23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

21.03.2017 - 21.03.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар: УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕ


Еднодневен семинар:

УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕ
21.3.2017 година (вторник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат
 

Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕ.
Во современиот бизнис се` поголем број менаџери и вработените чувствуваат дека не го контролираат своето време. Не ретко слушаме дека времето управува со луѓето, а не луѓето со времето. Времето за работа никогаш не е доволно, а приватниот живот е сведен на минимум. Неуспевањето да се управува со времето ја нарушува Вашата ефективност и предизвикува стрес.
Оттука произлегува фактот дека доброто управување со времето ни овозможува да работиме попаметно - а не потешко, со тоа што ќе успеваме да сработите повеќе, а за пократко  време, дури и во ситуации кога за кратко време треба да бидеме ефикасни, а притоа работејќи под притисок.
Целта на оваа обука е да ги поттикне учесниците на обуката да управуваат со своето време. Да откријат зошто лошо управуваат со времето, како да се направат разлики помеѓу оние на кои управување со времето „им оди од рака" и оние кои не им оди од рака и без оглед на личните карактеристики постигнуваат извонредна продуктивност.
Основни пристапи на обуката се учење од практични примери, разработка на теоретски концепти, совладување на докажани техники и алатки, дискусии и учење врз основа на детални повратни информации.
За кого е наменета обуката:
Обуката е наменета за оние кои сакаат да го искористат своето време на ефикасен начин и тоа што го започнале навистина да го завршат. Обуката е наменета за професионалци во бизнисот, кои сакаат да научат како времето да стане ресурс за успех во бизнисот, а не пречка во секојдневното извршување на работата.

ПРОГРАМА
- Управување со време:
o Што е управување со време;
o Од што зависи управувањето со време;
o Личните особини и управувањето со време;
- Најчести облици на лошо управување со време:
o Одложување;
o Прекинување;
- Одложување:
o Причините за одложување;
o Надминување на одложувањата;
- Стратегија за надминување одложувањата:
o Специфични стратегии за различни причини за доцнење;
- Други форми на лошо управување со времето:
o Прекинување и справување со тоа.

Предавач:
- Младен Јовановиќ
, тренер и консултант со 14 години работно искуство. Сертифициран WIFI-тренер (WIFI - Институт за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора), со меѓународно работно искуство во повеќе области: стратешко планирање, управување со проектен циклус, организациски и тимски развој, образование за возрасни, прибирање на финансиски средства и јавно застапување. Успешно завршил голем број на програми за тренери и консултанти, вклучувајќи ги и следните програми: Strategic Frameworks во Kennedy School of Development при Универзитетот Харвард во САД, Партнери за демократски промени на Словачка, Меѓународна иницијатива за буџетот на САД, Проект на Владата на Франција во областа на ЕУ-проекти, Charity Know How UK во областа на управување со проектен циклус и модел на спирала во проектното работење. Досега, како консултант и тренер работел во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Франција и Италија.
Референци: Траг Фондација, LEONI Wiring Systems Southeast, Амбасадата на Франција во Србија, FALKE, OEBS Мисија во Србија, USAID, Институт за одржлив развој на САД, Либера - Италија, Philip Morris Int, Национална агенција за регионален развој на Република Србија и др.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот.

Работен јазик на обуката: српски.

Рок за пријавување: 15.3.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права