23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

29.11.2017 (Настан)
Симпозиум на тема:„Нови хоризонти во економската соработка меѓу Македонија и Турција„ - 29.11.2017

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

13.11.2017 - 13.11.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРСОНАЛНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И СИСТЕМСКО УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИТЕ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ


Еднодневен семинар на тема:

ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО ПЕРСОНАЛНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА И СИСТЕМСКО УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИТЕ ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ
- пристапи за намалување на административната документација, оптимизација на деловните процеси и креирање правилници за вработените во рамките на законската регулатива-

13.11.2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат

        На еднодневниот семинар учесниците ќе се запознаат со потребната документација за имплементирање и почитување на законската регулатива на Р. Македонија во делот на персонална администрација на компаниите, како и со алатки и техники кои  овозможуваат успешно управување со талентите во нивната компанија. Тие ќе стекнат основа за создавање организации кои функционираат согласно законските правила на државата и организации кои ги препознаваат, ценат и развиваат своите најдобри вработени.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Кои се бенефитите од правилно имплементирана законска регулатива?
- Што се подразбира под персонална администрација?
- Каква документација опфаќа персоналната администрација?
- Дали може и како да ја намалиме персоналната администрација?
- Што подразбира управувањето со таленти?
- Како да привлечеме квалитетни вработени?
- Како да ги препознаеме и да ги развиваме талентите?
- Како да ги задржиме нашите најдобри вработени?

Програма на семинарот:

- Толкување и имплементација на законската регулатива;
- Персонална администрација;
- Организациона структура;
- Досие на вработен;
- Опис на работно место;
- Персонален правилник;
- Дисциплински правилник;
- Кодекс за етичко однесување;
- Процедура за мобинг;
- Намалување на персонална администрација;
- Анализа и буџетирање;
- Оптимизација на деловни процеси;
- Регрутација на таленти;
- Модел на управување со компетенции на вработени;
- Задржување на талентите;
- Развој на кариера на вработените;
- Анализа на тренд на работна сила.

Придобивките на организациите кои ја организираат персоналната администрација во рамките на законската регулатива и успешно управуваат со нивните таленти:

- Основа за долгорочен раст и развој на организацијата;
- Минимизирање на трошоците од законската регулатива;
- Подобра ефективност на деловните процеси;
- Точна распределба на улоги и одговорности;
- Ефикасна организација на работата;
- Рамноправна поделба на трудот;
- Пренесување на организациските норми и вредности;
- Поголема компетитивна предност на пазарот;
- Подобрување на моралот на вработените;
- Среќни и лојални вработени;
- Поголема ангажираност кај вработените;
- Зголемена продуктивност во работењето;
- Намалување на боледувањата и заминувањата на вработените;
- Зголемување на ефикасноста на компанијата.

Предавач:

- Наташа Алексовска, основач и  деловен консултант во Компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“, компанија посветена на поддршка на клиенти во воспоставување на функцијата на човечки ресурси, структурна трансформација на функцијата на човечките ресурси од оперативен во стратешки модел, деловни промени и трансформација на организации, програми за намалување на трошоци, имплементација на системи и подобрување на оперативната ефикасност. Наташа Алексовска е професионалец во областа на човечките ресурси со повеќе од 13-годишно искуство од областа, вклучувајќи меѓународни средини во јавни и приватни претпријатија, како и поранешни јавни претпријатија трансформирани во приватни ентитети; докажано и успешно лидерство во компании кои го менуваат начинот на раководење преку развој и примена на современи практики за човечки ресурси кои водат до блиски врски на деловните партнери со целите на компанијата по пат на регрутирање, развој на кадри, управување со таленти, управување со ефективност во работењето, информатички системи за човечки ресурси, консалтинг со извршното раководство, сè со цел да се постигне оптимално планирање, управување и искористување на внатрешните потенцијали и ресурси. Таа има широко познавање и практично искуство во законската регулатива, буџетирањето, анализи и иницијативи за заштеда на средства, организациско порамнување, управување со промени и односи со синдикати и вработени.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 9.11.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права