28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

14.03.2018 - 14.03.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ОДНЕСУВАЊЕTO НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ПРИ НАБАВКА И РЕИНЖЕНЕРИНГ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА НАБАВКИ И ЗАШТЕДИ


Еднодневен семинар:

ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ОДНЕСУВАЊЕTO НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ПРИ НАБАВКА И РЕИНЖЕНЕРИНГ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА НАБАВКИ И ЗАШТЕДИ

16.3.2018 година (петок)
9:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


 
          Клучот за успешна продажба на стоки за широка потрошувачка лежи во разбирањето на потрошувачите и ставот на продавачот кон потрошувачите. Потребите и желбите на потрошувачите прво мора да се оценат со цел да се понудат проиводите и услугите на најефикасен можен начин.

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:

   • Разбирање на однесувањето на потрошувачите и кој е најважниот начин на кој секоја компанија мора да помине со цел да се обезбеди одржлив и долгорочен успех;
   • Процесот на трговска размена – релација производство и потрошувачки маркетинг;
   • Што е малопродажба; 
   • Што е распоред на продажба и како тоа влијае на потрошувачот;
   • Кои се факторите на дизајнирање кои влијаат врз процесот на      потрошувачка/купување;
   • Како до вистинско внимание на потрошувачите;
   • Што е интерактивна и двонасочна комуникација;
   • Како продажбата е условена од стратегиското поставување на асортиман со одредена позиција;
   • Кои се основните принципи на малопродажба;
   • Кои се правилата на однесување и обврските на трговците;
   • Што е примарно и секундарно позиционирање;
   • Управување со пониско или средно ниво во продажбата и маркетингот;
   • Набавка и реинженеринг во однос на заштеди;
   • Разбирањето на потрошувачите и ставот на продавачот кон потрошувачите;
   • Потребите и желбите на потрошувачите во контекст на континуиран процес на работење.

Програма на семинарот:


Малопродажба и задоволување на барањата на потрошувачите:
- Активна потрошувачка на производот;
- Купувач наспроти потрошувач;
- Принцип на набљудување т.н. 360 ° кај потрошувачот;
- Потреби на потрошувачите;
- Што ги мотивира потрошувачите да одат во одредена позиција на   малопродажба;
- Упатства според категорија на производи;
- Анализа на набавка;
- Мотивација за повторување на процесот на купување;
- Разбирање на потребите и желбите на потрошувачите во сите фази на   купувањето;
- Анализа на начинот на купување на местото на продажба;
- Процес на т.н. создавање на лојални потрошувачи.

Однесување на потрошувачите, планирање на асортиман и соодветна класификација:
- Какво е однесувањето на потрошувачите и зошто треба да се грижиме за   тоа;
- Зошто однесувањето на потрошувачите е толку динамично и како   последните трендови влијаат на потрошувачите;
- Кој е системот на вредности и кои се реалните компоненти за   реализација;
- Каква е перцепцијата на потрошувачите;
- Кои се факторите што влијаат на тоа што ќе биде разбрано од страна   на купувачите;
- Кои се специфичните карактеристики кои се испитуваат во   истражувањето за однесувањето на потрошувачите;
- Кои се ставовите, каква е нивната функција и како потрошувачката   култура влијае врз однесувањето;
- Какво влијание имаат потрошувачите од различни групи;
- Како потрошувачите донесуваат одлуки;
- Што е несоодветно однесување на потрошувачите и потрошувачката   етика?

Набавка и реинженеринг на заштеди:
- Квалитет во процесот на  набавка;
- Управување со квалитетот во набавка;
- Реинженеринг на процесот на набавки и софтверска поддршка;
- Креирање задачи за реинженеринг на процесот на набавки;
- Контрола на ризиците во процесот на набавка;
- Воспоставување соработка со добавувачите врз основа на квалитет.


Целна група:
Директори / раководители на секторите малопродажба, големопродажба, набавка, раководители во продажба, набавка, вработени во компаниите задолжени за јавна набавка (тендерски процеси), како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат знаењата за малопродажба, директна продажба, набавка, финансиска корелација помеѓу набавка и продажба, планирање и сектор за развој.


Предавач:
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 23 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 13.3.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права