23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

06.11.2017


Актуелно  

Клуб на менаџери-претприемачи - РЕАЛИЗИРАН НАСТАН ЗА УЧЕЊЕ ВО РЕЛАКСИРАНА И ПРОДУКТИВНА АТМОСФЕРА


          Клубот на менаџери-претприемачи, за своите компании-членки во периодот од 3-4 ноември  2017 година, во хотел „Аурора resort&spa“ во Берово го реализираше Вториот team building како дел од Агендата за 2017 година.
Хотел „Аурора resort&spa“ во Берово, сместен во срцето  на Малешевијата, на брегот на Беровското езеро нуди задоволство на сите сетила. Направен е по светски еко-стандарди од вулкански камен стар три милиони години и од дрво, со што одлично се вклопува во природата која плени со своето раскошно зеленило.

        На членовите на Клубот  на менаџери-претприемачи им се овозможи ексклузивна можност  да во една таква прекрасна средина  го реализираат едукативното предавање “Менаџмент вештини”, во соработка со тренерите Благе Алексов и  Љупчо Георгeив. Пред учесниците тренерот Љупчо Георгиев потенцираше дека позитивните промени во стратегијата на однесувањето на вработените во менаџментот, продажбата и целокупната организација, се темел за успешна политика на секоја фирма. Во динамично бизнис опкружување секојдневните предизвици на менаџерите стануваат се' поголеми и потешко се доаѓа до правилниот одговор и решение на многубројните прашања, проблеми и предизвици.
Предавачот Алексов се осврна на менаџментот, при што истакна дека е тоа мошне комплексна задача која во денешни услови тешко може да биде вршена само од еден човек и затоа, по правило, управувањето во големите организации е доверено на група луѓе – менаџери кои мора да имаат соодветни знаења, искуство и вештини потребни за успешно изведување на задачата. Посебно со  користењето на информатичките технологии менаџментот значително е унапреден, особено со продорот на информациите и знаењата како постојана потреба на менаџерите и другите вработени, како и можноста за моментален увид и пресек на состојбата на сите компоненти од работењето на организацијата, во кое било време. Исто така, соработката на научните установи со бизнис - заедницата и користењето на научните сознанија со практична примена во реални услови, континуираните истражувања и развојот, придонесоа за натамошно осовременување и унапредување на менаџментот.

        Покрај учење во опуштена и продуктивна атмосфера, учесниците имаа доволно време да меѓусебно подобро да се запознаат едни со други, што секако води до поголема блискост и пријателство. Дружењетото и заедничките поминати минути во споделување на меѓусебни искуства за време на тим- билдингот дефинитивно направи  сите да се опуштат и да го дадат најдоброто од себе без дополнителен притисок од околината или строго зацртани временски рокови.
Мотивацијата за работа несомнено се зголемува по завршувањето на настан како тим-билдингот. По работната атмосфера се чувствуваше опуштеност, позитивна енергија, со еден збор поинаква вибрација за работа  и поттикна размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација.


        На сите менаџери, соработници и членови на Клубот на менаџери претприемачи им се заблагодаруваме за продуктивно поминатото време во овие два дена. Продолжуваме со следниот едукативен настан кој ќе се одржи веќе на 10.11.2017 година со нова тема.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права