27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

16.05.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair" 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

05.12.2017


Актуелно  

КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности, одржан осмиот модул од предавање на тема: „МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ“


        Глобализацијата на светската економија и неопходноста од извоз и конкурентска борба на светскиот пазар е идеално време за докажување на лидерите кои можат да соберат тим на врвни менаџери и да ги поведат во остварување на сопствената визија. Тоа се процеси кои бараат од менаџерите прифаќање и примена на најновите светски искуства од областа на мотивацијата и лидерството.
Намерата на лидерството е менаџерите да ги идентификуваат главните фактори на ситуацијата и да ги прилагодат техниките на делување кон така осознаените фактори.

        Токму во таа насока беше и последното предавање од модулот: „Менаџмент вештини“  кое се одржа на 5 декември 2017 година во Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија во соработка со Љупчо Георгиев, лиценциран тренер на „Густав Кезер Тренинг Интернационал“ во Македонија.
Соогласно Годишната агенда и денес беше одржан настан кој беше многу корисен за менаџерите во Клубот на менаџери претприемачи при што менаџерите имаат можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од пракса кои се однесуваа на моделите на управување со резултати и квалитет во работењето што поттикна размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација.,
Способност да се водат луѓето и процесите е гаранција дека кои и да било  предизвици и ситуации низ кои ќе помине организацијата ќе бидат надминати на најмудар и најефикасен начин. Вложувањето во развојот на клучниот раководен кадар е вложување во сегашноста, но и во иднината на компанијата.
Иако често преку правдање дека вработените не се на потребното ниво и се бараат причините за нецелосниот успех, мора јасно да се истакне дека светлите примери на организации во кои има изразено лидерство и менаџмент покажува дека проблемот лежи на друго место.
Eден претприемач би било доволно да има способност во најкраток временски период од огромен број на информации кои ги прима да ги извлече највредните информации и врз основа на нив да донесе квалитетен заклучок врз основа на кој ќе донесе одлука.

        Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери. 

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права