23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

28.11.2017 (Семинар)
ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ (АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ) И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИОТ ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ

30.11.2017 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ГРАДЕЊЕ И НАЈБИТНИТЕ НОРМАТИВНИ И ПРАКТИЧНИ ПРАШАЊА И ПРОБЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ГРАДБАТА - ПРЕДМЕТ НА ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ

30.11.2017 (Бизнис средби)
БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ МЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ КОИ ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ДА СТАНАТ НИВНИ ДОБАВУВАЧИ

04.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

05.12.2017 (Семинар)
ИТ-КАТАСТРОФИ (DRP) И ФОРЕНЗИЧКА ИСТРАГА

12.12.2017 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

14.12.2017 (Настан)
Симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Основни информации

Здружение на угостителството и туризмот


РАКОВОДСТВО НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА УГОСТИТЕЛСТВОТО

И ТУРИЗМОТ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА


На седницата на Здружение на угостителството и туризмот, одржана на ден 11.02.2015 година во Стопанската комора на Македонија, членовите на здружението присутни на состанокот избраа нов претседател и двајца заменик претседатели.

За претседател на здружението е избрана Соња Бибановска, член во Управниот одбор на Македонија турист АД Скопје и генерален директор на х. Holiday INN Скопје, а за заменик претседатели беа избрани, Горан Дамчевски, сопственик на Регент клуб Скопје и Славчо Сирачевски сопственикот на Аурора.

Претставници во Собранието на Стопанската комора на Македонија од Здружението за туризам и угостителство се:

 

  • Ивица Томовски, Елем Турс“ Скопје;
  • Марина Бадаровска-Мишевска, Фламинго“ Гевгелија;
  • Илија Ѓорѓиев, Ресторан “Стоби” - Градско.

 

ТУРИЗМОТ ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ НА ПРОИЗВОДСТВОТО

НА ХРАНА ВО ЦЕФТА - РЕГИОНОТ

 

Во изминатите неколку години, констатирано е дека трговската размена меѓу земјите-членки на ЦЕФТА-регионот е зголемена, но, суштинската врска помеѓу економиите во регионот, односно помеѓу компаниите не е формиран синџир на снабдување. За таа цел, во рамките на Партнерскиот проект со Унијата на трговско–индустриските комори на Германија и коморите од ЦЕФТА-земјите (ДИХК-ЦЕФТА), каде е вклучена и Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Црна Гора беше домаќин на Конференцијата на тема: „Туризмот во насока на развој на производството на храна во ЦЕФТА-регионот", што се одржа на 20 април 2017 година во Будва, Р. Црна Гора.  


 

РЕГИОНАЛНИ ТУРИСТИЧКИ ДЕСТИНАЦИИ ЗА РАСТ НА БРОЈОТ НА ТУРИСТИ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО РЕГИОНОТ


Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија учествуваше на Вториот регионален форум на тема „Унапредување на регионалната соработка во областа на туризмот“ што се одржа на Белградскиот саем, на 24.02.2017 година, во рамките на Саемот за туризам, во Белград, Р. Србија.

 

     

 

 

Општи информации:

 

Угостителската дејност е уредена со посебен Закон за угостителска дејноста со кој  се дефинираат условите и начинот на вршењето на самата дејност. Таа претставува давање на угостителски услуги за сместување и угостителски услуги за исхрана.
Под угостителски услуги се подразбираат: приготвување и послужување на храна, приготвување оброци заради консумирање на друго место, послужување на алкохолни и безалкохолни пијалаци, приготвување и послужување на топли и ладни напивки и вршење на услуги за сместување.
Угостителска дејност можат да вршат трговски друштва и трговци поединци запишани во трговскиот регистар. Физичките лица кои согласно со одредбите на овој закон вршат угостителска дејност од се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје кај градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје. Формата и содржината, како и начинот на водење на регистарот го пропишува министерот надлежен за работите од областа на угостителството (во конкретниот случај министерот за економија).


Закон за угостителска дејност


Условите и начинот за вршење на туристичката дејност, се уредени со закон за туристичка дејност. Оваа дејност можат да вршат трговски друштва и трговци поединци регистрирани во трговскиот регистар (вршители на туристичка дејност) под услови и начин утврдени со законот. Физичките лица кои согласно со одредбите законот вршат туристичка дејност се регистрираат во регистарот што го води градоначалникот на општината, а во градот Скопје во регистарот што го води градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје. Министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на туризмот ја пропишува формата и содржината како и начинот на водење на регистарот. Основачи на туристички агенции и туристички бироа можат да бидат домашни и странски правни лица. Трговското друштво и трговецот поединец во зависност од видот на услугата што ја дава може да биде туристичка агенција и туристичко биро.


