23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

16.03.2018 (Семинар)
ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИ ЗА ШИРОКА ПОТРОШУВАЧКА, ОДНЕСУВАЊЕTO НА ПОТРОШУВАЧИТЕ, УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТОТ ПРИ НАБАВКА И РЕИНЖЕНЕРИНГ НА ПРОЦЕСИТЕ ЗА НАБАВКИ И ЗАШТЕДИ

21.03.2018 (Семинар)
ИНТЕГРИРАНА ПОСТАПКА ВО СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ДОКУМЕНТИ И ЗАПИСИ, ВО РАМКИТЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН МЕНАЏМЕНТ (ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ) И ДЕЛОВНО-АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ

26.03.2018 (Семинар)
Правилна примена на Законот за работни односи во делот на: судска пресуда како основ за продолжување со работа, дополнителна работа

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

28.03.2018 (Семинар)
Заштита на правото на сопственост, стекнување право на сопственост, стварни права на странски физички и правни лица и постапка за експропријација

30.03.2018 (Семинар)
РАЗВИВАЊЕ СТРАТЕГИЈА ЗА НАСТАП НА СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ

13.04.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

07.02.2018


Актуелно  

Кој да го билда извозот домашните или странските инвеститори?



Покрај одредени даночни ослободувања, домашните компании очекуваат стимулации за модернизација на капацитетите и иновирање на технологијата.

Како едно од позначајните прашања, каде што постои определен расчекор и возење на различни колосеци е и прашањето за надворешно-трговското работење и приоритетите на државата и бизнисот во овој дел. Приоритет на Владата во изминатиот период беше, пред се, привлекувањето на странските инвестиции, а на коморите освојување нови пазари. Без согласување на приоритетите меѓу јавниот и приватниот сектор, последиците за бизнисот ќе бидат големи.


Од моментот на изнесување на идејата за формирање на индустриски зони во земјава и за агресивно привлекување на странски директни инвестиции, што е директно поврзано и со создавањето на пријателска бизнис клима, домашната бизнис- заедница беше во одредена мера запоставена. Членките на Стопанската комора на Македонија, не само што ја поддржуваат секоја бизнис-иницијатива, туку и во рамки на секторските здруженија и совети имаат свои членки од слободните зони, што го потврдува фактот дека бизнис-заедницата нема ништо против интензивното привлекување на странски инвестиции, но домашните компании (овде вклучувајќи ги и странските инвеститори кои имаат регистрирани бизниси надвор од зоните) бараа изедначување на условите за водење бизнис на домашните и странските инвеститори во зоните, со цел да се избегне нерамноправниот третман на пазарот.


Секаде во светот постојат технолошко-индустриски развојни зони кои имаат определени поволности во работењето, но сепак не треба да се занемаруваат сите домашни и странски инвеститори кои имаат компании надвор од зоните. Покрај одредени даночни ослободувања, домашните компании очекуваат стимулации за модернизација на капацитетите и иновирање на технологијата, помош и даночни ослободувања за отворање на нови работни места и за обука и усовршување на вработените за создавање кадри кои што му недостасуваат на пазарот на трудот. Поагресивно треба да се стимулира воведувањето и примената на нова технологија и да се наградува ангажирањето на домашни иноватори и организирање на производство на база на домашни иновации.


Процедурите ја отежнуваат соработката со фирмите во зоните
Комората, согласно барањата на компаниите-членки, презема активности во насока на поголема бизнис соработка меѓу странските и домашните компании. Домашните компании често пати наведуваат и дека постојат определени ограничувачки фактори за воспоставување потесни бизнис-врски со странските инвеститори, и дека е потребно да се елиминираат бирократските процедури за добавувачите при влезот во слободните економски зони. Покрај тоа, како што често пати наведуваат компаниите (и домашните и странските), потребно е да се идентификуваат потребите на странските инвеститори за типот на производите и услугите што можат да ги набават од локалните компании. За да се постигне тоа, Комората презема активности во делот на практично реализирање на иницијативата за креирање на унифицирана и интегрирана он-лајн база на податоци на домашни компании кои претставуваат потенцијални добавувачи за странските инвеститори. Исто така, постојано се реализираат деловни средби според таргетирани индустриски сектори и активности за вмрежување помеѓу домашните и странските компании, со цел меѓусебно информирање за потенцијалите за нови полиња на соработка.


