23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Податоци за дејноста

Здружение на информатичко-комуникациски технологии


 

Анализа на ИКТ секторот

Во ИКТ секторот има 1.446 активни претпријатија (на крајот на 2013), каде работат 16.205 вработени или 2,4% од вкупната вработена работна сила (2Q 2014), кои придонеле 4,1% од вкупната додадена во земјата, или 288,3 €. Во 2013 година овој сектор извезол информатички услуги во вредност од 119,7 милиони €  што претставува 13% раст во споредба со 2012 година. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е 564 € (август 2014 година).


Анализа на ИТ секторот

Кога ќе се исклучи "К" (комуникаци)  од „ИКТ“  тогаш повеќето од компаниите во ИТ секторот се концентрирани во Одделението 62: Компјутерско програмирање, консултантски и сродни активности.
ИТ секторот на крајот на 2013 година се состоел од 539 активни компании, од него 88% микро и 11% мали претпријатија, што претставува раст од 30% во текот на 2010 година. Овие компании вработиле 2.586 работници во 2013 година, што претставува пораст од 123% во текот на 2010 година и придонесува со бруто додадена вредност од 33,13 милиони € во 2011 година во Одделението 62 (10,7% од вкупниот ИКТ сектор), што претставува зголемување од 48% во споредба со 2009 година. Покрај ова, бруто додадената вредност по вработен во Одделението 62 било 13.530 € (2011), а просечната месечна плата по вработен во Секторот за 62 во август 2014 година била 738 €,што претставува пораст од 47% во текот на 2010 година.


Извозот на компјутерски услуги во 2013 година бил 52,4 милиони евра или 44% од вкупниот извоз на ИКТ во 2013 година. Просечната вредност на извозот по вработен во Одделението 62 била 18,100 € (2013).


Вредноста на извозот на компјутерски и информациони услуги во милиони долари, 2000-2013, според Светската трговска организација (2014) е следна: извозот на ИТ секторот се зголемил од 2010 до 2013 за речиси 70 пати или со сложена годипна стапка на раст (CAGR) од 38%.

 

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти



Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари 2016 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.8% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 69.3% од деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop,
smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 14% од вработените во деловните субјекти.
52.5% од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден социјален медиум. Повеќе на http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?id=76&rbr=2136

20.08.2015

Ве известувам дека Владата на Република Македонија, на својата седница одржана на 19ти август 2015 година, ја усвои Националната Краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017 и нејзиниот Акциски план.

Националната Краткорочна ИКТ Стратегија 2016-2017

Акциски план

 

1.09.2014  

Информатичка технологија и реформа во јавната администрација

Владата ќе продолжи да ја имплементира Програмата за развој на информатичкото општество во која се опфатени основните столбови на Дигиталната агенда 2020 поставена за земјитe членки од  Европската Унија и во таа насока ќе продолжи со инвестиците во информатичкото  општество.  Во  оваа  Програма  предвидена  е  поддршка  за  поголемо учество  и  конкурентност  на македонските   ИТ-компании  на  Европскиот  единствен дигитален пазар, воведување на единствени стандарди и  интероперабилни системи на државните институции, максимална заштита на граѓаните и нивните лични податоци при користењето на Интернетот, воведување на супер брз Интернет со брзини од 100Мб/с, стимулирање на ИКТ истражувања и развој и подобрување на дигиталната писменост, способност и инклузивност. Целите за развој на информатичкото општество се:

      - 80%  од  населението  на  Македонија  до  2018  година  да  биде  покриено  со широкопојасен интернет

      - бројот на домаќинства што користат интернет да се зголеми до 90% до 2018 година

      - најмалку 33% од малите и средни фирми да продаваат свои производи онлајн до 2018

      - да се намалат цените на рoаминг-услугите за граѓаните на Македонија

      - да се зголеми бројот на електронски  јавни услуги со висок степен на софистицираност.