Закон за туристичка дејност

 

 

 

 

           ПРАВНИТЕ СУБЈЕКТИ ОБРЕМЕНЕТИ СО ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРОШОЦИ
              СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА АВТОРСКОТО ПРАВО И СРОДНИТЕ ПРАВА


    Хотели, ресторани, сите видови угостителски објекти, супермаркети и серија други правни субјекти, но и физички лица за музиката што ја пуштаат во своите простории согласно Законот за авторското право и сродните права, имаат обврска да плаќаат надомест по два основа  кон Здружението за заштита на авторски и музички права - ЗАМП и кон Макдонската музичка индустрија ММИ.
   - Кон ЗАМП (организација за колективно управување на авторските музички права), обврските се плаќаат по основ на користење, односно јавно објавување на музички дела и
   -  кон ММИ (организација за колективно управување на сродните права на произведувачи на фонограми и уметници музички изведувачи), обврските се плаќаат по основ на користење фонограми и изведби.
  Како доаѓа до обврската хотелите, рестораните, сите видови угостителски објекти, супермаркети и серија други правни субјекти, но и физички лица, за музиката што ја пуштаат во своите простории, да плаќаат паричен надомест? Тоа е дополнителна парична обрвска која го обременува и така тешкото работење на деловните субјекти од повеќето дејности кои се опфатени со ова законско решение. 
Со Законот за авторското право и сродните права се уредуваат правото на авторите над своите авторски дела, правата на уметниците - изведувачи, на произведувачите на фонограми, на произведувачите на видеограми, на радио-телевизиските организации, на издавачите и на изготвувачите на бази на податоци над своите предмети на сродни прва, остварувањето и заштитата на авторското право и сродните права и важењето на законот. Во таа насока Законот овозможува формирање на организации, во случајот ЗАМП и ММИ кои во име на наведените категории уметници, а со цел остварување на нивното право, наплатуваат надомест од корисниците.
Износите што треба да се плаќаат по двата основа зависат од правилниците што поединечно и ЗАМП и ММИ ги изготвуваат во рамки на своите организации:
Правилникот со Тарифа за кристење на авторски музички дела во случајот на ЗАМП
- Правилникот за надоместоците за користење на фонограми и изведби во случајот на ММИ.
СОГЛАСНО ПРАВИЛНИЦИТЕ НАДОМЕСТОКОТ СЕ ОДНЕСУВА ЗА: 
I. Радиодифузно емитување и кабелско реемитување кое ги опфаќа:
- Јавното Радиодифузно Претпријатие - ЈП Македонска радиотелевизија;
- трговските радио дифузни друштва, на локално, регионално и државно ниво;
- непрофитни радиодифузни установи;
- сателитско емитување;
- емитување преку сателит по пат на средства за декодирање на сигнал и
- кабелско реемитување радио и телевизиски програми во кабелска мрежа.

II. За повремено или постојано јавно соопштување на фонограми и изведби во: 
- угостителски објекти (сите видови), кои дејноста ја обавуваат врз основа на лиценца, за исхрана и пијалаци, локали и објекти кои не служат алкохол, во кои понудата не се консумира на лице место и угостителски објекти за сместување - хотели;
- трговски и други работни простории во кои се вбројуваат трговски центри, супермаркети, стоковни куќи, продавници, постојан  изложбен трговски простор, деловна просторија, берберски или фризерски салон, козметички салон, салон за убавина, занаетчиски дуќани, здравствена установа, агенција, банка, бензинска пумпа, производствен погон или слично;
- превозни средства, кино-сали, театри, музеи, галерии, изложби, спортски простори, стадиони, забавни паркови и зоолошки градини, аква-паркови и ексклузивни забавни паркови, училишта за танцување, салони за игра, казина и обложувалници, аеробик и фитнес клубови, музички автомати, војнички установи, верски објекти, гробишта и крематориуми, јавни паркинзи и гаражи, телефонски услуги, интернет услуги и др.

