦЕФТА Договорот, кој беше потпишан на 19 декември 2006 година и влезе во сила на 1 мај 2007 година), мерливите резултати се базираат на позитивните движења во реализираната надворешна трговија, главно според можноста за примена на дијагоналната кумулација на стоки, во трговијата меѓу земјите во регионот. Меѓутоа, другите понудени можности за неопходна економска и регионална поврзаност не се користени, во согласност со предностите кои ги нуди ЦЕФТА, а тоа се: воведување постепена либерализација на трговијата со услуги, изедначување на условите за инвестирање, отворање на пазарот во регионот на ЦЕФТА и еднаков третман на јавните набавки, заштитата на правата од интелектуална сопственост, ЦЕФТА регионот како значително привлечен за странски инвестиции, поврзување и промовирање на регионалната соработка, за побрза и пофункционална регионална соработка и пристапување кон ЕУ.

Генерално, ЦЕФТА се сведуваше само на класичен договор за слободна трговија, т.е. не е преземена никаква акција за да се искористат сите можности за неопходна економска и регионална поврзаност и за закрепнување на економијата со ниска конкурентност во земјите од Западен Балкан.

Епилогот на неадекватната економска политика за побрз развој и приспособување на конкуренцијата на либерализираниот пазар, како и недоволната ангажираност на соодветен начин да се обезбедат можности од воспоставената правна рамка, условија денес и понатаму да имаме кревки економии со мала економска основа, што е клуч за осигурување на забрзан раст и развој и според официјалните информации се карактеризираат со: ниско или несоодветно ниво на инвестиции од 21% до 30% одделно по земја (во просек околу 22% од БДП во земјите од Западен Балкан), ниско ниво на странски инвестиции, од 2 % до околу 7% од БДП во 2017 година, со исклучок на Црна Гора со 11,57%), со висок диспаритет меѓу главните диспаритети во надворешната трговија, поголемо учество на увозот од учеството на извозот во БДП, низок процент на додадена вредност на индустријата во БДП и ниска основа за забрзан економски развој, забавување на економскиот развој, поради што се` уште имаме висока стапка на невработеност.

Сите овие параметри овозможија економиите на ЗБ-6, 11 фискални години од ЦЕФТА-Договорот и 18 години од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ, да бидат кревки и ниско-конкурентни економии, кои зависат од домашните заштеди, странските инвестиции и задолжувањата во странство. Наведените услови укажуваат на тоа дека не се искористени можностите предвидени со ЦЕФТА-Договорот за заедничко промовирање на економијата на Западен Балкан, ниту, пак, во овој поглед се користеше претпристапната помош на ЕУ.

3. Со цел да се сменат правилата во рамките на ЦЕФТА, неопходен е консензус на сите членови, што повторно до в е д ува до тоа дека не е можно без волја на сите членови да се променат внатрешните правила, не е можно да се промени начинот на не јзината работ а и на крајот да се казнат оние членови кои ги кршат договори те кои самите ги потпиша ле . Ако членовите на ЦЕФТА немаат капацитет за договор, дали мислите дека Европската унија има механизам да наметне решение, или можно ста за договор е исклучиво на членовите?

Земјите потписнички на ЦЕФТА-Договорот се должни да ги почитуваат сите правила и одредби од истиот. За жал, и порано бевме сведоци на кршење на одредени членови од ЦЕФТА-Ддоговорот и ги информиравме институциите на ЕУ за одредени проблеми, со цел да го поддржиме посредувањето или наоѓањето решенија за нив.

4. Дали ре извоз от на српски производи на Косово и Метохија од В ашата земја може да биде долгороч е н и одржлив и дали и колку македонск ите компании „профитираа " поради воведувањето такси за Белград од страна на Приштина?

Трговијата меѓу Република Северна Македонија и сите земји-потписнички на ЦЕФТА-Договорот е нормална. Република Северна Македонија извезе на Косово во 2018 година стока во вредност од 265,8 милиони САД долари, при што извозот е зголемен за 17,8% во споредба со 2017 година.

