22.05.2017 (Форум)
8. САРАЕВО БИЗНИС ФОРУМ- 22-23.05.2017 САРАЕВО, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА

23.05.2017 (Семинар)
ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НАСПРОТИ ДЕТЕКТИРАНИТЕ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИОТ НАДЗОР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

07.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Бизнис-настани

30.05.2017 - 30.05.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар на тема:ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ


Еднодневен семинар на тема:

ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА НА ВРАБОТЕНИТЕ

30 мај 2017 година
10:00 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Имате чувство дека Вашиот тим работи многу, но се` уште не ги постигнува очекуваните резултати за Вас и за Вашата компанија? Времето во компанијата не се користи доволно ефикасно и има многу „слободно време"? Вие сами не постигнувате да сработите се` што е потребно и она што е важно за Вас?
Целта на семинарот е да се потенцираат клучните елементи на продуктивност и учесниците да добијат практични алатки со кои ќе ја подобрат личната и продуктивноста на тимот. Врз основа на Каизен пристапот (континуирано подобрување), обуката помага да се развијат лични и тимски способности и навики за зголемување на продуктивноста веднаш по завршувањето на семинарот.
Основни пристапи за семинарот се учење од практични примери, разработка на теоретски концепти, преку докажани техники и алатки, дискусии и учење врз основа на детални повратни информации.

Семинарот е наменет за: сите оние кои сакаат да научат како да ги подобрат своите комуникациски и организациски вештини, со цел зголемување на ефикасноста и продуктивноста на тимот. Обуката е наменета само за оние кои се подготвени да ги променат своите навики и на тимовите кои сакаат побрзо, подобро и поквалитетно да функционираат, во согласност со барањата, во добри односи со колегите, како и одговорноста за животната средина.

ПРОГРАМА
•Комуникација и тимска работа:
o Успешна интерна комуникација;
o Ефективна повратна информација;
o Фази на развој на тимот;
o Клучни алатки и елементи на тимската работа;
o Евалуација на ефикасноста како мотивационен инструмент за развој на продуктивноста;
•Продуктивност:
o Квалитето дефинирање на посакуваните резултати;
o Давање приоритет;
o Како да се дефинира најефективен план за акција?
o Како да се обезбеди спроведување на акциониот план?
o Како да се следат достигнувањата и резултатите и да се учи од лично искуство и од искуството на тимот?
•Стратегии за да се зголеми ефикасноста:
o Стратегија за управување;
o Менаџмент стратегија;
• Негативни фактори на продуктивноста:
oКако да се избориме со негативните фактори?

Предавач:
- Младен Јовановиќ,
тренер и консултант со 14 години работно искуство. Сертифициран WIFI-тренер (WIFI - Институт за промоција на економскиот развој на Австриската федерална комора), со меѓународно работно искуство во повеќе области: стратешко планирање, управување со проектен циклус, организациски и тимски развој, образование за возрасни, прибирање на финансиски средства и јавно застапување. Успешно завршил голем број програми за тренери и консултанти, вклучувајќи ги и следните програми: Strategic Frameworks во Kennedy School of Development при Универзитетот Харвард во САД, Партнери за демократски промени на Словачка, Меѓународна иницијатива за буџетот на САД, Проект на Владата на Франција во областа на ЕУ-проекти, Charity Know How UK во областа на управување со проектен циклус и модел на спирала во проектното работење. Досега, како консултант и тренер работел во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија, Романија, Унгарија, Франција и Италија.
Референци: Траг Фондација, LEONI Wiring Systems Southeast, Амбасадата на Франција во Србија, FALKE, OEBS Мисија во Србија, USAID, Институт за одржлив развој на САД, Либера - Италија, Philip Morris Int, Национална агенција за регионален развој на Република Србија и др.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 25 мај  2017 година.

Во прилог: 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Ивона Каранфиловска
Тел: ++ 389 2 3244084
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права