III. Симул кастинг, односно веб-кастинг и ринг-тонови
IV. За концерти и други манифестации, забавни и други приредби
V. За изнајмување фонограми и видеограми

Макдонската музичка индустрија како организација овозможува склучување на поединечни договори со здруженија од посебна категорија корисници, согласно кој може да важат посебно договрени повластени услови. 
Во таа насока Здружението за угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија во јули 2014 година склучи Општ договор со ММИ согласно кој за членките на Здружението, важат посени повластени цени согласно Тарифникот. Со него е договорено, за периодот 2013 и 2014 година, да се намали надоместокот за повеќе од 70% согласно првично предвидените  износи во Правилникот. Хотелиерите за пуштање македонска музика да платат по два денара од секое реализирано ноќевање. Угостителите, пак, во зависност од големината на своите објекти, ќе плаќаат: локалите со површина до 50 метри квадратни ќе плаќаат вкупно 90 денари месечен надомест, оние со површина од 50 до 100 метри квадратни  по 144 денари, а најголемите, со површина над 100 метри квадратни – 270 денари. Овој надоместок важи само за членките на Здружението, а оние што не се членки на Комората ќе плаќаат надомест кој е и до три пати поголем, по 1 евро од бод. Како членки на Здружението на угостителството и туризмот, фирмите (ресторани, хотели, барови и сл.) се должни да достават податоци колку ноќевања реализирале или колкава е површината на локалите врз основа на што се утврдува цената согласно Тарифникот за користење фонограми и снимени изведби.
Компромисот е постигнат по две години меѓусебни преговори, односно откако угостителите - членки на Комората, алармираа дека согласно деталното согледување и направените пресметки за нивната обврска по Предлог-тарифата за користење фонограми и изведби, износите што треба да ги плаќаат се нереално високи и не се во согласност со општите економски показатели за земјата.
Со ЗАМП, Стопанската комора на Македонија нема постигнато посебен договор со кој би важеле повластени цени за членките на Комората, поради што корисниците плаќаат согласно Тарифникот.


 

Здружението на угостителството и туризмот и Македонската музичка индустрија (ММИ) потпишаа Општ договор - ОБЕЗБЕДЕНИ ПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА ВИСИНАТА НА ПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ФОНОГРАМИ И ИЗВЕДБИ


Здружението на угостителството и туризмот и Македонската музичка индустрија (ММИ) потпишаа Општ договор - ОБЕЗБЕДЕНИ ПОВОЛНИ УСЛОВИ ЗА ВИСИНАТА НА ПЛАЌАЊЕ НА НАДОМЕСТОКОТ ЗА ФОНОГРАМИ И ИЗВЕДБИ

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и Македонската музичка индустрија (ММИ) потпишаа Општ договор за обезбедување поволни услови за висината на плаќање на надоместокот за фонограми и изведби, за 2013 година и за 2014 година до стапување на сила на новиот Предлог -правилник. Општиот договор го потпишаа потпретседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија Соња Бибановска, директор во „Македонијатурист“ АД – Скопје, и Бодан Арсовски, претседател на ММИ.
На редовната прес-конференцијата во Стопанската комора на Македонија (7.7.2014 година) свое обраќање по основ на потпишувањето на Општиот договор имаа потпретседателот на Здружението, Соња Бибановска, која потенцираше дека овој општ договор е од исклучителна важност за хотелите и рестораните - членки на Здружението на угостителството и туризмот при Комората, бидејќи со него се обезбедуваат исклучително поволни услови и суми за плаќање на обврската за фонограми и изведби, наспроти првично предложениот правилник кој значеше големо оптоварување за хотелиерите и рестораните.
Бодан Арсовски, како претседател на ММИ, истакна дека по две години преговори со Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, постигнат е договор за плаќање повластена цена кон ММИ. Соработката со Здружението на угостителството и туризмот при Комората е дотолку позначајна, бидејќи на предлог на Здружението и интензивните преговори изминатите две години, ММИ во новиот правилник ги вгради сите забелешки на ова Здружение. Она што треба да се потенцира е фактот дека Општиот договор што денес се потпиша меѓу Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија и ММИ ќе важи исклучиво за фирмите-членки на Здружението, односно на Комората.
На денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија, новинарите беа информирани и за официјалните податоци од Државниот завод за статистика, според кои во првите 4 месеци од годината, вкупниот број на туристи во Македонија изнесувал 138.882 лица, што е за 3,5% поголем број на туристи споредено со истиот период лани. Од нив, 56.291 лице се домашни туристи, а 82.591 лице се странци, или 59,5% од вкупниот број евидентирани туристи за периодот јануари - април. Бројот на домашни туристи во периодот јануари - април годинава споредено со истиот период од 2013 година е за 8,4% поголем, а обемот на странски гости е речиси идентичен како и лани. Евидентиран е пораст од само 0,3%.

