23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Бизнис-настани

13.12.2017 - 13.12.2017


Форум Скопје,  Македонија

“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ


 

“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”
13 декември 2017 година
10:30 часот
Хотел „Александар Палас“

Почитувани,


     Во рамки на УСАИД проектот „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, Стопанската комора на Македонија Ве поканува да бидете дел од претстојниот Форум на тема: “ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”.


     Целта на Форумот е да се разгледаат можностите  за зголемување на капацитетите на македонските извозно – ориентирани компании, како и низ интерактивна дискусија, да се дојде до заклучоци за надминување на постојните бариери во процесот на интернационализација.


     На Форумот ќе присуствуваат Владини претставници, видни македонски стопанственици, странски експерти и претставници на странскиот дипломатски кор и странски претставништва во Македонија.


     Форумот ќе се одржи на 13 декември 2017 година (среда) во хотел Александар Палас, сала „К2“ со почеток во 10:30 часот.


     Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 11 декември 2017 година (понеделник) кај лицето за контакт; м-р Сања Николова, тел: 02 32 44 091, е-адреса: sanja@mchamber.mk .


     Ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку и Вие бидете дел од претстојниот Форум.

 

АГЕНДА


10:30 - 11:00 часот     Регистрација на учесниците
11:00 - 11:30 часот    Официјално отворање на форумот
Модератор и вовед: м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија
 Обраќања:

Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија;
проф. д-р. Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори;
Едвард Гонзалез, Директор на канцеларијата за развој, УСАИД Македонија
Љубомир Димовски, „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ – Скопје

11:30 - 12:30 часот  I. ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА 
Тема: Градење на конкурентноста и  зголемување на  извозните потенцијали на  македонските компании во процесот на интернационализација
Модератор: проф. д-р. Радмил Поленаковиќ

Рафаело Бенети, ПРОМОС - Агенција за подршка на италијанските компании за извоз, Стопанска комора на Милано, Италија: Мерки за поттик и поддршка на извозните компании;
Гордана Тошева, УСАИД Проект за регионален економски раст:  Улогата на трговската политика во процес на интернационализација;
Претставник од Министерството за економија на РМ:
Програми за поддршка на македонски компании за извоз;
Александар Станојковски - МБПР: Расположиви финансиски инструменти за поддршка на извозно ориентираните компании;
м-р Горан Антевски, „Раде Кончар - ТЕП“ - Скопје:
 Искуства при подготовка на производ за извоз;
Проф. д-р. Радмил Поленаковиќ: Поттик на соработката меѓу бизнисот, науката и државата за поголема конкурентност на македонската економија.
* ДИСКУСИЈА

12:30 - 12:45 часот  Пауза за кафе

12:45 - 13:45 часот  II. ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА  

Тема: „Настап на нови пазари и дефинирање на   конкурентните сектори во македонската економија како неопходни чекори во елиминирање на бариерите во процесот на интернационализација - препораки и заклучоци“

Модератор: Антони Пешев,  претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија

Златко Ветеровски, Царинската управа на РМ:
Решенија за побрз проток на стоки при извоз;
Хилда Колевска, Министерството за надворешни работи на РМ: Билатерални договори со МАГРЕБ и со земјите од Блискиот Исток;
Славе Сирачевски, заменик-претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија; Усогласување на визниот режим со регионот за поголема конкурентност на македонскиот туристички сектор;
Ванчо Маџов, „Раде Кончар - Контактори и релеи“ - Скопје: Проблеми при извоз во земјите од МАГРЕБ; 
Игор Лештар, „Сивус“ – Скопје: ИТ-индустријата како клучен  сектор во редефинирана стратегија за конкурентност на македонската економија
 * ДИСКУСИЈА

13:45 - 15:00  часот    III. ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА

Тема:„Интернационалните искуства како поттик        за зголемување на извозот на македонските компании“

Модератор: Глигор Цветанов, претседател на Клубот на  извозници 

Рафаело Бенети, ПРОМОС - Агенција за подршка на италијанските компании за извоз, Стопанска комора на Милано, Италија: Препораки за поттик и поддршка на извозните компании - интернационалните искуства за поддршка на извозно ориентираните компании во процесот на интернационализација;
Дарко Стефановски -МБПР: Расположиви инструменти за поддршка на извозно ориентираните компании;
Ирена Јакимовска, „Комфи Ангел“ - Прилеп: Пробивање на странски пазари и искуства во надминувањето на бариерите при извоз на европскиот пазар од Република Македонија;
Калин Бабушку, „Експорт Македонија“ - Скопје:
 Искуствата при пробивање на странските пазари

15:00 - 16:00 часот 
Интерактивна дискусија и презентација на препораките и  заклучоците од панел-дискусиите

Прашања,  одговори и заклучоци

16:00 часот    Коктел


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права