28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

19.06.2018


Ставови  

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДОЛЖАТ СО ПОЗАБРЗАНО ТЕМПО


М-р Игор Тасевски,
Стопанска комора на Македонија

Стапката на реален раст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје годинава од само 0,1%, покажа дека реализираните економските активности не ги забележаа очекуваните подинамични движења.

Првиот квартал годинава е петти квартал по ред (по претходните четири квартали од минатата година), во кој македонската економија во услови на ценовна стабилност остварува незадоволителни резултати, односно резултати на стагнирање наспроти потребата од позабрзани позитивни економски текови.

Главниот чинител за незадоволителниот раст на БДП во првиот квартал годинава, според компонентите на БДП по производен модел, е падот во градежништвото за 37,2%.

Имено, вредноста на извршени градежни работи  од страна на деловните субјекти од областа на градежништвото, за трите месеци годинава е намалена за 36,5%,  ефективните  часови  за  8,1%, како и бројот на вработените за 6,7% во однос на истиот период минатата година.

Ако на ова се додаде и намалувањето кај услужните сектори - информации и комуникации за 6,9%; финансиските дејности и дејностите на осигурување за 0,8%, јавната управа и одбраната намалување од 1,6%, не може да се добие поповолна позитивна стапка и покрај растот на бруто додадената вредност кај секторот земјоделство, шумарство и рибарство од 6,6%; рударство, преработувачка индустрија; снабдувањето со електрична енергија, за 1,4%, во чии рамки преработувачката индустрија оствари раст од 5,5% која е главно условена од растот на физичкиот обем на индустриското производство кај истата за 7,4%, во трите месеци годинава.

Најголемото негативно отстапување и најнеповолната макроекономска карактеристика што го обележа првиот квартал годинава, е намалувањето на бруто инвестициите од 9% во БДП, што главно се должи на ниската реализација на капиталните инвестиции од една, како и сеуште недоволниот оптимизам или  охрабрување за инвестиции во приватниот сектор, од друга страна, и покрај позитивниот раст на странските директни инвестиции.

Имено, во првиот квартал годинава странските директни инвестиции бележат раст од околу 113% во споредба со истите од првиот квартал лани. Исто така, повисоки се за околу 3,3% во однос на вкупните директни инвестиции за цела 2017 година, што е добар показател за враќање на довербата во институциите.

Од друга страна, вкупната финална потрошувачка, во првиот квартал забележа раст од само 1,5%, во чии рамки финалната потрошувачка на домаќинствата од 2,3%, а финалната јавна потрошувачка забележа намалување за 1,4% што сепак е позитивна тенденција од аспект на фискалната консолидација.

На крајот, извозот на стоки и услуги, како компонента на БДП по расходниот модел, забележа раст од 10,6%, а увозот раст од 5,1%, при што извозот забележа позабрзана динамика на раст од увозот за 5,5 индексни проценти, што е и вообичаена појава при пониско користење на капацитетите во суровински увозно зависните економии.

Сепак, ако незадоволителните резултати во претходните четири квартали односно во минатата 2017 година, беа главно условени од политичката криза и нејзините последици, првиот квартал годинава ни покажа дека опоравувањето на македонската економија започна многу бавно и покрај поволното надворешно опкружување, како на пример во земјите кои се наши крајни извозни дестинации.

Според бизнис заедницата, во очекување на позабрзани реформи од носителите на економската политика, се уште оптимизмот не е на потребното ниво за да услови позабрзани економски активности, а од друга страна свое соодветно влијание имаат и општо познатите перманентно присутни ограничувања. На пример, според деловните тенденции во преработувачката индустрија, за  мај годинава, просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти изнесува 67,4 % од нормалното искористување, а најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат: недостатокот од квалификувана работна сила со 23%, недоволната домашна побарувачка со 18,7%, недоволната странска побарувачка со 18,4 % и финансиските проблеми со 10,1 %.

Согласно наведеното, неопходниот раст на оптимизмот кај приватниот сектор за нови инвестиции во производните и извозните сектори покрај системската поддршка со Законот за финансиска поддршка на инвестиции, налага забрзување на потребните реформи согласно Програмата за работа на Владата на РМ 2017-2020, пред сè во делот на владеење на правото од аспект на заштита на сопственоста, создавање услови за посилна кредитна активност кон стопанството, зголемување и реализација на инвестициите во инфраструктурата, елиминирање на „сивата“ економија и евидентирање на средствата во легалните текови, како и зголемување на транспарентноста и ефикасноста на јавните набавки.











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права