17.01.2018 (Семинар)
КВАЛИТАТИВНО УЧЕСТВО НА ДЕЛОВНИТЕ АСИСТЕНТИ ВО СОГЛАСНОСТ СО ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКИ МАТЕРИЈАЛ, КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И ВОДЕЊЕ СОПСТВЕНА ЕВИДЕНЦИЈА ВО РАМКИТЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ

23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.09.2017


Актуелно  

ПРЕЗЕНТИРАНА НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКАТА СТУДИЈА ЗА „МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ“, ИЗГОТВЕНА ОД ВИЕНСКИОТ ИНСТИТУТ ЗА МЕЃУНАРОДНИ ЕКОНОМСКИ ОДНОСИ


Научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, којашто на барање на Стопанската комора на Македонија е изработена од страна на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, беше презентирана пред повеќе од 250 претставници од компании членки на Стопанската комора на Македонија, претставници од Владата на РМ и од други државни институции, како и од дипломатскиот кор.

 

Студијата, покрај обработката на извозот како главен сегмент во анализите, вклучува поширок преглед на потенцијалите и можностите на македонската економија со цел да се утврди вистинското место на приватниот сектор во македонското стопанство, врз која основа e потребно да се креира модел што ќе ги поттикне економскиот раст и развој, истакна д-р Јелисавета Георгиева- Јовевска, Извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

Аналитичко-научниот пристап на изготвената студија, која се карактеризира со констатации не само за состојбите во македонската економија во тој период, туку и на економските прилики во поширокиот регион, вклучувајќи ја и економијата на земјите од ЕУ и ЦЕФТА, со чии состојби е компарирано и е направена паралела со состојбите во македонската економија, констатираше д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска.

Студијата изобилува со доста податоци, приказ на состојбите и движењата во повеќе сегменти како што се увозот, извозот, производството, понудата и побарувачката на пазарот на производи и услуги, влијанието на констатираните состојби врз вработеноста и миграциските движења на работната сила, иновативноста како фактор на стопанскиот раст, состојби во макро-економската и монетарно-финансиската сфера, значењето и влијанието на странските инвестиции врз извозот и неговото учество во БДП, важноста на регионалната интеграција и интернационализацијата на односите за натамошен економски раст, потенцијалите на МСП, што на изготвувачот му служи како основа да даде и свои констатации и предвидувања за идниот економски раст на македонската економија, посочи извршниот директор на Комората.

Изготвувачот на научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“, д-р Владимир Глигоров, експерт од Виенски институт за меѓународни економски студии, ги презентираше економски параметри изразени преку потенцијалната стапка на раст, растот на извозот и на увозот, инвестициите, трговскиот дефицит и дефицитот на тековната сметка, а ги посочи и препораките под кои услови тоа би се реализирало.


(Видео запис)

Во студијата е констатирано дека Македонија има траен проблем со ниска вработеност и висока невработеност, затвореноста на домашната економија што се анализра преку малиот извоз во споредба со вкупното производство во земјата, нестабилноста на земјата изразена преку големата разлика меѓу активните и пасивните каматни стапки. Во делот на стопанската политика, во услови на фиксен курс на денарот, има можност за зголемување на конкурентноста на домашната економија.

Во услови на ригидна макроекономска политика развојот на земјата зависи од извозот и од надворешната трговија, констатира д-р Глигоров. Во целата оваа активност клучна улога има понудата на македонски производи за европските пзари. Колку поголема понуда толку поголерми шанси за зголемен извоз и намалување на трговскиот дефицит на земјата. Сегашната структура на македонската економија покажува доминација на преработувачката индустрија, но потребно е реиндустријализација на економијата, бидејки, преработувачкиот сектор се сели кон големите држави, а фокусот треба да биде на развој на услугите. Пречки постојат и во даночниот систем и недоволниот пристап до финансиски средства.

Како заокружување на анализата на студијата, д-р Владимир Глигоров порачува дека постојат два основни проблеми.
- Компаниите се ориентираат кон производство за домашен пазар, што значи дека речиси целокупното производство се троши во земјата, а средства за инвестиции се чекаат од странски инвеститори. 
- Нема доволно развиеност на иновативност во претпријатијата.

За да има развој потребено е најмалку 20 до 25 проценти од Бруто домашниот производ да се инвестира во нови производи, иновативност, конкуретност. Глигоров потенцира дека извозот е генератор на растот и на вработувањето. Со 4 отсто стопански раст, под претпоставка стопанскиот раст на ЕУ да биде 2 отсто, по 30 години македонскиот БДП по глава на жител би требало да биде околу 90 отсто, што значи дека идната генерација на граѓани би можеле да живеат со европски стандард.

Препораките кои се дадени и во студијата упатуваат во стопанската политика да се одржи фиксен курс со антициклична фискална политика и конкурентен реален курс со постојани надворешни биланси.

Основните цели и мерки за да се реализираат препораките се: поттикнување на иновативноста; зголемување на интернационализацијата; активна политика на вработување; реформа на даночниот систем; научно и технолошко поврзување; активно учество во Берлинскиот процес и јакнење на јавното и приватно партнерство.


(Видео запис)

Премиерот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, констатираше дека препораките во студијата се значителен придонес во креирањето на економскиот раст на земјата. Најави дека е подготвен и план за економски развој чија цел е создавање успешна економска приказна со што земјата побрзо ќе се приклучи на патот кон интеграција на Европската унија, како и со регионот.  Клучни во кеирањето на економската политика на Владата како што исткана премиерот Заев ќе бидат, инвестициите, извозот, малите и средни претпријатија, подигнување на конкурентноста на приватниот сектор.   


(Видео запис)

Македонија е мала држава и мала економија. За да има успешен економски развој потребна e извозна ориентација, посочи д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања. Македонскиот извоз учествува со 50% во Бруто домашниот производ. Ако не се зголеми тој процент на 60 па дури и до 70 %, земјата неможе да очекува сериозен раст. Анѓушев посочи дека мерките кои се носеле изминатите повеќе од 20 години не ги дале очекуваните резултати, но искуството од нив треба да биде база за мерките кои ќе се носат во иднина. Во таа насока беше најавено дека економскиот раст оваа Влада ќе го фокусира на три столба. Прво ќе се обезбеди државна подршка за компаниите кои ќе испорачаат раст и прогрес во Македонија. Второ ќе се подржи извозот и третот ќе се креира значителна државна помош на малите и средни компании, поенцираше заменикот на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања.

Елизабет Хаген, Извршен директор на Виенски институт за меѓународни економски студии, го престави организациски Институтот, посочувајќи дека тој е рангиран 5-тото место од 25 светски меѓународни истражувачки институти.

Даниела Михајловска Василевска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права