Македонскиот извоз на Косово главно се состои од следниве категории на производи со највисоко номинално учество, а тоа се: нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали, портланд цемент, производи од железо или од легура на челик, нафтен кокс и лекови. Сепак, растот на нашиот извоз за 2018 година во споредба со 2017 година за овие 17,8% се однесува на растот на извозот исклучиво во горенаведените категории на производи, кои традиционално се на нашата страна на извоз на Косово.

5 . Може ли Северна Македонија да има некое влијание врз решавањето на овој конкретен проблем поврзан со данок от на стоки меѓу Приштина и Белград?

Од наша страна, изразено е мислење дека соработката меѓу членовите на ЦЕФТА мора да се одвива во согласност со правилата утврдени во ЦЕФТА-Договорот, дури и во овој случај, но тоа не може да се наметне. Меѓутоа, наша заложба како деловна заедница е дека билатералните спорови околу воведувањето огромни царински давачки во износ од 100% да се решат што е можно побрзо, бидејќи таквите одлуки, без оглед дали се времени или не, го нарушуваат започнатиот процес на регионална интеграција и обединување, а кој е еден од клучните приоритети на регионалната аспирација за пристапување и членство во Европската унија.

6. Дали ваквите чекори се опасни за економскиот развој на целиот регион и за не говиот пат кон ЕУ?

Ваквите чекори се штетни, имајќи го предвид негативниот ефект на овие мерки врз рејтинзите на земјите од Западен Балкан. Ако не го почитуваме она за што се договоривме, очигледно е дека негативен сигнал се испраќа до надворешните фактори, партнери од други земји, а особено кон ЕУ.


7. Што предлага македонската бизнис заедница во процесот на стабилизација на меѓусебните односи во рамките на ЦЕФТА?

Стопанската комора на Македонија и нејзините членки не гледаат освојување на извозни пазари во регионот преку царински бариери, туку преку воспоставување и максимизирање на почитувањето на либерални пазарни односи на стопанството, не само со земјите од непосредното регионално окружување, туку и со сите други земји, без блокади или неекономски мерки, овозможувајќи слободен проток на идеи, капитал и знаење со сите нив.

Тргнувајќи од таквиот пристап, сите мерки од неекономска природа кои ги кршат принципите на овој процес и го попречуваат нормалното функционирање на пазарот не се својствени за македонската економија која не го оправдува овој феномен. Препознавајќи ја сериозноста на ситуацијата и на последиците на односите на регионално ниво, Стопанската комора на Македонија, како најголема деловна асоцијација во земјава, апелира на разумност и желба за брза реакција со цел да се надминат ваквите негативни настани до сите носители на економскиот и политичкиот живот во регионот.

Затоа, учејќи од грешките од минатото, централно внимание и ангажирање треба да се посвети на целосна употреба на дадените можности низ Коморскиот инвестициски форум (КИФ), како коморска организација во која членуваат деловните асоцијации од сите земји од Западен Балкан, а е основан во 2015 година како иницијатива на Берлинскиот процес. Коморскиот инвестициски форум (КИФ) ги претставува интересите на 350.000 компании во регионот и се карактеризира со заедничка платформа за соработка, која ги поврзува економиите во регионот и создава единствен економски простор во регионот на Западен Балкан.

Преку Коморскиот инвестициски форум би се обезбедила имплементација на дадените стратешки инфраструктурни проекти. Во исто време, двата столба на кои сега се работи се проиоритетни. Еден од нив е дека треба да се поддржи создавањето заеднички институции за арбитража, кредитни бироа и поедноставување на царинските постапки со што ќе се олесни протокот на стоки и патници на граничните премини меѓу земјите од регионот на Западен Балкан. Вториот столб треба да ги поддржува активностите за создавање заеднички производи на Балканот со прецизно дефинирани услови што всушност ќе добие компанијата - учесник во производот.

Танјуг: Претседателот Азески за штетните чекори кои креираат негативен ефект на рејтингот на земјите од Западен Балкан