(Повеќе)

 

Македонија 36-та во Европа, а на 60-то место во светот по користење на интернет (ВЕЧЕР)

Од ИТУ измериле дека македонскиот ИДИ изнесува 5,77. Во Европа сме на 36. место за 2013 година, а во глобални рамки на 60. место, но лани сме направиле скок од две места во однос на 2012-та. Со понизок развој на ИКТ од нашиот се Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и на дното на листата е Албанија со ИДИ 4,72
Данска, Шведска и Исланд се на првите три места на листата на европски држави со највисок индекс ИДИ кој го мери развојот на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ).
Овие северноевропски држави се и на врвот на глобалното рангирање за 2013 година, држејќи го првото, третото и четвртото место на ИДИ индексот кој комбинира 11 индикатори во една репер мерка која служи за следење и споредување на ИКТ во земјите во светот, односно за нивната развиеност и распространетост во користењето на информатичките технологии.
За споредба, данскиот ИДИ изнесува 8,86, Шведскиот е 8,67, а многу блиску е и исландскиот - 8,64.
Овие бројки се содржани го годишниот извештај на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ) при ОН, каде е подготвен список на земји кои имаат најголем број интернет-корисници по глава на жител, како и држави во кои интернетот најбрзо се шири.
Според овој извештај, европскиот просек на ИДИ е 7,14.
Каде се наоѓа Македонија во оваа конкуренција.
Од ИТУ измериле дека македонскиот ИДИ изнесува 5,77 и со тоа се наоѓаме во долниот дел од табелата.
Во Европа сме рангирани на 36. место за 2013 година, а во глобални рамки на 60. место, но лани сме направиле скок од две места во однос на претходната година.
Со понизок развој на ИКТ од нашиот се Црна Гора, Турција, Босна и Херцеговина и на дното на листата е Албанија со ИДИ 4,72.
Босна и Херцеговина иако е во долниот дел на ранг-листата, во 2013 година има направено најголемо подобрување од сите европски земји споредено со 2012 година и тоа со скок од 74. на 69. место.
Но, има и европски земји со пад на ранг-листата на индексот ИДИ. Кај Полска падот е седум места, Црна Гора е шест, Грција и Португалија паднаа за четири места, а Хрватска, Кипар и Чешка за три места и го загубија чекорот со земјите од Заедницата на независни држави, Северна и Јужна Америка, како и регионот на арапските држави чиј развој на ИКТ оди нагоре.
Инаку, три милијарди луѓе во светот моментно користат интернет, а Данска е земја со најбрза стапка на раст на нови корисници по глава на жител.
До крајот на оваа година околу седум милијарди луѓе ќе користат мобилен интернет, што е всушност еквивалентно на бројот на луѓето во цел свет.
Иако мобилниот интернет е од клучно значење за оние кои живеат во рурални и неразвиени подрачја, голем дел од овие седум милијарди се корисници кои имаат повеќе профили и живеат во економско силни општества.
Пристап до интернет од дома имаат три четвртини од европските домаќинства.
Највисока пропорција на домаќинства приклучени на Интернет се наоѓаат во Исланд (96%), Луксембург (95%), Холандија (95%) и Норвешка (94%).
Албанија е последна со 22% пенетрација на домаќинства со пристап на интернет.
Безжичниот широкопојасен интернет е достапен во секоја европска земја, а големо мнозинство на земјите имаат стапка на пенетрација од над 50%.
Води Финска со 123,4%, Шведска 110% и Данска 107%, додека Албанија, Унгарија, Босна и Херцеговина се со најниски стапки.
БиХ има најголем раст на пенетрацијата на безжичен интернет од 12% на 24% во однос на 2012 година, во Македонија растот е од 19% на 28%.
Пенетрацијата, пак, на фиксниот широкопојасен интернет во регионот изнесува 27% на крајот на 2013 година, а глобалниот просек е 9%.
Сите балкански земји се над европскиот просек, исклучок е само Албанија каде само 6% од домаќинствата користат фиксен широкопојасен интернет.

Број на активни деловни субјекти, 2013 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2013 година изнесува 71 290.
Најголемо учество во структурата имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 25 429 субјекти или 35.7% и Преработувачка индустрија со 7 918 субјекти или 11.1%.
Најмала застапеност имаат секторите: Рударство и вадење на камен со 164 субјекти или 0.2% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 132 субјекти или 0.2%.

