Основни информации

Здружение на металургија


Во Здружението на металургијата членуваат 20 репрезенти од дејностите :
- Вадење руди на метали;
- Производство на основни метали;
како и  комапнии од  дејностите сродни на металургијата.

Основни цели и задачи во работењето на Здружението се: да разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавање на тековните проблеми во металуршката, како клучна дејност на македонската економија,  да усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес, иницира и остварува соработка од заеднички интерес на членовите од други здруженија и меѓународна соработка, да  работи на унапредување на бизнис-климата, ја поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и др.

На седницата на Здружението на металургијата одржана на 9.5.2013 година за претседател на Здружението во следниот петгодишен период е избран  Д-р Митко Кочовски, директор во Макстил АД-Скопје.

На истата седница, согласно Правилата на организација и начин на работа, Здружението донесе одлука да не се избиrа Управен одбор, туку во работата Здружението рамноправно да учествуваат сите негови членки.

ПРАВИЛА за организацијата и начинот на работа на Здружението на металургијата

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Зорица Мешкова
Тел: (02) 3244019 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: zorica@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права