Број на туристи

Јануари - април 2013 година

Јануари - април 2014 година

Јануари - април 2014/ јануари - април 2013 година

Домашни туристи

51.915

56.291

108,4

Странски туристи

82.323

82.591

100,3

Вкупно

134.238

138.882

103,5

             Извор: Државен завод за статистика
 
Во првите четири месеци од годинава, во Македонија бројот на ноќевања е поголем за 2,2%, споредено со истиот период лани. Домашните туристи оствариле за 3,4% повеќе ноќевања споредено со периодот јануари - април 2013 година, а кај странците е евидентирано за 1,2% зголемување на ноќевањата во истиот период.

Број на ноќевања

Јануари-април 2013 година

Јануари – април 2014 година

Јануари – април 2014/ јануари – април 2013 година

Домашни

131.986

136.451

103,4

Странски

160.017

161.941

101,2

Вкупно

292.003

298.392

102.2

          Извор: Државен завод за статистика

Согласно статистичките податоци, од вкупниот број туристи евидентирани во Македонија од јануари до април годинава, 39.861 или 28,7% престојувале во Скопје. Од нив, доминантно, дури 84,8% биле странци. Во категоријата други туристички места (вклучително и познатите македонските туристички дестинации Охрид, Маврово и сл.) евидентирани се вкупно 33.268 туристи или скоро 24%, од кои 19.884 лица се странци. Бројот на странските туристи во Македонија изминативе осум години, зголемен е повеќе од двојно. Вкупниот број на туристи пак забележува раст од близу 40%.

      

2005

2013

2013 / 2005

Домашни

312.490

302.114

96,68

Странски

197.216

399.680

202,66

Вкупно

509.706

701.794

137.69

                              Извор: Државен завод за статистика

Согласно податоците од Народната банка на Република Македонија, девизниот прилив за 2013 година изнесува 136 милиони САД долари. Според податоците за инвестициски вложувања, минатата 2013 година во туризмот се вложиле 2,1 проценти од вкупните инвестиции во земјава. Проекциите за годинава се трендот на пораст да продолжи. Како резултат на субвенциите од државата од 2010 година наваму се вратија и туристите од соседните земји, па бројот на туристи од соседна Бугарија споредено со 2010 година е зголемен за 34,8 отсто, од Грција за 72 отсто, а од Турција дури за 239 отсто. Од европските земји има постојан пораст на бројот туристи од Холандија, Финска и Полска.Учеството на туризмот во БДП во 2012 и во 2013 година е 1,4%. Согласно државната Стратегија за развој на туризмот до 2020 година проекциите се приходите од туризмот да постигнат 5% од вкупниот БДП.  Ваквите податоци во голем дел се резултат на серија стимулативни мерки и субвенционирање на дејноста туризам од страна на Владата на РМ. Од 2010 година наваму, Владата почна со субвенционирање на туроператорите кои ќе донесат странски гости од веќе познатите европски и светски дестинации, како и од регионот кои и во минатото ја имале Македонија како атрактивна туристичка дестинација. За таа цел се субвенционираат туроператори што носат странски туристи од земјите од Бенелукс, Финска, Норвешка, Данска, Шведска, Русија, Украина, Обединетите Арапски Емирати и Јапонија, Кина и Индија. Од 2015 година се најавува субвенционирање и на туроператори кои ќе носат туристи и од Казахстан, Азербејџан, Катар, Германија, САД и Англија.
- Друга стимулативна мерка која ги мотивира туристите да дојдат во Македонија е и одлуката за субвенционирање на авионските летови на ниско буџетните компании, со кои Македонија со директни конекции се поврза со поголемите градови во Европа и светот, што подолго време претставуваше горчлив проблем за регрутирање туристи од големите градови низ светот, - истакна на денешната прес-конференција потпретседателот на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија Соња Бибановска.
Што се однесува до системските мерки преземени од страна на Владата, во насока на зголемување на бројот на странски туристи и поттикнување на туристичката дејност како важна стопанска гранка со значаен финансиски бенефит во македонската економија, од воведувањето на истите статистиката евидентира позитивни ефекти. За таа цел, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија ја поздравува одлуката за поттикнување и стимулирање на одредени сегменти од туристичката дејност, преку субвенционирање на туроператори кои носат странски гости, како и субвенционирање на ниско буџетните авиокомпании, како и серија други мерки кои се во насока на поттикнување на туризмот. Истовремено, Здружението посочува дека се` уште има простор за продлабочување и унапредување на јавно-приватниот дијалог во насока на изнаоѓање решенија кои ќе обезбедат уште поповолен туристички ефект и како крајна цел, резултатите да бидат уште подобри. За таа цел, како сегменти во кои има простор за подобрување на условите, Здружението ги посочува поттикнувањето и стимулирањето на хотелиерите и угостителите.
Поаѓајќи од горенаведените состојби во дејноста туризам и угостителство, како и дел од веќе преземени мерки од страна на Владата на Република Македонија, Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија укажува на потребата за продлабочување на јавно - приватниот дијалог во насока на дополнително подобрување на бизнис - климата во хотелиерството и во угостителската дејност:
- намалување на ДДВ од 18 % на 5% за храната во ресторанските услуги по примерот на намалување на ДДВ од 18 % на 5% за хотелите;
- враќање на стимулацијата, која се исплаќала во минатото, а со која согласно зголемувањето на девизниот прилив во вкупниот приход се намалува % на даночно зафаќање;
- информација за наменско користење на туристичката такса која се наплаќа на ниво на општина, а која 30% од вредноста треба да остане во општината каде се евидентирани туристите со цел промоција и поддршка на хотелиерите и угостителите во конкретна општина;
- нереално високиот процент на заработка на одделни туроператори од странските гости, во услови кога се бара минимални цени од хотелите за нивно сместување.
Хотелиерите и угостителите во рамките на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија се на став дека во иднина претставувањето на туристичката понуда на земјата преку моделот на саемски манифестации, треба да биде во насока на обезбедување странски гости и од други светски дестинации и во поголем обем. За таа цел, листата на саеми кои Владата преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот има намера да ги поддржи за следната 2015 година треба да биде добро осмислена, а предлог - саемите да се разговараат и дебатираат во присуство на туристичките работници, кои согласно искуството од секојдневната комуникација и работа во туристичката дејност, знаат што можат да им понудат на странските гости.
                                                                 
