ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Порака од еснафот
11.05.2019 👁 Прочитано: 3133

ИЗБОРНИТЕ ЦИКЛУСИ И ЕКОНОМСКИОТ РАСТ


Генерална е оценката која постојано се провлекува и се кажува јавно, дека во услови кога има избори, деловната заедница е во неможност навреме да ги спроведува своите бизнис одлуки и планови поради застој во функционирањето на администрацијата, но и поради непредвидливиот амбиент – во кој правец ќе се одвиваат економските политики што би имале рефлексија врз стопанството .

– Мора максимално да се искористи наредниов период до редовните парламентарни избори, согласно укажувањата на премиерот дека оваа ќе биде економска година, особено ако се земе предвид дека досегашните показатели и тоа како упатуваат дека изборните циклуси имаат сериозни влијанија врз економските перформанси. Ако досега фокусот беше ставен на НАТО и евроинтеграциите, следниот период е за очекување дека ќе се реализираат сите укажувања, предлози и иницијативи доставени од бизнис заедницата и дека ќе наидат на соодветен слух кај носителите на економските политики за да има исчекор во создавањето позитивни резултати и позитивна клима која е и статистички потврдена во првиот квартал од оваа година.

Ако бележиме раст на индустриското производство и на извозот, и во периодот што следи компаниите ќе се насочат кон зголемување на обемот на производството. Но, притоа е многу битно и ќе треба поинтензивно да се работи на изнаоѓање нови пазари каде ова производство би се пласирало.

Фокусирани сме на исти земји и пазари, тешко оди процесот на отворање нови. Ако сакаме поголем исчекор и подобри резултати заедно со државата мора да работиме во овој правец. Интенција на Комората е од сегашните 55 отсто учество на извозот во БДП да дојдеме до 70 проценти.

Изјава на в.д. Извршен директор Билјана Пеева Ѓуриќ во текст со наслов - "Бизнисот бара Владата да има слух за неговите укажувања, предлози и иницијативи", на МИА. Целиот текст, може да го прочитате тука  

ИЗБОРНИТЕ ЦИКЛУСИ И ЕКОНОМСКИОТ РАСТ