04.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

05.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ ОД ОБЛАСТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И УРБАНИЗМОТ

08.05.2017 (Саем)
„MACH-TECH and INDUSTRY DAYS 2017"- 8-10.05.2017, Будимпешта, Унгарија

09.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БУЏЕТИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ТРОШОЦИ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

09.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ИКТ пролет во Европа 2017" 9-10 мај 2017 година во Луксембург

11.05.2017 (Семинар)
ДЕТЕКТИРАНИ ПОВРЕДИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР НА ЕДНОДЕЦЕНИСКИТЕ ИЗМЕНИ НА ОДРЕДБИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

15.05.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ AgroB2B@NSFair " на 15 мај 2017, во Нови Сад, Србија

15.05.2017 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ: МАКЕДОНИЈА – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА,15 МАЈ 2017, СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

17.05.2017 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „THE FUTURE OF BUILDING“

17.05.2017 (Настан)
ПРАВА И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ И КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ

23.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ И РЕАЛНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

23.05.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

25.05.2017 (Тренинг обука)
Советување на тема: Антистрес тренинг за ефикасно управување со стрес на работното место (стрес менаџмент стратегии и техники)

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

20.04.2017


Актуелно  

Бизнис форум Македонија - Босна и Херцеговина - ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА МЕЃУ ДВЕТЕ ЗЕМЈИ


Во рамките на официјалната поста на претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, господинот Младен Иваниќ на Република Македонија, на 20 април 2017 година во Министерствотo за надворешни работи беше организиран Бизнис форум, со билатерални средби меѓу стопанственици од двете земји.

Бизнис форумот го отвори заменикот-министер за надворешни работи,  Илија Исајловски, кој што истакна дека Македонија и Босна и Херцеговина уште од минатото имаат одличен политички дијалог и дека во иднина треба да се вложат напори за подобрување и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

 

-Посетата на господинот Иваниќ на Република Македoнија и овој Бизнис форум се израз на подготвеноста на нашите државни институции да им помогнат на стопанствениците од двете земји. Тука сме за да отвараме нови перспективи, да создаваме нови правни рамки за поконкретна соработка, да одговориме на потребите на стопанските субјекти и да им овозможиме на нашите народи да продолжат да го негуваат традиционалното пријателство, - истакна претседателот на Република Македонија, д-р Иванов.

Статистичките податоци укажуваат дека Босна и Херцеговина е дури 20-ти трговски партнер на Македонија, а трговкста размена во 2016 година изнесувала вкупно 155,7 милиони САД долари, од коишто 82 милиона САД долари се во извозното салдо, а 73,7 милиони долари отпаѓаат на увозот. Според претседателот Иванов овие статистички податоци не соодветствуваат со високото ниво на политички, културни и општествени односи што постојат меѓу двете држави и додаде дека треба интензивно да се работи на зајакнување на билатералната соработка која треба да се темели на взаемната доверба и отвореноста на двата пазара за веќе препознатливи брендови и компании од двете земји.

Во насока на продлабочување на економската соработка, Иваниќ истакна дека постојат големи можности за компаниите од двете земји. – И двете држави имаат релативно стабилна валута, стабилна даночна политика, дел сме од современиот свет и тежнееме кон исти цели, односно да станеме дел од Европското семејство, - потенцираше Иваниќ.

Во насока на зајакнување на билатералните односи, Иваниќ додаде дека покрај интензивната работа на правната регулатива, Македонија и Босна и Херцеговина се стремат и кон преземање дополнителни активности коишто ќе ја олеснат економската соработка. Тој изрази надеж дека наскоро ќе успеат на граѓаните од двете земји да им овозможат патување од една во друга држава со лична карта, отворање на директна авионска линија меѓу Скопје и Сараево, и заеднички настап на трети пазари на македонските и босанските компании.

Во следниот период се очекува двете држави да потпишат договор за економска соработка, како и да се случат договори за соработка меѓу стопанските комори од двете земји.

По официјалното обраќање на двајцата претседатели, пред стопанствениците од двете бизнис заедници, од страна на Билјана Додевска, државен советник за меѓународна соработка при Министерството за економија на Република Македонија беа презентирани бизнис можностите за инвестирање во Македонија, додека пак можностите за инвестирање и соработка со Босна и Херцеговина беа презентирани од страна на господин Бруно Бојиќ, потпретседател на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина и Нина Побриќ, шеф на Одделот за промоција на инвестиции во Агенцијата за странски инвестиции на Босна и Херцеговина.

По официјалниот дел беа организирани и билатерални средби меѓу македонски и босански компании на коишто учествуваа повеќе од 30 стопанственици од двете бизнис заедници.

м-р Сања Николова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права