23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.12.2017


Актуелно  

ПРОЕКТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ – ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ


Во насока на зајакнување и зголемување на конкурентноста на македонската економија со цел поефикасна интернационализација на стопанството во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, на 13.12.2017 година во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, се  одржа Форум на тема: „Преку интернационализација на стопанството до поголем економски раст”.

Воведно обраќање на Форумот имаше м-р Елена Милевска Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија, која истакна дека Проектот има за цел микро и малите бизниси од Македонија да ја унапредат нивната усогласеност со законската регулатива, а бизнис организациите, како што се стопанските комори, да придонесат во процесот на воспоставување конструктивен јавно-приватен дијалог, во насока на подобрување на регулативата.

-Имајќи го предвид фактот дека најгорливите прашања за компаниите најчесто се од правна природа и се поврзани или со менување на определени прописи заради ефикасна и недвосмислена примена, или со соодветно доследно применување на она што е пропишано со закон, улогата на стопанските комори се состои во спојување на нашето искуство и капацитети, во насока на подобрување на размената и пристапот до информации, зголемена финансиска и правна усогласеност со регулативата, подобрена бизнис регулатива како резултат на предлозите, барањата и иницијативите на бизнис заедницата, како и влијание врз севкупните економски текови,  - истакна Милевска Штрбевска.

Свое обраќање на Форумот имаше проф. д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, кој што го поддржа денешниот форум и истакна дека иако Македонија е мала држава и има мала економија, за да има успешен економски развој потребна e извозна ориентација бидејќи македонскиот извоз учествува со 53% во бруто домашниот производ, но за сериозен економски раст тој процент мора да се зголеми на 60% па дури и до 70 %.

-За да растат бројките, компаниите мора да се стимулираат, да креираат производи и услуги со додадена вредност, односно да се инвестира во знаење, иновации и нови технологии, - посочи д-р Анѓушев.

Проф. д-р Анѓушев најави дека Владата на РМ за 2018 година ќе работи на конкретни мерки со цел стимулација на македонските компании и владеење на правото за политичка и економска стабилност. Тој посочи дека постојат реални услови за сите компании во Македонија да ги прошират своите извозни капацитети и да креираат производи и услуги коишто ќе бидат конкурентни не само на домашниот, туку и на странските пазари и јавно ги повика сите домашни компании да инвестираат во Македонија.

На Форумот свое обраќање имаше и Едвард Гонзалез, директор на Канцеларијата за развој, УСАИД во Македонија, кој истакна дека УСАИД во Македонија  е веќе 25 години и посветено работи во делот на економскиот развој, а главен  фокус е подобрување на бизнис климата во Македонија, поттикнување на извозот и финансиска поддршка на компаниите.

- Извозот е многу важен за мала земја како Македонија, развивањето на нови производи и услуги со додадена вредност е значајно за компаниите, а особено значаен е јавно приватниот дијалог за двете страни, со цел подобрување на конкурентноста на компаниите за настап на нови пазари, -посочи Гонзалез.

На Форумот свое обраќање имаше и Љубомир Димовски, директор на „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“, консултантска куќа од Скопје, кој посочи дека со поддршка на УСАИД сите четири комори од Македонија се инволвирани како партнери во имплементацијата на овој проект и тоа Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ од Скопје, и посветено работат на подобрување на проблематиките со коишто секојдневно се соочуваат компаниите.

Денешниот Форум беше поделен во три панел-дискусии на коишто учествуваа експерти, професори, претставници на бизнис секторот и на јавни институции кои што дискутираа на три значајни теми, и тоа: „Градење на конкурентноста и  зголемување на извозните потенцијали на македонските компании во процесот на интернационализација“; „Настап на нови пазари и дефинирање на конкурентните сектори во македонската економија како неопходни чекори во елиминирање на бариерите во процесот на интернационализација - препораки и заклучоци“ и „Интернационалните искуства како поттик за зголемување на извозот на македонските компании“.

На Форумот над 100-тина претставници на бизнис секторот од Македонија земаа активно учество во панел-дискусиите, при што се донесоа следните  поважни заклучоци важни за раст и развој на македонското стопанство преку:

- стратегија за извоз;
- хармонизација на законската регулатива;
- реформа на даночниот систем;
- финансиска поддршка на компаниите со помош на финансиски инструменти;
- потпишување билатерални спогодби со земјите од Блискиот Исток и Магреб;
- поттикнување на иновативноста;
- активна политика на вработување;
- научно и технолошко поврзување;
- јакнење на јавно-приватно партнерство и
- зголемување на интернационализацијата.

Сите заклучоци кои беа истакнати на Форумот ќе бидат детално разгледани од страна на коморите што е всушност и главна цел на овој четиригодишен проект каде што е потребно да се идентификуваат проблемите со коишто се среќаваат компаниите со цел подобрување на законската регулатива, за преземање конкретни мерки за поддршка на компаниите и нивните извозни активности.

Проектот е  имплементиран од страна на Стопанската комора на Македонија, во соработка со „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија, партнери во Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“.

м-р Сања Николова
м-р Ирена Мојсовска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права