Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.07.2016


Актуелно  

СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР ВО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО СОГЛАСНОСТ СО ДОБРИТЕ ЕВРОПСКИ ПРАКТИКИ


Резултатите од Проектот „Спроведување на правото на ЕУ во животната средина“  даваат можност за поедноставен и поефикасен начин,  со примена на  добри ЕУ-практики, при спроведувањето на инспекцискиот надзор во животната средина, беше истакнато на денешната средба со новинарите во Стопанската комора на Македонија (11.7.2016 година).


За придобивките за индустријата од овој Проект говореа Дарко Блинков, државен инспектор за животна средина и постојан советник во рамките на проектот и Цесар Сеоанез, постојан претставник на Проектот во Република Македонија.

Индустриските капацитети кои вршат влијание врз животната средина, тие кои поседуваат А или Б дозвола за интегрирано спречување и контрола на загадувањето имаат законски обврски во поглед на заштитата на животната средина. При тоа, тие подлежат на редовни контроли за тоа дали операторите работат во согласност со позитивните законски прописи, односно дали се во рамките на условите утврдени во интергираните еколошки дозволи.
Проектот „Спроведување на правото на ЕУ во животната средина“ како краен производ им понуди на операторите софтверски решенија и алатки со кои ќе се поедностави процесот на контрола и инспектирање на исполнувањето на законските обврски во поглед на животната средина на  поголем број индустриски сектори (енергетика, инсталации за железо и челик, отпадни масла, преработувачки капацитети за неупотребливи возила, винарници, пиварници, објекти за преработка на месо, каменоломи и рудници и други).

 

Со примената на резултатите и крајните производи од Проектот ќе се постигне повисоко ниво на усогласеност со законодавството во животната средина за сите македонски граѓани, индустрии и останати заинтересирани страни, истакна Дарко Блинков во своето обраќање. Испорачаните главни резултати се во насока на подобрување на системот за инспекција и спроведување на животната средина, правни и институционални извештаи од оценување, извештаи со предлози за подобрување  на системот на контрола на животната средина во РМ, Предлог-закон за инспекција во животната средина, испорака на македонска верзија на софтвер за проценка на ризикот и други.
Релевантни документи и подетални информации се наоѓаат на веб-страната: www.sei.gov.mk, а истите на стопанските субјекти ќе им бидат достапни и преку веб-порталот на Стопанската комора на Македонија.
Во следниот период, Стопанската комора на Македонија во соработка со Државниот инспекторат за животна средина планира да организира едукативни настани наменети за индустријата, а со цел поуспешна и поедноставна примена на законските обврски во делот на  контролата врз животната средина.


Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права