23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

02.11.2017


Актуелно  

Групација за безбедност и здравје при работа - ЌЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ВИСИНАТА НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА СТРУЧНИТЕ РАБОТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА


Членките на Групацијата за безбедност и здравје при работа, на состанокот  одржан на 02.11.2017 година расправаа за  состојбите во областа на безбедноат и здравје при работа и за следните оперативните активности во наредниот период и формирање на работни групи за измени и дополненија на законската регулатива од областа на безбедноста и здравјето при работа. Се истакна дека неопходни се  иницијативи за измени и дополнувања на Законот за безбедност при работа и измена и дополненија на правиниците кои се предвидени со овој закон. Во дискусијата се посочи дека сегашната законска регулатива не соодветствува со моменталните актуелни состојби во дејноста, за што се сугерира системски измени на овој закон и подзаконски акти или донесување на нов Закон за заштита при работа согласно Директивите на Европската унија.

Во расправата се побара да новиот Закон за заштита при работа да се донесе во првата половина од 2018 година за кое е потребна широка јавна расправаод стручната јавност.

 

Како приоритети за работа до крајот на 2017 и во 2018 година се нагласија промена на законската регулатива за безбедност и здравје при работа и нејзино повторно приближување кон законодавството на ЕУ, особено во начинот на полагање на стручен испит за стручно лице за безбедност при работа, начинот и условите за овластување на правните субјекти, начинот на контрола над нивната работа како и ослободување на пазарот (сега постои ценовник на услугите дефиниран од Министерството за труд и социјална политика).

Исто така, беше нагласено дека забележани се и некои неправилности при објавувањето на тендери за имплементирање на стандардите во определени компании и установи кои цени се под минимумот од утврдените со важечкиот Правилник.

За таа цел се побара да се изврши анализа од Бирото за јавни набавки за тои колку тендери се објавени и колку договори се склучени.

Во расправата повторно се актуелизираа одредбите на Правилникот за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа при што се истакна дека со истиот се утврдуваат минималните и максималните цени за извршување на стручните работи за безбедност при работа, кои не кореспондираат со трошоците кои ги имаат фирмите за извршување на својата дејнот. Се предложи да се направи нов правилник во кој ќе се утврди минималната цена но не и максималната цена.

Војкан Николовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права