23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

27.03.2017 - 27.03.2017


Форум Скопје,  Македонија

Бизнис-форум на тема: „Македонија – Мексико – Бизнис-можности и зајакнување на билатералната соработка“-27.03.2017, Стопанска комора на Македонија


Бизнис-форум  на тема:
Македонија - Мексико
Бизнис-можности и зајакнување на билатералната соработка

   27 март  2017година
  Стопанска Комора на Македонија


     Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка меѓу Република Македонија и Република Мексико, Стопанската комора на Македонија во соработка со Амбасадата на Република Мексико во Република Србија, COMCE - Mексикански деловен совет за надворешна трговија, инвестиции и технологии и ProMexico - Агенција за промоција на меѓународната трговија и инвестиции, организира Бизнис-форум на тема: „Македонија – Мексико – Бизнис-можности и зајакнување на билатералната соработка“.

     Целта на Бизнис-форумот е македонските компании и институции да се запознаат со можностите за соработка со Мексико во делот на меѓусебната соработка и инвестициите со цел продлабочување на трговската размена. Настанот ќе им овозможи на македонските стопанственици да ги зајакнат економските релации, но и да се воспостават нови, повисоки облици на институционална соработка помеѓу двете земји.

     На Бизнис-форумот претставниците од надлежните институции од Република Мексико ќе ја претстават својата земја, како и индустриите и секторите во коишто постојат можности и поволности  за инвестирање.

Секторите за коишто  постојат можности за соработка се:
• Металoпреработувачка / автомобилска индустрија: можности за инвестирање во синџирот на снабдување;
• Обновливи извори на енергија;
• Прехранбена индустрија;
• Креативни индустрии: аудио-визуелни содржини.             


Бизнис-форумот ќе се одржи  на 27 март  2017 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во Стопанската комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат.

     Македонските компании кои сакаат да учествуваат на овие деловни средби, своето учество можат да го пријават најдоцна до 24 март 2017 година (петок).

     Ве молиме, за Вашиот интерес да не` информирате преку пополнување на пријавниот лист даден во прилог.

Контакт: Сања  Николова, тел. + 389 2 3 244-091, e-адреса: sanja@mchamber.mk


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права