                                                                     Даниела Михајловска Василевска

 

Здружението на угостителството и туризмот домаќин на туроператори и новинари од Албанија - ПОЧЕТОК НА ИНТЕНЗИВНА СОРАБОТКА СО МАКЕДОНСКИОТ ТУРИСТИЧКИ СЕКТОР

Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, на 15.3.2013 година одржа бизнис-средба со најголемите туристички агенции и туроператори од Албанија. На состанокот претседателот на Здружението, Снежана Јовановска Трајковска имаше презентација на туристичките можности на Република Македонија, а присутните претставници на најзначајните туристички агенции и туроператори, ресторани и хотели од Македонија ги претставија своите понуди за туристите од Албанија.

На биснис-средбите беше нагласено дека Албанија, како соседна земја има едно од најзначајните влијанија во македонскиот туризам. Туристите од Албанија секогаш биле меѓу првите три земји со најголемо учество на туристи во Македонија. Во месец јануари оваа година, тоа учество изнесува над 12 % од вкупниот број странски туристи кај нас.

-Македонија со својата понуда за сечиј џеб и со сместувачки објекти за сите сезони и сите видови туризам е одлична туристичка дестинација, - изјави Снежана Јовановска, претседател на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија.

Туроператорите од Албанија пријатно беа изненадени од она што го видоа до сега разгледувајќи ја Македонија и истакнаа дека со задоволство ќе ја препорачаат Македонија во нивните туристички понуди.

Македонските и албанските менаџери од областа на туризмот очекуваат многу брзо да ги продолжат контактите, да отпочнат интензивна соработка и да склучат повеќе договори за соработка.

На Саемот за туризам во Белград договорени заеднички активностите во областа на туризмот во земјите од Југоисточна Европа - РЕГИОНОТ СЕ ПРЕТВОРА ВО ЗАЕДНИЧКИ БРЕНД

Во организација на Здружението на угостителството и туризмот и Enterprise Europe Network при Стопанската комора на Македонија, на 22 февруари 2013 година, се одржаа меѓународни бизнис-средби на компании од областа на туризмот во рамките на Меѓународниот саем за туризам во Белград. Целта на средбите е вмрежување и воспоставување бизнис-соработка меѓу компаниите од туристичката индустрија.

Десет македонски компании ја искористија можноста за воспоставување бесплатни контакти и бизнис-релации со тур-оператори, туристички агенции, организатори, хотели, ресторани, хостели, ски-ресорти, спа-центри и други туристички работници од регионот и од Европа. На бизнис-средбите тие обезбедија директни средби со потенцијални партнери, информации за новитетите и трендовите во туризмот, го промовираа бизнисот и ги споделија искуствата.

