23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Податоци за дејноста

Здружение на земјоделството и прехранбената индустрија


АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО И ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Земјоделството (вклучително лов, шумарство и рибарство) е третиот најголем сектор по услугите и индустријата. Учеството на земјоделскиот сектор во вкупниот БДП остана релативно стабилен со околу 10-12%, а заедно со преработувачката индустрија, процентот се зголемува на 16-18%.

Можностите за поголем придонес на оваа дејност во националната економија се значително поголеми од прикажаните, затоа што расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени и покрај традицијата во овој сектор, како и покрај поволните климатски услови (220 сончеви денови во годината).

Но македонското земјоделство во изминатите 20 години се соочува со големи предизвици. Членството во СТО, Спогодбата со ЕУ, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција.

При тоа, напуштањето на ценовната поддршка на земјоделските производи во 1997 година, за разлика од ЕУ и соседните земји, услови нелојална конкуренција од увозното субвенционирано производство. Отсуството на други мерки, како супституција на укинатите субвенции, услови продлабочување на дефицитот од година во година.

На планот на заштитата, со одделни несоодветни стапки директно се влијаеше на намалувањето на производството. Царината на белиот шеќер, пивскиот слад, месото за преработка, овошните каши наспроти бесцаринскиот увоз на готовите производи, ги чинише понеконкурентни и ги стави во нерамноправни услови на стопанисување домашните произвподители на прехрранбени производи.

Владата на РМ од 2006 година ги врати субвенциите, кои од 20 мил. евра во 2007 година, буџетските средства за субвенции во земјоделството се зголемија на 45 милиони евра во 2008 година, 70 милиони во 2009 година, 100 милиони евра за 2010година, и 115 мил. евра за 2011 година, а кај значаен број суровини за прехранбената индустрија се намали или се укина царинската стапка.

Но, и покрај системската поддршка, производните резултати во земјоделксиот сектор не забележаа подинамичен пораст. Одговорот за тоа, кои се причините и кои се клучните приоритети за позитивни движења во сите гранки на земјоделскиот сектор, ќе биде предмет на расправа на наредната седница на Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија.

ОСТВАРЕНИ РЕЗУЛТАТИ

1. Физички обем на производството - Стапката на производството во последниве години бележеше намалување во однос на претходната година, со исклучок во 2010 година, кога забележа пораст од 7,7%.

Табела 1. Стапка на физички обем на производството /2005=100
 20052006200720082009201020112016
земјоделско90,294,893,097,1100,0107,7102,198
индустриско94,7100,3104,2109,510095,2103,596

Во споредба со движењето на физичкиот обем на индустриското производство, во сите години земјоделството остварува пониска стапка, освен во 2010 година кога индустријата забележа намалување од 5%, а земјоделството пораст од 7,7%.

2. Користење на земјоделското земјиште

Во 2016 година, површината на македонското земјоделско земјиште изнесуваше до 1.121 илјади хектари, што во однос на 2005 година бележи намалување од 8,5%.

Во структурата на земјоделското земјиште, 44,2% или 509,000 хa зафаќа обработливото земјиште, кое во 2016 година забележа намалување од 5,3% во однос на 2005 година, 55,6% или 611 илјади ха зафаќаат пасиштата, кои исто така бележат намалување за 11%.

Наведената тенденција во намалувањето и на обработливото земјоделско земјиште е присутна уште од 2001 година, која тенденција не ја смени насоката и покрај позитивните системски мерки на економската политика во изминатите четири години.

Тенденција на намалување има кај ораниците и бавчите од 5,5%, кај лозјата 6%, а пораст од 7,6% кај овошните градини.

Од вкупнo 415 илјади ха под ораници и бавчи во 2011 година беа засеани 277 ха, еден хектар е под расадници. Под угари и необработена површина се 137 ха, што е 33% неискористен потенцијал од ораниците - обработлива земјоделска површина за производство на храна. Засеаната површина во 2015 година, во однос на 2006 година, намалување бележи кај пченицата за над 19 000 ха, кај јачменот за над 5.500 ха, пченката за 3.200ха, а зголемување кај оризот за 2000 ха.