Домашните бизниси сакаат да станат дел од глобалниот пазар
Но, интересот на домашните компании не се состои само во вклучување во базата на добавувачи на странските инвеститори, туку е многу поширок.Тие сакаат своите бизниси да ги прошират во странство, да извезуваат на трети пазари, да бидат конкурентни и на пазарите низ светот. За таа цел, а како резултат на барањата на компаниите кои се извозно ориентирани, Комората изминатиот период преземаше низа активности на тој план, меѓу кои организација на Конференција и други пропратни активности за заеднички настап на македонските и турските компании во земјите од северна Африка со фокусот на Алжир, Мароко, Тунис и Египет, а неодамна се формираше и Клуб на извозници, се со цел унапредување на извозните потенцијали на македонските компании.
На крајот повторно се враќаме на одговорот на клучното прашање: Поддршка и промоција на извозот или привлекување странски инвестиции како приоритет за зголемување на надворешно трговската размена?
Нашето стопанство, како мала, отворена економија, за да одржи долгорочен раст, треба и понатаму да ја поддржува извозната ориентација на домашните компании, но секако дека не помалку значајна е и поддршката и привлекувањето на странските директни инвестиции. Факт е дека обемот на извозот е во директна зависност со обемот на производството, а бидејки потрошувачката и потребите на приватниот и јавниот сектор се поголеми од реалните можности на нашето мало стопанство, единствено решение е инвестициите да дојдат од странство.


Се бара ист третман на домашните и странските инвеститори
Очигледно е дека работењето на новите странски инвестиции во последните години влијаеше на диверзифицирање на нашиот извоз, како во поглед на производите и дестинациите, така и во поглед на зголемената технолошка интензивност. Но, со оглед дека во практиката имаме слаб прилив на директни странски инвестиции, би било добро политиките да се надоградат во насока на


- обезбедување на рамноправен третман на домашните со странските инвеститори. Тоа, пред се, се однесува на рамноправен третман на домашните компании со странските во делот на поддршка на извозни програми, за што треба да се изгради соодветна системска регулатива, како и субвенционирање и на домашните компании со државна помош во делот на вработување и стручно оспособување. Субвенционирањето на странските компании со субвенции по основ на државна помош вработување и стручно оспособување да се однесува само за нови вработувања преку Агенцијата за вработување на РМ, а не преку преземање на вработен квалификуван кадар од други компании.


- носење мерки на економската политика со кои ќе се стимулира партнерството помеѓу странските производствени компании што работат во Република Македонија, локалните мали и средни претпријатија и финансиските институции преку обезбедување помош за унапредување на квалитетот, количествата и сигурноста на производите преку технички и менаџерски вештини, деловно планирање и пристап до капитал. Зголемената технолошка и деловна софистицираност на локалните добавувачи, за возврат, ќе овозможи повратни врски со СДИ и ќе го стимулира извозот.


Бизнис заедницата очекува дека голем дел од дадените предлози на овој план во најблиска иднина ќе бидат и доследно реализирани преку Планот за економски раст на Владата, каде што и практично се содржани голем дел од предлозите, преточени во мерки, меѓу кои и поддршката за пораст на капитални инвестиции и приходи, односно поддршката за претпријатија кои реализираат почетни или дополнителни инвестициски вложувања, поддршката за настанатите инвестиции за набавка на нови машини и опрема или за инвестиции во објекти и земјиште неопходни за дејноста на корисникот, поддршката за воспоставување и унапредување на соработка со добавувачи од Р. Македонија, која се однесува на компании во ТИРЗ-овите и индустриските зони, на greenfield инвеститорите и закупувачите на хала кои ќе отпочнат нова дејност.
 
Пишува: м-р Елена Милевска Штрбевска

Пренесено: http://www.plusinfo.mk/vest/142311/koj-da-go-bilda-izvozot-domashnite-ili-stranskite-investitori











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права