11.12.2017 (Семинар)
ЕФИКАСНО РЕШАВАЊЕ НА КОНФЛИКТНИ СИТУАЦИИ ВО ОДНОС НА ПОПЛАКИ/НЕЗАДОВОЛСТВО ОД КЛИЕНТИ И СООДВЕТНА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА

12.12.2017 (Семинар)
ВОВЕД ВО ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА - Типови на транспорт и документи, царински регулативи, улоги во инернационалната логистика, стратегии и пресметки, паритети, складишнина и дистрибуција -

12.12.2017 (Форум)
„ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ“-12.12.2017 КАВАДАРЦИ

13.12.2017 (Форум)
“ПРЕКУ ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА СТОПАНСТВОТО ДО ПОГОЛЕМ ЕКОНОМСКИ РАСТ”- 13.12.2017 СКОПЈЕ

14.12.2017 (Конференција)
XVIII Меѓународен симпозиум на тема: УЛОГАТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО И РЕВИЗИЈАТА ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

14.12.2017 (Семинар)
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРЕНИНГ ЗА НАПРЕДЕН EXCEL – POWER QUERY

18.12.2017 (Семинар)
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

19.12.2017 (Семинар)
НАЧИНОТ ЗА ВРШЕЊЕ ПОПИС НА СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ И УСОГЛАСУВАЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНАТА СО ФАКТИЧКАТА СОСТОЈБА УТВРДЕНА СО ПОПИСОТ

20.12.2017 (Семинар)
РАЗРАБОТКА НА ДОГОВОРИТЕ НА АВТОНОМНАТА ТРГОВСКА ПРАКСА СО ОСВРТ НА ПРОБЛЕМИТЕ КОИ СЕ ЈАВУВААТ ВО СИТЕ ФАЗИ ОД НИВНОТО ПОСТОЕЊЕ

21.12.2017 (Семинар)
Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работникот и од страна на работодавачот - дозволеност и забрана на отказ

25.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

23.11.2017


Актуелно  

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА „ПАКОМАК“ - Имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување и обврските на општините и на компаниите


Во организација на Регионалната комора со седиште во Кавадарци при Стопанската комора на Македонија, во соработка со компанијата ,,ПАКОМАК“ - Скопје, на 23.11.2017 година се одржа презентација на обврските кои ги имаат компаниите и општините при имплементација на Законот за управување со пакување и отпад од пакување. Компанијата „ПАКОМАК“ е основана 2010 година, чија дејност е управување со отпад од пакување и е прва компанија во Македонија што поседува дозвола за селекција и преработка на отпад од амбалажи. Од 20 мај 2011 година „Пакомак“ е 34-та национална непрофитна компанија што се приклучи кон меѓународната мрежа за управување со амбалажен отпад „ProEurope“ (http://pro-e.org/), со што ја доби лиценцата за употреба на симболот „Green Dot“. „Green Dot“ е финансиски симбол, кој означува дека за пакувањето што го има тој знак е платен надомест за постапување со отпадот по употребата.

Пред присутните компании, како и пред претставници од Општина Кавадарци, Ико Брдароски, менаџер за грижа за корисници и Игор Макалоски, оперативен менаџер на „Пакомак“,  истакнаа  дека производителите и увозниците на производи спакувани во амбалажа имаат законска обврска да организираат систем за собирање, селекција и рециклирање на сопствениот амбалажен отпад, кој завршува кај крајните корисници. Со ваквиот принцип на „продолжена одговорност на производителот“, сите субјекти во синџирот до крајниот корисник (производителите, пакувачите, увозниците, дистрибутерите) треба да овозможат повторна употреба или искористување на амбалажниот материјал што го пласираат на пазарот.

Ико Брдароски истакна дека до крај на 2017 година ќе се соберат 21 илјада тони отпад од пакување , а од година во година растат бројките на собран отпад.

Соработката со комуналните претпријатија е исто така од големо значење за  непречено одвивање на селекцијата и преработката на отпадот од амбалажа.

На крајот на дискусијата се заклучи дека се потребни т.н. модуси за евидентирање на отпад (за помалите загадувачи), поголема покриеност на микро локациите, како и право на тргување, со цел да им се олесни работата на компаниите.

 Тања Мицева











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права