Табела 2. Засеани површини одделно по категории, во ха
 200620072008200920112016
пченица99.08091.97786.89088.25679.94693.613
`рж3.9414.0743.9283.7773.5903.798
јачмен48.47248.39048.75348.75642.95943.159
пченка31.90031.06931.58232.73728.64429.168
ориз2.5252.5252.6573.1254.1264.256
шеќ. репка7 241-----
сончоглед3.7243.6764.9624.2114.0614.121
тутун17.50717.18317.06417.80920.30024.396
лозја24.25621.31221.76719.96320.03320.112
Извор: ДЗС

Шеќерната репа веќе од 2008 година не се одгледува, а кај сончогледот има благо позитивно поместување за 337ха.

3. ПРОИЗВОДСТВО

3.1. Поледелство - Согласно движењето во засеаната површина, производството на пченица се сведе на 243,000 тони, што е 27% помалку од истото во 2006 година, пченката на 130 000 тони со намалување од 13%, сончогледот бележи блага тенденција на пораст по неговото скоро исчезнување, ако се земе предвид дека во 1991 година се произведувале 38,6 илјади тони.

Тутунот задржа стабилно ниво, со одредени осцилации зависно од неговата конјунктура на светкиот пазар, согласно која во 2010 година достигна 30.000 тони, или за 3000 тони повеќе од 2005, а за 5000 тони повеќе од 2006 година.

3.2 Во градинарството, пораст во физичкиот обем на производството е остварен скоро кај сите култури, најголем пораст се оствари ка производството на пипер од 37% , а кај доматот од 44% во 2010 година во однос на 2005 година.

Постигнатите резултати во физичкиот обем на производство главно произлегуваат од поголемиот принос по единица површина (од 15,6 тони/ха во 2005 на 19,8 тони/ха во 2010 година кај пиперот, кај доматот од 20,3 тони/ха во 2005, на 29,7 тони/ха во 2010 година), а со мало зголемување на засеаната површина (пипер од 8.200 на 8.400 ха, домат од 5.700 на 5.800ха). Извор: ДЗС

3.3.- Кај добиточниот фонд, бројот на говедата во 2016 година има пораст од 1,7% во однос на 2006 година, но во рамките на истиот - матичното стадо гледано преку бројот на крави и стелни јуници е намалено за 17%, или за 28.000 грла. Бројот на овци е намелен за 18%, на живина за 23%, а бројот на свињи забележа пораст од 14%, но матичното стадо – бројот на маторици и спрасни назимки остана на исто ниво. Бројот на пчелни семејста оставри пораст од скоро 12%.

Производството на кравјо млеко од 2005 година наваму забележа значителен пораст, така што од 197 милиони литри во 2005 година се зголеми на 347 милиони литри во 2015 година, или за 76%, и покрај намалениот број на грла, Порастот се должи на зголеменото производство по грло од 2.245 литри по молзна крава во 2005 година, на 2787 литри во 2010 година (или пораст за 12% по грло).

- Производството на овчо млеко е намалено од 56,5 милиони литри во 2005 година, на 32,2 милиони литри во 2015 година, или за 20 милиони литри, како поради намалениот број на грла за 18% во наведените години, така и поради намалените литри по грло од 65 во 2005 годиина на 60 литри по грло во 2010 година.

Производството на месо во 2016 година е намалено за 17% во однос на 2006 година, а одделно по категории, кај говедското за 18% (од 7.000 на 6.000 тони), кај свинското за 4% (од 8.300 на 8.100 тони), овчото за 33% (од 7.000 тони на 4.200 тони) и кај живинското месо за 13%.

4.НАДВОРЕШНО-ТРГОВСКА РАЗМЕНА

Извозот од агроиндустрискиот сектор (прехранбени производи, пијалаци и тутун) во вкупната надворешно-трговска размена се движи во рамките од 16% до 18% во одделни години. Со проширувањето на пазарот, извозот на истите бележеше позитивна динамика, но со пониска стапка на пораст од порастот на увозот. Додека извозот забележа пораст од 38,6% во 2016 година во однос на истиот од 2006 година, увозот забележа пораст од 53,4%, или за 14,8 процентни поени повисока динамика на пораст од извозот.

Вкупниот извоз на производи за храна, пијалаци и тутун во 2006 година изнесуваше 383 милиони САД $, а увозот 401 милиони САД $, при што дефицитот изнесуваше 18 милиони САД $, а истиот во 2016 година се зголеми на 84 милиони САД $ (извоз од 531 милион САД $, а увоз од 615 милиони САД$. Во 2008 година дефицитот изнесуваше 144 мил.САД $).

