29.05.2017 (Семинар)
ВИДОВИ ДОКАЗИ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА

30.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал

31.05.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: RBT-RISK BASED THINKING - УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИК ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ ВРЗ ОСНОВА НА АНАЛИЗИ/РАЗМИСЛУВАЊА ЗА МОЖНИ РИЗИЦИ

31.05.2017 (Семинар)
MUSIC & MANAGEMENT - Live Piano performance -

01.06.2017 (Семинар)
АНАЛИЗА НА СТРЕСОГЕНИТЕ ФАКТОРИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА И СИНДРОМОТ НА СОГОРУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ИНТЕРВЕНЦИИ

06.06.2017 (Саем)
7. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ЕНЕРГА 2017“ - 6 - 8.06.2017 Сараево, БиХ

06.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

14.06.2017 (Семинар)
Успешно подготвување електронски понуди, користење на ЕСЈН-алатки и модули

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

17.05.2017


Актуелно  

Презентирана „Анализата на развојниот производствен потенцијал и можности за извозна диверзификација на металната, машинската и електроиндустријата“


На заедничката седница на Здружението на металургијата и на Здружението на металната и електроиндустријата при Стопанската комора на Македонија, пред членките од металниот комплекс беа презентирани резултатите од обемното истражување за развојниот потенцијал и можностите за извозна диверзификација на металната, машинската и електроиндустријата.

„Анализа на развојниот производствен потенцијал и можности за извозна диверзификација на металната, машинската и електроиндустријата“, од авторите д-р Дарко Лазаров и д-р Митко Кочовски е изработена на иницијатива на Здружението на металургијата согласно определбата на Стопанската комора на Македонија за делување базирано на издржани научно-истражувачки анализи со нивна нагласена апликативност и настапување пред надлежните институции со барања поткрепени со научни студии и анализи.

Проектот, како што истакнаа авторите, претставува продолжување на претходната опсежна студија која имаше за цел да ја проучи улогата на металната индустрија  во производната структура на македонската економија преку квантифицирање на нејзиното учество во креирање на БДП на земјата, извозот, вработеноста и да се видат поврзаностите со останатите индустрии и сектори. Студијата којашто денес се презентираше ги анализира развојните можности на металната и металопреработувачката индустрија во насока на динамизирање на извозната дизверзификација на земјата со можност истражувањето да биде проширено на целата индустрија.

Претседателот на Здружението на металната и електроиндустријата Аце Антевски, од аспект на  индустриите на кои во најголем дел е фокусирано истражувањето истата ја оцени како добра анализа  врз чија основа би се граделе идните економски политики за менување на односот кон индустријата и нејзиниот развој, а во таа насока се добредојдени и изнесените предлози во дискусијата на присутните стопанственици.
 
Зорица Мешкова











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права