19.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Суспензија на вработениот до конечна одлука на работодавачот, прекувремена работа, право на дополнителна работа

20.02.2018 (Тренинг обука)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR)

22.02.2018 (Работилница)
Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје

23.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

26.02.2018 (Семинар)
ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

27.02.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ВНАТРЕШНИ КОНФЛИКТИ ВО КОМПАНИЈАТА (ВЕРТИКАЛНО И ХОРИЗОНТАЛНО) И ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ

27.02.2018 (Бизнис средби)
Меѓународните деловни средби за градежништво и градежни материјали „R + T 2018“

28.02.2018 (Семинар)
КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: КОНТРОЛИНГ ВО НАБАВКИТЕ

06.03.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

12.03.2018 (Семинар)
ОПТИМИЗАЦИЈА И УРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО ПО 5С МЕТОДОЛОГИЈАТА

13.03.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИ И ПОДАТОЦИ ВО CLOUD ОПКРУЖУВАЊЕ

27.03.2018 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

Бизнис-настани

28.02.2018 - 28.02.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР


Еднодневен семинар на тема:

КЛУЧНИ МЕНАЏМЕНТ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ   НА РАБОТНИОТ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

28.02.2018 година (среда)
9:30 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Менаџерите ги планираат своите барања за човечки ресурси, исто онака како што ги планираат останатите ресурси, тие се обидуваат да се осигураат дека имаат доволен број на лица на вистинско место, во вистинско време во насока на реализација на стратешкиот план на организацијата. Користејќи го тој план, наменет за реализација на нивните цели, а притоа имајќи ги предвид сите финансиски и други пречки, како и промени во средината, систематски ги анализираат барањата за човечки ресурси.
          Меѓутоа, реалноста е често различна бидејќи планирањето на човечки ресурси е водено од краткорочни императиви. Меѓутоа, заедно со финансиските аспекти, вработените се најважните ресурси на една организација, поради што сосема е разбирливо тоа што подлежат на еднакво ниво на планирање, онакво какво што се применува на паричните средства. Тука се разгледуваат релациите помеѓу планирањето на човечки ресурси со другите аспекти од управувањето со човечки ресурси и се разгледуваат препорачаните пристапи споредени со практичната реалност.

Целна група:
  Овој семинар е наменет за сите вработени во приватниот и во јавниот сектор, независно на функцијата и работното место на вработениот. На семинарот ќе се зборува за новата вредност која  се создава првенствено од нематеријалните извори, како што се човековите знаења, самите луѓе и мрежата на нивните врски и односи, нивните култури, интерното знаење, системот на прифатените вредности, конкурентските вредности кои се базираат врз знаењето вклучувајќи ја моќта на недофатените извори во форма на индикатори на вредностите и др. На семинарот ќе се зборува и за тоа кои вредности, вештини, искуства, компетенции и способности треба да ги има вработениот за да се постигне унапредување на работниот потенцијал во организацијата, постигнување на конкурентски предности и квалитетна корпоративна култура.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

• Кои се целите на управување со човечките ресурси?
• Кои се новите правци во управувањето со човечките ресурси?
• Кои вештини и алтки се потребни за развој на вработениот?
• Кои се најновите корпоративни иницијативи за развој на кариерата?
• Зошто човечките ресурси (вработените) треба да имаат примарно значење во организацијта?
• Кои се клучните менаџмент вештини и алатки за унапредување на менаџмент тимовите?
• Што е работен потенцијал?
• Кои се вредностите на човечките ресурси  во организацијата?
• Кои се основни елементи на работниот потенцијал?
• Корпоративна култура како елемент на работниот потенцијал;
• Како да постигнеме конкуретски предности?
• Кои елементи и вештини на работниот потенцијал влијаат врз квалитетот на корпоративната култура?
• Што е организациска култура?

Програма на семинарот:

1. Планирање на човечките ресурси:
   - Значење и цел на планирањето на човечките ресурси;
   - Целите на управувањето со човечките ресурси (МЧР);
   - Вреднување на вработените во согласност со покажаните резултати;
   - Менаџмент на човечките ресурси и управување со кадрите;
   - Значењето на човечките ресурси во современите организации.

2. Политика и пракса на управувањето со човечките ресурси - клучни    трендови на менаџментот со човечките ресурси:
   - Улога и развој на кариерата;
   - Улогата на вработениот;
   - Улогата на работодавецот;
   - Иновативни корпоративни иницијативи за развој на кариерата;
   - Правила за унапредување и префрлување;
   - Технологија и планирање на кариерата;
   - Заминување во пензија.

3. Клучени менаџмент вештини и алатки  за унапредување на менаџмент тимовите:
- знаење, вештини, искуство и компетенции;
- доверба (како да се изгради довербата).

4. Дефинирање на поимот знаење.

5. Процес на управување со знаењето:

   - Важноста на управувањето со знаењето;
   - Носители на знаењето;
   - Менаџмент на знаење.

6. Работен потенцијал - основно за поимот:
  - Вредноста на човечките ресурси во организацијата;
  - Основни елементи на работниот потенцијал;
  - Корпоративна култура како елемент на работниот потенцијал;
  - Работен потенцијал и постигнување на конкуретски предности;
  - Влијание на разните елементи и вештини на работниот потенцијал врз квалитетот на корпоративната култура.

7. Работниот потенцијал во организацијата:
  - Организациска култура.

Придобивките на организациите од јавниот и приватниот сектор кои ќе ги прифатат и употребат новите правци во управувањето и раководењето со човечките ресурси вклучува:
• нови начини на интеграција на луѓето и идеите;
• современото сфаќање на феноменот на промените;
• идентификување на квалитетот на луѓето како најважен работен потенцијал и ресурс на новата ера;
• овозможување на нови иновативни патишта на согледување на проблемот и нивно решавање;
• зголемена ефикасност, ефективност и економичност на работењето;
• поголема ангажираност на вработените;
• јакнење на капацитетот на вработените;
• јасна комуникација со стандарди насочени кон поттикнување ефикасност на сите вработени;
• изградба на заедничка визија и стратегија на функционирање на   организацијата;
• постигнување конкурентска предност;
• следење на новите трендови во светот;
• ефикасната комуникација, која овозможува умножување и делење на знаењето, соработката;
• успешно решавање на проблемите и надминување на конфликтите, како и   идентификување на стилот на лидерството внатре во организацијата која во голема мерка ја дизајнира организациската култура;
• донесување и спроведување на висококвалитетни одлуки во организацијата.

Предавач:
- д-р Татјана Џокиќ
, помошник раководител на сектор за нормативно правни работи во Министерството за транспорт и врски, доктор на науки со посебна специјализација во областа на стратегискиот менаџмент на човечки ресурси во државната администрација, автор на трудовите: „Нови правци во менаџментот на човечки ресурси“ и „Управување со знаењето во менаџментот на човечките ресурси“ – објавен во „Економија и Бизнис“. Во делокругот на своите квалификации, г-ѓа Џокиќ е и сертифициран координатор за управување со ризици ISO 9001:2008, Quality Management System –Requirements and ISO 19011:2011 Guidelines  for Auditing Management System – Internal Auditor.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.


Последен рок за пријавување: 26.02.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права