25.01.2019 (Повик)
LETTER OF INVITATION for all interested students, graduates etc., to obtain Internships in Macedonian SME’s, related to Activity V.3 “Developing specific custom industry projects in selected DSMEs”

29.01.2019 (Семинар)
Задолжителни елементи на договорот за вработување, можност за измена на договорот за вработување во делот на плата, работни задачи, забрана за работа на работодавачот, заштита од мобинг преку инспекциски надзор

29.01.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

30.01.2019 (Семинар)
ПРИСТАП ДО ФИНАНСИИ, ВЕШТИНИ И ОРГАНИЗАЦИЈА – ПРЕДУСЛОВ ЗА УСПЕШНА КОМПАНИЈА

30.01.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА И РАЗВОЈ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ –КРЕИРАЊЕ НА ДОДАДЕНА И УПОТРЕБЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

31.01.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

31.01.2019 (Семинар)
ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА (TELESALES)

01.02.2019 (Семинар)
Планирање, анализа, организација и реализација на работењето во писарница, преку управување со списите и актите во согласност со потребите на организацијата

07.02.2019 (Семинар)
ЕФИКАСНА УПОТРЕБА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ПРИ РЕГРУТАЦИЈА НА НОВИ ВРАБОТЕНИ

07.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

14.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар:DATA MINING КОНЦЕПТИ И ТЕХНИКИ КАКО ОСНОВА НА БИЗНИС АНАЛИЗА

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

19.02.2019 (Тренинг обука)
Дводневна обука на тема:СТРАТЕГИСКО ПЛАНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА SWOT МАТРИЦА И КАРТАТА НА ВРАМНОТЕЖЕНИ РЕЗУЛТАТИ (КВР)

21.02.2019 (Семинар)
Најнови измени на Законот за јавни набавки - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.12.2018


Актуелно  

Одржан Форум на тема: „СТРАТЕШКИ РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ И ЕФЕКТИТЕ НА ДРЖАВНАТА ПОЛИТИКА ЗА НЕГОВА ПОДДРШКА“


Форумот на тема: „Стратешки развој на туризмот и ефектите на државната политика за негова поддршка“, во рамките на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ се одржа на 11 декември 2018 година, во Стопанската комора на Македонија. На Форумот присуствуваа претставници на бизнис заедницата, владини претставници, домашни и странски експерти кои ги споделија своите искуства и дадоа предлози за развивање на секторот за туризам и угостителство. Главниот фокус на настанот беше ставен на потребата од воведување категоризација и лиценци на угостителските објекти преку овозможување соодветен начин за регулирање на нелојалната конкуренција и поддршкa од државата преку креирање нови туристички производи, услуги и алатки со цел Македонија да стане атрактивна туристичка дестинација.

Туризам

„Активно работиме на премостување на проблемите и предизвиците со кои компаниите во Македонија се соочуваат секојдневно. Денес сме тука како одговор на потребите на компаниите за подобрување на квалитетот на стандардите, лиценците и категоризацијата на угостителските објекти и регулирање на нелојалната конкуренција, како и потребата од квалитетна работна сила, со цел компаниите да бидат поконкурентни на пазарот“, изјави Даниела Михајловска Василевска, координатор на Дирекцијата на здруженија и регионални комори и на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Туризам

„Следејќи ги позитивните трендови на раст на секторот угостителство и туризам кој во просек расте со над 13 проценти на годишно ниво, како по бројот на туристи кој годинава реално ќе достигне над 1 милион, со околу 3 милиони ноќевања, очекувано е дека ќе биде податок за поздравување достигнувајќи резултати од пред речиси три децении“, - потенцираше Соња Бибановска, претседателка на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија. „Она што треба да се акцентира е дека ваквите позитивни движења угостителството и туризмот ги бележат во отсуство на стратегија за туризмот, како клучен документ кој треба да го креира развојот на туризмот кој е трета најбрзо растечка гранка во светот по хемиската и нафтената индустрија. Веќе трета година секторот функционира без стратегија, бидејќи претходната беше со важност до 2015 година, а постојниот документ е само во форма на финална верзија за кој бизнис секторот има свои забелешки и констатации зошто не може да биде официјален документ кој ќе поттикне раст и развој на дејноста, - додаде претседателката на Здружението на угостителството и туризмот.

Туризам

Целта на Форумот е да се отвори дискусија за фактичката состојба на секторот и за можностите за негов развој и поддршка преку креирање нови туристички производи, услуги и алатки со поголема додадена вредност кои ќе ја направат Македонија уште поатрактивна туристичка дестинација, девизниот прилив од туризмот ќе бележи поголеми резултати и поголемо учество во вкупната домашна економија.

Државниот секретар при Министерството за економија, Зоран Павловски, потенцираше дека во владина процедура е донесување на стратегија за туризам со акционен план до 2020 година. Со Светската банка паралелно се работи и на долгорочна стратегија за одржлив туризам до 2030 година.

Туризам

Имајќи предвид дека Република Македонија има пристап кон секторот за туризам како приоритетен економски сектор преку Министерството за економија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, континуирано се преземаат низа активности со што Македонија станува се` повидлива како дестинација на светската туристичка мапа. Со денешниот настан потребно е да се заокружи мултипликативниот ефект на туризмот, како и синергијата помеѓу стопанските комори во РМ и Владата на РМ, ресорните министерства, бизнис заедницата и граѓаните.

Поздравувајќи ги присутните, м-р Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на РМ, потенцираше дека од 2018 година со препораки на Светската туристичка организација воведени се светски стандарди за промоција на Македонија преку интернет-промоции преку одредени артикли за информирање и мотивирање на туристите. На туристичкиот пазар за 2018 година во Македонија најголем пораст има на туристи од Полска кои што во последните девет месеци ја посетиле Македонија во зголемен обем од 60 до 80% по ноќевања, додека најбројни се турските туристи.

Туризам

Во своето поздравно обраќање Едвард Гонзалес, директор на Канцеларијата за општ развој на УСАИД во Македонија, истакна дека туризмот и угостителството се многу важни сектори во земјата и имаат огромен потенцијал за раст. Нивниот развој може да ја зајакне економијата, да го поттикне растот на руралните региони, го оживува природното и културното наследство, ја зголемува меѓународната препознатливост на Македонија и привлекува странски инвестиции, како и приходи од туризмот. Исто така, има потенцијал да создаде стотици работни места, особено за младите. 

Љубомир Димовски, директор на „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“, консултантска куќа од Скопје, посочи дека со поддршка на УСАИД сите четири комори од Македонија се инволвирани како партнери во имплементацијата на овој проект и тоа Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ од Скопје, и сите посветено работат на подобрување на проблематиките со коишто секојдневно се соочуваат компаниите. Преку Проектот потребно е да се идентификуваат проблемите со коишто се среќаваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива, преземање конкретни мерки за поддршка на секторот за туризам и угостителство. 

Туризам

Форумот беше поделен во две панел-дискусии на коишто учествуваа експерти, професори, претставници на бизнис секторот и на јавни институции кои што дискутираа на две значајни теми и тоа: Фактичката состојба во секторот угостителство и туризам и Успешни туристички приказни од земји во транзиција.

Сите заклучоци кои ќе бидат истакнати на Форумот ќе бидат детално разгледани од страна на коморите, што е всушност и главна цел на овој четиригодишен проект каде што е потребно да се идентификуваат проблемите со коишто се среќаваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива.

Туризам

Проектот е  имплементиран од страна на Стопанската комора на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

м-р Ивана Крстевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права