26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

16.05.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair" 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

04.04.2018 - 04.04.2018


Форум Скопје,  Македонија

МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-04.04.2018


 

МАКЕДОНСКО-СЛОВЕНЕЧКИ БИЗНИС ФОРУМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ
4 април 2018 година
Стопанска комора на Македонија (сала 4, 5-ти кат)

 

Почитувани,

     Амбасадата на Република Словенија во Скопје заедно со Стопанската комора на Словенија и Министерството за надворешни работи на Република Словенија, во соработка со Стопанската комора на Македонија, организираат Македонско-словенечки бизнис форум и деловни средби, во насока на унапредување и интензивирање на меѓусебната економска соработка. Бизнис делегацијата е предводена од страна на претседателот на владата на Република Словенија, Н.Е. Миро Церар. Kако домаќин на настанот свое учество и обраќање ќе има претседателот на владата на Република Македонија, Н.Е. Зоран Заев.

     На настанот ќе присуствуваат еминентни словенечки компании со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни деловни средби. Компаниите се од различни области и тоа:
• прехранбена индустрија - трговија на големо и на мало;
• ИТ-сектор:
     o енергетика;
     o „cyber security“;
• дигитални системи во делот на телекомуникацијата, транспортот и енергетиката;
• фармацевтска индустрија;
• осигурување;
• електроиндустрија;
• едукација;
• инженерство и др.

     Македонско-словенечкиот бизнис форум и деловните средби ќе се одржат на 4 април 2018 година (среда), со почеток во 9:30 часот, во сала 4 на 5-ти кат во Стопанската комора на Македонија.

     Ве покануваме да земете учество на претстојниот Бизнис форум, на којшто ќе можете да воспоставите директни контакти, да размените искуства и да воспоставите натамошна бизнис-комуникација со компании од Словенија.

     Сите заинтересирани компании своето учество можат да го пријават, со пополнување на пријавниот лист во прилог, најдоцна до 2 април 2018 година, за да може да се организираат средби со соодветни партнери.

Лице за контакт:
- м-р Сања Николова,
- телефон:+ 389 32 44 091; е-адреса: sanja@mchamber.mk 

Во прилог:
-Агенда
-Пријавен лист
-Список на словенечки компании


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Сања Николова
Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: sanja@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права