22.05.2017 (Форум)
8. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ- 22-23.05.2017 САРАЕВО, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

23.05.2017 (Семинар)
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

07.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

19.05.2017


Актуелно  

КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ продолжува со редовните активности, одржано предавање на тема: “Еден од главните принципи за успех е Биди јасен(на) зошто си тука”


          Една од главните активности на Клубот на менаџери – претприемачи, покрај организирање на едукативни настани кои ќе ги задоволат потребите на менаџерите за нови информации и пренос на добри практики, е вмрежувањето во насока на креирање можности за бизнис соработка и размена на контакти. Следејќи ја својата годишна програма за 2017 година  и со цел обезбедување сѐ поголеми предности и бенефиции за своите членови, на 12.05.2017 година како дел од агендата на Клубот, беше реализирано предавањето “Еден од главните принципи за успех е Биди јасен(на) зошто си тука.”  во соработка со предавачот г-ѓа Катерина Ангеловска, која е  прв сертифициран тренер за Принципи за успех по методот на Jack Canfield на Балканот. Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник и автор на книгата 333 Афирмации.

 

          Програмата Успех без граници по која ја препознаваме Катерина Ангеловска, е базирана според принципите за успех по методот на Jack Canfield. Оваа програма е фокусирана на професионален и одржлив развој. Вклучува различни техники и алатки за личен развој и психолошките теории се дел од секојдневната пракса.
Се` што ни се случува во животот и сe` што даваме на оваа планета некако е целосно поврзано со нашата животна мисија. Овој модул е дизајниран да им помогне на учесниците да препознаат што е тоа што прави да чувствуваат радост и страст, што ќе им даде трага за нивната животна цел (мисија). Овој модул е дизајниран со идејата дека сите ние имаме животна мисија и кога ги усогласуваме нашите избори и акции со нашата животна цел (мисија), работите стануваат полесни и поедноставни, и тогаш искусуваме повеќе успех, исполнетост и радост. 
          Беше спроведена интерактивна вежба која беше дизајнирана да им помогне на учесниците да добијат поголема јасност во врска со нивната животна мисија ја усогласат својата визија и целите со нивната животна цел.

          Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, преку Клубот на менаџери-претприемачи се креираше алатка која ги поврзува сите бенефити на едно место и услуги се` со цел поддршка на малите и средни компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има  со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права