28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.07.2018


Актуелно  

ВРЕМЕ Е ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ТЕМЕЛИ НА НОВ ЗАКОНОДАВЕН СИСТЕМ


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Една латинска максима вели - Corruptissima re publica plurimae leges, или во слободен превод – колку е покорумпирана државата, толку повеќе закони има. За корумпираноста во државата и неефикасноста на јавната администрација веќе доволно се зборуваше (иако конкретни резултати сé уште чекаме да видиме на дело), но, за жал, никој не го покренува прашањето на преголемата регулираност која ја имаме во системот во моментов. А таа е голема – можеби и повеќе од што обичен стопанственик може да замисли.

Во моментов, во Македонија имаме во примена речиси 1.400 законски прописи – кои понатаму се доработувани со илјадници правилници, упатства, одлуки.... Да не зборуваме за тоа дека речиси и да нема закон кој не е менуван по неколку пати, а имаме и рекордери како Законот за градење или Законот за работните односи, кои се менувани по повеќе од дваесетина пати.

Замислете го сега ангажманот што треба една компанија да го вложи, за да го усогласи своето работење со сите овие прописи, кои, патем, неретко се во колизија и самите помеѓу себе. Ова е проблем и за големите компании кои имаат цели правни служби, а уште повеќе и за малите компании со десетина или помалку вработени.

Затоа, итно ни е потребна дерегулација. Ајде да го поедноставиме правниот систем, да го намалиме бројот на прописи, да ги тргнеме спротивставеностите за исто прашање во различни закони – процесот нема да биде ниту лесен, ниту брз, но ако сакаме бизнисот да преживее, ќе мора да се постават темелите на нов законодавен систем што побрзо. А процесот на скрининг за пристапните преговори со Европската унија што почнува оваа недела е добра прилика за ова!











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права