02.04.2015 (Семинар)
„Закон за прекршоци во делот на правните институти потребни за изрекување на опомена, полесни прекршочни санкции , времено одлагање од извршување на глоба, сукцесивно извршување на глоба, правила за одмерување на санкција и Закон за работни однос

03.04.2015 (Семинар)
„Благајничко работење, НАЈНОВИ измени на Законот за пресметка на хонорари и надоместоци на физички лица по договори и платен промет со странство“

07.04.2015 (Бизнис средби)
Бизнис средби во Тирана, Р. Албанија

07.04.2015 (Семинар)
„ ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ УСПЕШНА НАБАВКА ВО ВАШАТА КОМПАНИЈА“

08.04.2015 (Семинар)
„ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ, МЕЃУНАРОДНИОТ СМЕТКОВОДСТВЕН СТАНДАРД 11 И ДОГОВОРИ ЗА ИЗГРАДБА”

09.04.2015 (Саем)
МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА И ТЕХНОЛОГИИ

15.04.2015 (Саем)
„117th China Import and Export Fair - Canton Fair 2015“

16.04.2015 (Конференција)
XXII Меѓународна научно-техничка конференција "Леарство 2015, 16 и 17 април 2015 година во Плевен, Р.Бугарија

22.04.2015 (Саем)
„Renexpo® Western Balkans“-Mеѓународен саем и конференција

23.04.2015 (Семинар)
Советување на тема:„Стратешки однос на компаниите и банките“

27.04.2015 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби и софтвер денови во Виена – Иднината на дигиталниот бизнис

06.06.2015 (Настан)
MЕЃУНАРОДНА ИЗЛОЖБА ВО ТЕХЕРАН

Бизнис-настани

22.03.2013 - 22.03.2013


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Обука за стручно оспособување на меѓународни возачи


Обука за стручно оспособување на меѓународни возачи

22 март 2013 година
12:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај, сите возачи што вршат превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај, задолжително мора да поседуваат Сертификат што го издава Министерството за транспорт и врски, чија важност изнесува 5 години и која треба да се продолжи по изминувањето на овој рок.
Сертификатот за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај се издава врз основа на уверение за положен испит, а по претходно спроведена стручна обука за таа цел. За продолжување на еднаш издадениот сертификат за меѓународни возачи  треба повторно да се полага испит, со приложување на Потврда за посетена стручна обука.
Стопанската комора на Македонија согласно Законот за превоз во патниот сообраќај е овластена да врши стручно оспообување на меѓународни возачи. За таа цел, Ве покануваме да се пријавите на обуката која ќе започне на  22 март 2013 година во Стопанска комора на Македонија во сала 1 на 5-ти кат.

Целна група

Стручното оспособување е наменето за сите возачи што вршат превоз на патници или стоки во меѓународниот патен сообраќај, без разлика на основната дејност на компанијата во која што се вработени (автобуски превозници, товарни превозници, увозно-извозни компании, логистички оператори, царински посредници, трговски компании, производни фирми, туристички агенции, заинтересирани приватни лица и др.)
Законска обврска за стручна обука имаат сите возачи вработени во правни лица што се вклучени во меѓународниот патен сообраќај, како и заинтересираните приватни лица-возачи кои по службена основа ќе бидат вклучени во  меѓународниот патен сообраќај и тоа:
 Возачи коишто до сега немаат полагано испит за добивање на Сертификат за меѓународни возачи,
 како и возачи коишто веќе имаат добиено Сертификат на којшто му изминува рокот на важноста од 5 години и чија важност треба да се продолжи за наредниот период.

Содржина на стручното оспособување

Стручното оспособување  на кандидатите - возачи и управители се врши согласно со темите утврдени во “Програмата за полагање на испитот за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот патен сообраќај“(„Службен весник на РМ“ бр. 39/07, 4/08, 20/09, 149/09, 38/12, 88/12 и 90/12), со кои се опфатени следните тематски области:

 Безбедност на сообраќајот на патиштата
 Меѓународен превоз на патници
 Меѓународен превоз на стоки


Предавачи:Експерти од соодветната област.

Сите учесници на обуката ќе добијат:
 работен материјал
 потврда за посетена обука.

Заинтересираните за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до 20 март 2013 година на наведените контакти.

Во прилог: Пријавен лист;


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Митко Митевски
Тел: ++ 389 2 3244015
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mite@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk


Брилијантен покровител

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции
© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права