Во секторот Информации и комуникации има 1 446 субјекти со 2,0 % учество во вкупната структура.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 85% имаат деловните субјекти со 1-9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број на вработени (без податок за вработени) со 6.2%, па субјектите со 10 - 19 вработени со 4.2%, потоа субјектите со 20-49 вработени чие учество изнесува 2.5 %, со 1.8% учествуваат субјектите со 50-249 вработени и само 0.3% од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени.

Користење на информатичко-комуникациски технологии во деловните субјекти во 2013 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2013 година, широкопојасен пристап на интернет (преку фиксна или мобилна конекција) имале 91.5% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Пристап на интернет преку мобилна конекција (широкопојасна или друг вид на мобилна конекција) имале 43.8% од деловните субјекти, 57.4% од деловните субјекти за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието, а 41.0% на своите вработени им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет за деловна употреба.

Во јануари 2013 година, 32.4% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, а 26.1% од вработените, најмалку еднаш неделно користеле компјутер со пристап на интернет. Преносливи уреди (пр., notebook, laptop, smartphone, PDA phone), кои овозможуваат мобилен пристап на интернет, за деловна употреба користеле 6.6% од вработените.

Употребата на социјалните медиуми, како социјални мрежи, блогови, веб-страници за споделување на мултимедијална содржина (пр., Facebook, Twitter, YouTube, итн.), или wiki-алатки за споделување знаење, била застапена кај 36.2% од деловните субјекти.

Новите земји во ClickAttack Q извештајот

Скопје, 23 април 2013 (МИА) - Што е ново во мобилното огласување за 2013 година во Југоисточна Европа? Еден од новитетите е ширењето на ClickAttack во земјите од регионот. Заради таа причина во најновиот извештај за првиот квартал од годинава се објавени трендовите и статистиката не само за Хрватска, туку и за Босна и Херцеговина и Македонија.

Првпат може да се спореди мобилното огласување во земјите од Југоисточна Европа. Дали трендовите се исти во сите земји? Или ве очекува изненадување? Што е со таблетите? Дали расте нивната популарност во регионот? Q1 извештајот нуди одговори на ова, но и многу други прашања, но најдобро е да откирете сами!

Уште една новина во ClickAttack Q-извештајот е споредбата на користење на мобилниот интернет по ден и час во сите три земји, информација која е витална во планирањето на вашите мобилни кампањи. Се ова, а и многу повеќе, можете да најдете во ClickAttack Q 1 извештајот: http://www.clickattack.com/q-report/

РАЗВОЈОТ НА ИКТ СЕКТОРОТ ВО СВЕТОТ - информацијата е објавена во Бизнис ИНФО број 74, на стр 32

ЕЛЕКТРОНСКАТА ТРГОВИЈА И ИНТЕРНЕТОТ ВО МАКЕДОНИЈА

Според последното објавено соопштение на Државниот завод за статистика од оваа област, во Република Македонија, во јануари 2012 година, 87% од деловните субјекти со 10 и повеќе вработени имале широкопојасен пристап на интернет. Во јануари 2012 година, 33% од вработените во деловните субјекти со 10 или повеќе вработени при вршењето на работните задачи користеле компјутер најмалку еднаш неделно, а 28% од вработените, најмалку еднаш неделно користеле компјутер со пристап на интернет. Приближно една четвртина (26%) од деловните субјекти, на своите вработени, за деловна употреба, им обезбедиле преносливи уреди со кои се овозможува мобилна конекција на интернет, а 36% за своите вработени обезбедиле далечински пристап до системот на е-пошта, документите или апликациите на претпријатието. Евидентирано е дека 17% од деловните субјекти (10+) имале вработено лица со специјалистички вештини за ИКТ/ИТ. Најголем процент на вработување на специјалисти за ИКТ/ИТ е забележан кај големите претпријатија со 250 или повеќе вработени (62%). Повеќе >>>

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Лазо Ангелевски
Тел: (02) 3244090 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: laze@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права