Дефицитот во надворешно-трговската размена кај агроинустрискиот сектор главно произлегува од трговскиот дефицит кај производите за храна, а се ублажува со суфицитот кај пијалаците и тутунот.

Извозот на производи на храна од 191 милиони САД $ вo 2006 година, достигна 328,7 милиони САД $ во 2016 година, со пораст од 72%, а увозот од 369,2 милиони САД $ достигна 558,1 милиони САД $, со пораст од 51%.

Иако динамиката на увозот е за 21 процентни поени пониска од увозот, сепак трговскиот дефицит кај производите за храна забележа пораст од 28,9% или од 177 милиони САД долари во 2006 година. Во 2016 година изнесуваше 229,4 милиони САД долари (во 2008 година 312,4 милиони САД $ кога достигна највисоко ниво во изминатите години (во 2009 година - 277 милиони САД $). Покриеноста на увозот со извозот се движеше од 48 до 53%, единствено во 2015 година достигна скоро 59%.

Наведениот дефицит се ублажуваше со суфицитот во надворешно-трговската размена кај пијалаците и тутунот, кој постепено се намалуваше поради повисоката стапка на пораст кај увозот за 75 процентни поени од стапката на пораст кај извозот (стапка на пораст кај извозот 5,5%, а кај увозот 79,3% во 2015 година во однос на 2006 година).

Извозот од 163 милиони САД $ во 2005 година, достигна 202,5 милиони САД $ во 2016 година, а увозот од 31 милион САД $ се зголеми на 57,6 милиони САД $. Сепак извозот е скоро три пати поголем од увозот, што соодветно го намалува дефицитот во наворешно-трговската размена во агроиндустрискиот сектор.

Согласно наведеното, и покрај расположивиот неискористен потенцијал на обработливо земјоделско земјиште и пасишта, сепак земјата е нето-увозник на земјоделски и прехранбени производи, што се согледува од наведената разлика меѓу увозот и извозот по количини во 2016 година.

Табела 3: Извоз и увоз во 2016 година / во килограми
 извозувозразлика
Живи животни, освен животни од отсек 032.425.735182.7482.212.987
Месо и преработки од месо8.329.33563.199.305-54.869.970
Млечни производи и јајца3.775.45528.996.740-25.221.285
Риби и преработки од риби1.627.7807.162.402-5.534.622
Жита и преработки од жита26.675.449182.840.376-156.164.927
Овошје и зеленчук404.652.90073.161.086331.491.814
Шеќер, преработки од шеќер и мед4.358.223102.125.111-97.766.888
Кафе, чај, какао, зачини и производо од истите4.905.04920.083.619-15.178.570
Добиточна храна (освен жита во зрна)3.306.52145.680.177-42.373.656
Разни производи за исхрана и преработки11.436.08223.489.236-12.053.154
Пијалаци135.981.00050.066.40685.914.594
Тутун и производи од тутун20.694.7195.341.22915.353.490

Нето-извозници сме само кај овошјето, зеленчукот, пијалаците и тутунот, додека кај сите други производи сме нето-увозници.

4.1 Ефектите од системската поддршка упатуваат на тоа дека доколку земјоделскиот сектор ја немаше буџетската поддршка, резултатите ќе беа многу понеповолни од прикажаните. Со нивна помош производството се задржа на прикажаното ниво. Едноставно, субвенциите покрија дел од неповолниот ценовен диспаритет во оваа дејност. На една страна е ценовниот притисок од конкурентно ниски цени и од далеку повисоко субвенционираното земјоделско производство во земјите конкуренти, наспроти порастот на цените на индустриските производи, односно цените на суровините и репроматеријалите во производниот процес.

Сепак, расположивите средства за буџетска поддршка на земјоделството, налага соодветни решенија во сите клучни сегменти на агроекономијата, со цел брзо преструктуирање и прилагодување кон глобалните процеси, односно потреба од системски решенија кои треба да стимулираат конкретни активности во производството, квалитетот и квантитетот, со што ќе се обезбеди повисок степен на конкурентност на либерализираниот пазар.

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Васко Ристовски
Тел: (02) 3244014 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: vasko@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права