23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

01.02.2018 (Инфо сесија)
ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ, УНАПРЕДУВАЊЕ И КОНКУРЕНТНОСТ НА КОМПАНИИТЕ

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Одлуки и иницијативи

Здружение на земјоделството и прехранбената индустрија


ИНИЦИЈАТИВИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР

 
  1. Да се донесе Закон за земјоделство, како појдовен основен закон, со кој функционално ќе се одреди што е се потребно во земјоделството за одржлив развој и соодветно преструктуирање на земјоделско прехранбениот сектор;
  2. Согласно утврдените цели и задачи во Економската програма на Владата на Република Македонија инто да се донесе Акциониот план за спроведување на мерките со одредени рокови i носители
  3. Со Буџетот на РМ да се обезбедат финансиски средства за субвенции во земјоделството. Обезбедените средства да се насочат кон регресирање на цената на репроматеријалите (гориво, семе, минерални ѓубрива) и добиточна храна;
  4. Субвенции во земјоделството- Отсуството на системската подршка во земјоделското производство од 1997 година ,наспроти високо субвенционираното производство кај земјите во регионот и ЕУ, услови перманентно продлабочување на дефицитот во надворешно трговската размена со земјоделско прехранбени производи, при што од 6,2 милиони долари суфицит во 1996 година, во 2005 година дефицитот достигна 153 милиони САД$. Ова укажува на ниската конкурентност на домашното земјоделско производство условена главно, покрај другото, од нелојалната конкуренција по тој основ од земјите увознички. Со цел обезбедување на повисок степен на конкурентност неопходно е со Буџетот на РМ за 2007 година да се обезбедат финансиски средства во вредност од 17,5 милиони ЕВРА (во рамките на даденото право од СТО) за субвенции односно дирекна подршка на земјоделските производители.Тие средства континуирано да се злолемуваат за да во 2009 година изнесуваа 70 милиони евра.За наредната година планирани се 90 милиони евра субвенции за земјоделството;
  5. Да се обезбеди системска поддршка за поттикнување на извозот на прехранбените производи со повисок степен на преработка;
  6. Да се повлече толкувањето за наплата на персонален данок на доход за физички лица - нерегистрирани производители на земјоделски производи, кое од 1.1.2007;
  7. Да се забрза процесот на апроксимација на националната законска регулатива со ЕУ регулативата, особено во делот на правилниците за квалитет на земјоделско-прехранбените производи;
  8. Иземање на новите давачки за надомест на користена вода во Законот за измена и дополнување на Законот за водите Со донесените измени во Законот за изменување и дополнување на Законот за водите се воведоа нови давачки за одредени стопански субјекти, што е спротивно на Уставот на РМ. Имено, согласно Член 55 од Уставот, Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Во тој контекст со измената и дополната на Законот за водите, нарушена е уставната еднаква правна положба на засегнатите стопански субјекти со останатите корисници на вода за комерцијални цели.
    Покрај наведеното, со неоправдано воведените давачки, негативно се влијае врз конкурентноста на пазарот на одредени производи, ште ќе резултира со негативни движења во тековното производство.
  9. Воведување компензациона давачка за млекото- Повисокиот степен на конкурентност на увезените количини на млеко и преработки од млеко, па и со платени увозни давачки ( над договорените квоти), условен од системските субвенции во земјите извознички (дирекна подршка на фармерите, премиии за откупено млеко, извозни рефундации односно стимулации и други), во отсуство на истите системски мерки кај нас резултира со енормно висок пораст на увозот во последните пет години.
    Енормниот увоз главно условен од нелојалната конкуренција резултира со сериозни штети кај домашното производство:
     
    • Сточиот фонд- бројот на крави и стелни јуници во 2005 година се намали за 2,5% во однос на 2004 година;
    • Производството на кравјо млеко во 2005 година во однос на 2004 год, се намали за 8%;
    • откупот во 2005 се зголеми за 40% во однос на 2004, како последица на неможноста фармерите да пласираат сопствени млечни преработки, па млекото го предаваа во откупните мекари;
    • Откупните цени во просек опаднаа за 15-17%, а цените на преработките од млеко за 12.

    Стапувањето на сила на целосната либаерализација со северниот сосед кој покрај премија има и извозна стимулација од 20% дополнително ќе ги изостри состојбите, а опасноста од сериозна штета очигледно е неизбежна, доколку не се преземат итно соодветни систесмки мерки..
    Тоа налага потреба да согласно член 46, став 1, од Законот за трговија, Владата на РМ , пропише компензациона давачка во висина која ќе ја изземе нелојалната конкуренција по тој основ.
  10. Евидентни маркици за брашното- Со цел изземање на нелегалната трговија на пазарот на брашно во земјата, што дирекно се рефлектира во ниските пазарни цени на истото, и ги пореметува реалните ценовни односи меѓу пченицата и брашното, неопходно е воведување на евидентни маркици во прометот на брашно.
    Со соодветен пропис за нивно воведување ќе се одредат условите за ставање на брашното во прометот на домашниот пазар, односно ќе се одреди начинот и постапката за евидентирање и обележување со евиденциски маркици на брашното кое се произведува во земјата, увезува или извезува.
  11. Укинување на увозните давачки преку постапката за воведување на автономни мерки за укинување на увозните давачки- Врз основа на член 4 од Уредбата за поблиските услови кои мора да бидат исполнети за стоката да може да биде предмет на автономни мерки за намалување или укинување на увозните давачки ,постапката за воведување на автономни мерки како и начинот на нивно распределување или користење, Стопанската комора на Македонија бара укинување на увозните давачки на одделни суровини, репроматеријали и опрема за:
     
    • за основните суровини за производство на пиво;
    • преработките од месо;
    • кондиторските производи

    Покрај тоа што укинувањето на увозните давачки на основните суровини и репроматеријали кај наведените дејности ќе се даде значаен придонес во обезбедувањето континуитет на производството пред се преку обезбедувањето еднакви услови за производство на домашните и увозните производи, исто така со истото ќе се корегираат одредени грешки направени при преговорите со СТО, да суровината има повисока царина од готовиот производ кај одредени дејности..
  12. Елиминирање на диспаритетот во цената на цигарите- Зголемената цена на цигарите на домашниот пазар во износ од 9 денари, и тоа, за надоместок за здравство - 5 денари/ по кутија, надоместок за екологија - 1 денар/ по кутија и надоместок за примарното тутунско и земјоделско производство - 3 денари/по кутија цигари услови несоодветно односно нерамноправно оптоварување на различните видови цигари, што дирекно се рефлектира во прометот на истите. Со цел изземање на несоодветното ценовно оптоварување по видови цигари, се бара процентуално покачување на цената за наведената намена , како и укинување на давачките за здравството.
 
Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Васко Ристовски
Тел: (02) 3244014 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: vasko@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права