20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

01.02.2018


Актуелно  

Одржано предавање на тема: „ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ВРЕМЕ“ во рамки на активностите на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ


          Денес, во време кога животот се движи со многу брзо темпо, многу почесто може да се слушне изреката: Немам време! Можеме да се сетиме колкупати во изминатите неколку месеци сме си помислиле или сме ги чуле некои од овие реченици:
     • ми треба уште малку време;
     • постојано сум во трчање;
     • никогаш немам време за себе;
     • имам толку многу обврски, што прво да сторам;
     • сите се незадоволни од мене бидејќи не стигнувам да одговорам на  работните обврски;
     • фиоките ми се преполни со нерешени предмети. 


 
          Овие и уште којзнае колку реченици, секојдневно ги изговараат илјадници луѓе од различни професии. Денес, сите се во постојана трка со времето.
Точно поради тоа, во изминатите години постојано се изнаоѓале ефикасни средства за планирање на времето, односно се развивал „Time management“ или управувањето со времето, со што се овозможува да се воспостави контрола над сопствениот живот. Впрочем, кога зборуваме за управување со времето, треба да знаеме дека не го управуваме времето, туку се управуваме себе си.
Токму во таа насока беше и второто  предавање на тема: „Ефикасно управување со време“, што се одржа на 1 февруари 2018 година во Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија, а во соработка со Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“ од Скопје.
Вистинското управување со времето содржи планирање, поставување приоритети и контролирање. При овој начин на планирање на времето најважна е фазата на определување на вредностите и поставување на приоритетите.

          Главна одлика на овој начин на управувањето со времето е способноста да се  воспостават вредностите и да се утврдат приоритетите. За да се постигнат зацртаните вредности потребно е да се определат долгорочните и краткорочните цели, па потоа да се дефинираат активности за нивното постигнување. На тој начин се успева да се даде еден редослед на животните процеси. Тоа овозможува да се каже не на она што не е важно. Само „со свртувањето на грбот“ на небитните работи,  времето може да се посвети за решавање на оние што се битни.

          Согласно Годишната агенда и денес беше одржан настан кој беше многу корисен за менаџерите во Клубот на менаџери-претприемачи, при што менаџерите имаа можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од пракса кои се однесуваа на моделите на управување, со резултати и квалитет во работењето, што поттикна размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација.
Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контактите коишто Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, но и пронаоѓање партнери.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права