22.05.2017 (Форум)
8. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ- 22-23.05.2017 САРАЕВО, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

23.05.2017 (Семинар)
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

07.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

31.05.2017 - 31.05.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ


Еднодневен семинар:

RBT-RISK BASED THINKING -  
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК  ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ  ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31 мај 2017 година (среда)
9:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

Стопанската комора на Македонија на 31 мај 2017 година организира еднодневен семинар на тема: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК  ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ  ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ.


„Постои ризик, а постои и сигурност. Чамецот во пристаниште е сигурен, но со тек на време му скапува дното." Џ Браун (J. Brown)


Во согласност со ISO 9001:2015, секоја организација има обврска да утврди дали постои ризик во работењето, како и да најде адекватни решенија и можности кои треба да се имплементираат, се` со цел системот на менаџмент со квалитет да ги постигне посакуваните цели, односно производите и услугите да се усогласени, да се спречи непосакувано надворешно и внатрешно влијание и да се оствари подобрување на системот, на производите и на самите процеси.
Пред организациите секогаш постојат  нејасни прашања за тоа како да извршат проценка на ризикот, во кои процеси е неопходно да се процени ризикот, кој треба да ја спроведе проценката  на ризикот и  како понатаму да постапува со значајните ризици и истите да се намалат или елиминираат. Во текот на семинарот на учесниците ќе им бидат посочени алтернативни можности и  одговори на повеќе недоумици.


ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ:
Целта на семинарот е учесниците, низ теоретско предавање и практичен дел,  да се стекнат со способност да идентификуваат, проценат и да ограничат ризик во примената на различните менаџмент системи кои се имплементирани во нивната организација и тоа  преку примена на определен концепт на работа, методи и техники на менаџмент ризикот. После семинарот учесниците ќе се оспособени да ги идентификуваат главните опасности од различни аспекти, односно барањата на системот на менаџмент и да направат соодветна стратегија за управување со ризикот со која ризикот  ќе се избегнува, намалува и ќе се прифаќа во разумен обем.
Проценката на ризикот е важна алатка, но не и решение. Пронаоѓајќи го ризикот може успешно да го намалиме нивото на ризик дури и да го отстраниме. Во овој процес треба да се вклучат повеќе вработени кои се индиректно или директно инволвирани со систем менаџментите за квалитет, како и самото раководство на организацијата. Преку планирањето и заедничкото размислување од страна на тимот превентивно ќе се преземат одредени чекори за намалување на ризикот. Ризиците најпрвин треба да се идентификуваат, да се измерат и категоризираат, да се преземат одредени третмани/операции за превенција од истите.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ СЕМИНАРОТ
Менаџерите, претставниците на раководството од различни системи на менаџмент и вработените во организацијата одговорни за управување со различни видови на ризик, како и вработените кои се или ќе бидат вклучени во процесот на идентификација, проценка и следење на ризикот во организацијата, како и на сите оние кои сакаат да научат повеќе како да ја подобрат својата работа преку примена на техники за намалување на различните видови на ризик во прифатлива мерка.

ПРОГРАМА

Основни поими врзани за ризиците и за разбирање на потребите:

- Основни поими и дефиниции за анализа на ризикот и управување со ризикот;
- Значењето за организацијата со воспоставувањето на процесот на управување со ризиците;
- Фази на управување со ризиците;
- Цели на управување со ризиците.

Ризици на системот на менаџмент – CIA:
- ISO 9001:2015 – ризик кој е врзан за контекстот на организацијата;
- ISO 27001:2013 – ризици поврзани со безбедноста на информации.

Вештини за ефикасна проценка на ризик и начин на одбирање на соодветна      техника:
- ISO 31000 Менаџмент со ризик – принципи и упатства.
Моделирање и анализа на ризикот:
- Идентификација на закани, ранливости, опасности и можности за ризик;

- Методи за идентификација на ризикот.

Вежба 1 – Студија на случај: Идентификација на ризик;
Вежба 2 – Студија на случај: Примена на избраната метода за проценка на ризикот.

Предавач:
- Игор Ќика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за  менаџерски системи според ISO 9001, ISO 14001, OHSAS 18001, SA 8000, ISO/IEC 27001.
Како извршен директор на компанијата „TQM Konsalting" ДОО во Нови Сад од 2010 година раководи со тим на консултанти во имплементација на менаџерските системи во организациите во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
Воедно е акредитиран експерт од страна на RABQSA и PECB за проектирање на современи системи на безбедност на информации, континуитет во работењето, како и корпоративна безбедност (водечки оценувач за системите за безбедност – ISO 27001, ISO 22301, ISO 31000), консултант на Проектот „Изработка на анализа на влијанието на работењето и изработка на план за континуитет на работењето во Народната банка на Србија“, на Централна Банка на Босна и Херцеговина, Контрола на летање на Р.Србија и Црна Гора, Службен весник на Р.Србија и др.

Работен јазик: српски

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот. 

Рок за пријавување: 24.5.2017 година. 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права