Меѓународните бизнис-средби беа билатерални разговори меѓу учесниците, претставници на компаниите, со обезбедени до 20 минути за взаемно презентирање на посакуваната соработка. Директориумот со бизнис-профилите на сите учесници беше достапен на сите заинтересирани страни.

Делегацијата на Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија, која ја предводеше претседателот Снежана Јовановска Трајковска, учествуваше на повеќе настани што се одржаа во рамките на Белградскиот саем за туризам:

 
  • учество на заедничкиот штанд на стопанските комори од Југоисточна Европа во текот на сите денови од саемската манифестација со проспектни материјали од Здружението и од нејзините членки и секојдневни едночасовни презентации за туризмот во Република Македонија и за членките на Здружението;
  • учество на Конференцијата за печат, заедно со сите стопански комори од Југоисточна Европа и -учество на Тркалезната маса на тема: „Југоисточниот регион - Европски чекор“.

Претставниците од стопанските комори од секторите за туризам ги договорија активностите на работната група, составена од претставници од стопанските комори од регионот, која ќе го дефинира новиот заеднички туристички производ од регионот. Сите земји ќе го понудат најдоброто од својот туристички потенцијал. Сето тоа ќе резултира со единствен нов туристички бренд од Југоисточна Европа, со понуда и привлекување туристи од трети земји.

Прес конференција - Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија не се согласува со новата „музичка“ давачка - СВИРЕЛО, НЕ СВИРЕЛО, ТАРИФИ СЕ МНОЖАТ (текст и видео)

Седница на Здружението на угостителството и туризмот - ПОГОЛЕМ РАЗВОЈ НА ТУРИСТИЧКАТА ДЕЈНОСТ МОЖЕ ДА СЕ РЕАЛИЗИРА АКО СЕ ИСПОЛНАТ НАЈАВЕНИТЕ ВЕТУВАЊА

Катарските туроператори во Стопанската комора на Македонија најавија интензивна соработка со домашнава туристичка индустрија

Презентација на туристичките дестинации пред туроператори и медиуми од Србија - ГОДИНАВА СЕ ОЧЕКУВА ЗГОЛЕМЕН БРОЈ СРПСКИ ТУРИСТИ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА УКРАИНА ПРЕД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ

Седница на Здружението на угостителството и туризмот - ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО И ТУРИЗМОТ ЗА 2011 ГОДИНА

Здружение на угостителството и туризмот

Ова Здружение ги интегрира: угостителите, хотелиерите, туристичките агенции, превозниците и авиопревозниците, научните установи од секторот на угостителство и туризам и сл.

 
  1. Здружението на угостителството и туризмот има за цел да ги застапува интересите на членките пред други институции и органи;
  2. Jавно го изразува ставот на сите компании-членки од секторот за угостителство и туризам;
  3. Здружението е партнер за преговори со Владата, соодветните министерства и другите владини тела, за прашања кои се од интерес на членките;
  4. Разгледува прашања во врска со унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста;
  5. Врши економска пропаганда промовирајќи ги своите активности и ставови;
  6. Организира саеми, изложби, стопански делегации што се од посебен интерес на членовите на Здружението;
  7. Ги усогласува пројавените спротивности и различни интереси во рамките на својата дејност, имајќи ги предвид и интересите на стопанството во целина;
  8. Разгледува предлози на закони и други прописи, дава мислења и предлози по прашања од заеднички интерес на членовите и покренува иницијативи за донесување и за измени и дополнувања на истите. Исто така, усвојува заклучоци и предлага мерки што се од заеднички интерес на членовите, а кои не се во спротивност со позитивните законски прописи и добрите деловни обичаи;
  9. Согласно потребите, а со цел градење на капацитетите и конкурентноста на овој сектор во делот на човечки ресурси, Здружението организира различни обуки со домашни и странски тренери.
  10. Ова Здружение работи на унапредување на бизнис-климата во земјата, ги поттикнува имплементацијата на европските правила и стандарди и перманентното функционално образование и иновација на знаењата на стручните кадри од дејноста;

Во Здружението на угостителството и туризмот при Комората членуваат околу 120 стопански субјекти, значајни репрезенти на оваа индустрија, од горе споменатите дејности.

 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска
Тел: (02) 3244021; Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: daniela@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права