26.05.2015 (Презентација)
Бесплатна презентација на „ДЕСПРЕД ПЛЦ.“, компанија за шпедиција од Р. Бугарија

27.05.2015 (Семинар)
Еднодневен семинар:Закон за инспекциски надзор и Закон за Државен пазарен инспекторат

29.05.2015 (Бизнис средби)
Меѓународен саем за франшиза, финансиски и консултантски услуги – FEC и деловни средби, 29 мај 2015 година, во Опатија, Хрватска

03.06.2015 (Тренинг обука)
Подготовка на компаниите за аплицирање за европските програми „ХОРИЗОНТ 2020“ и „КОСМЕ 2014-2020“

04.06.2015 (Саем)
„SE TEXTILE, FASHION & FAÇON EXPO“ најголемиот Саем за текстил

04.06.2015 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:„Управување со текстилниот отпад – Како до успешна практична примена?”

06.06.2015 (Настан)
MЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА ВО ТЕХЕРАН

09.06.2015 (Семинар)
Практична обука на тема:„ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ“

10.06.2015 (Конференција)
„ПАМЕТНО ГРАДЕЊЕ НА ПАМЕТНИ ГРАДОВИ“ на 10 и 11 јуни 2015 година во Виена, Република Австрија

10.06.2015 (Конгрес)
9-ти Светски коморски конгрес - "КОМОРИТЕ ЗА ГЛОБАЛЕН НАПРЕДОК НА БИЗНИСОТ"

16.06.2015 (Бизнис средби)
Меѓународен саем за вино „Vinexpo International“ и деловни средби 16-17 јуни 2015 година во Бордо, Франција

18.06.2015 (Форум)
Економски форум за земјите од Југоисточна Европа-18 - 19 јуни 2015 година Хотел „Кемпински“, Софија, Република Бугарија

23.07.2015 (Саем)
„Патот на свилата“ - Втор интернационален саем за прехранбена индустрија и „Урумки“ - Интернационален саем за угостителство и кетеринг

Бизнис-настани

22.03.2013 - 22.03.2013


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Обука за стручно оспособување на меѓународни возачи


Обука за стручно оспособување на меѓународни возачи

22 март 2013 година
12:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, сите возачи што вршат превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај, задолжително мора да поседуваат Сертификат што го издава Министерството за транспорт и врски, чија важност изнесува 5 години и која треба да се продолжи по изминувањето на овој рок.
Сертификатот за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај се издава врз основа на уверение за положен испит, а по претходно спроведена стручна обука за таа цел. За продолжување на еднаш издадениот сертификат за меѓународни возачи  треба повторно да се полага испит, со приложување на Потврда за посетена стручна обука.
Стопанската комора на Македонија согласно Законот за превоз во патниот сообраќај е овластена да врши стручно оспообување на меѓународни возачи. За таа цел, Ве покануваме да се пријавите на обуката која ќе започне на  22 март 2013 година во Стопанска комора на Македонија во сала 1 на 5-ти кат.

Целна група

Стручното оспособување е наменето за сите возачи што вршат превоз на патници или стоки во меѓународниот патен сообраќај, без разлика на основната дејност на компанијата во која што се вработени (автобуски превозници, товарни превозници, увозно-извозни компании, логистички оператори, царински посредници, трговски компании, производни фирми, туристички агенции, заинтересирани приватни лица и др.)
Законска обврска за стручна обука имаат сите возачи вработени во правни лица што се вклучени во меѓународниот патен сообраќај, како и заинтересираните приватни лица-возачи кои по службена основа ќе бидат вклучени во  меѓународниот патен сообраќај и тоа:
 Возачи коишто до сега немаат полагано испит за добивање на Сертификат за меѓународни возачи,
 како и возачи коишто веќе имаат добиено Сертификат на којшто му изминува рокот на важноста од 5 години и чија важност треба да се продолжи за наредниот период.

Содржина на стручното оспособување

Стручното оспособување  на кандидатите - возачи и управители се врши согласно со темите утврдени во “Програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај“(„Службен весник на РМ“ бр. 39/07, 4/08, 20/09, 149/09, 38/12, 88/12 и 90/12), со кои се опфатени следните тематски области:

 Безбедност на сообраќајот на патиштата
 Меѓународен превоз на патници
 Меѓународен превоз на стоки


Предавачи:Експерти од соодветната област.

Сите учесници на обуката ќе добијат:
 работен материјал
 потврда за посетена обука.

Заинтересираните за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до 20 март 2013 година на наведените контакти.

Во прилог: Пријавен лист;


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Митко Митевски
Тел: ++ 389 2 3244015
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mite@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk


Брилијантен покровител

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права